Не се сеќавам да ми одговорил некој, можеби сум го прескокнал тоа мислење.
Не се разбирам многу во медицина, ама колку што имам познавања, хипохондрик е човек кој има неоснован, константен страв од тешка болест.
Како што гледам, бројките и реалната состојба велат дека луѓето немаат НЕОСНОВАН страв, а тука ниту еден не не' убеди дека ситуацијата не е алармантна. Да бев модератор во подфорумов, дебели опомени ќе изедеа сите паметњаковичи што се потсмеваат константно, без да кажат ништо паметно. Видовме дека главниот момент во кој доаѓаме до конфликт е бројот на починати и хоспитализирани. Истиот е невообичаено голем, споредбено со било кој месец и било која година во Македонија (особено бројот на хоспитализирани), па затоа прашувам од која бројка можеме да го запалиме алармот според вас? Можеби 100 мртви на ден или 1000 мртви, за некој да прекине да отекува муда со ХИПОХОНДРИЈА и ХИПОХОНДРИЦИ.
Темава треба да се служи за споделување информации и искуства и веќе неколку пати предложив, за сите што верувате во теории на заговор, да се отвори соодветна тема за дебатирање. Тука би требало да ги дискутираме мерките, да ја разгледуваме РЕАЛНАТА ситуација на терен, позитивни случаи да споделат свои искуства, да споделат како поминало нивното лекување, какви витамини пиеле, дали им препишале антибиотици, како се одвивала комуникацијата со матичниот доктор, како се одвиваат тестирањата, кои се цените и слично.
Би ја повикал @santelli повторно да размисли за овој предлог или пак дискусииве за информациите да ги префрлиме во темата во здравје, а оваа да остане за да се етикетираме кој е хипохондрик, да споделуваме статии кои никој паметен не би ни губел време да ги отвори, да веруваме во 5Г и слично.
Јас не сум тој кој може и треба да даде решение. Решение очигледно нема, тоа ја прави ситуацијата алармантна во државава, како и во целиот свет. Уште еден факт дека стравот не е неоправдан.
Сметам дека мерките кои ги имавме на почетокот беа добри, доколку навистина се почитуваа.
Државата треба да ги заостри мерките и истите да се применуваат секаде. Да одлучував јас, прво што ќе одеше под клуч ќе беа местата каде што има забави. Сите места каде е возможно големо групирање на луѓе. Лимит на ресторани и кафулиња до 22 часот со строго почитување на растојание и без музика. Би пратил полиција во секое маалско паркче. Џабе не работат некои места кога младите се групираат во населбите по милион души. Или сите да носат маска или полиција да ги разбркува постојано и казните да бидат драконски. Би вовел почести автобуски линии, во автобус да се влегува исклучително со маска и ако е пополнет капацитетот за седење, да не се примаат нови луѓе. Сите што можат да работат од дома онлајн, да го направат тоа. Децата не би оделе на училиште и градинките не би работеле, луѓе во војна како се снаоѓаат, ќе се снајдат и во оваа вонредна ситуација. Локдауни во екстремни случаи, кои реално се на повидок според исполнетоста на капацитетите. Економијата во втор план, секако не сме способни самите да се одржиме, а сите економии ќе страдаат.
Да одлучував јас, одамна ќе беше направен план за пренамена на некои одделенија, ротација на лекари, затоа што освен одредена група, другите кур дрват, никаква работа немаат. Ама, државбата има други приоритети. Ќе зголемев капацитет на тестирања, ќе примев од други држави стручни лица, ако веќе имаме недостаток на тоа поле.
Одма со ова си даваш аутогол и се што си напишал у афект е исто ко пијан шо дига галама у кафана. Ништо друго. Просекот на починати во Македонија е околу 60 на ден. Ќе биде ист без разлика дали ќе кажат 2 или 12 починати од корона. Повеќе од 60 не можат и да сакат и сите умрени да ги пишат дека се од корона.Не се разбирам многу во медицина
Многу некако наеднаш почнавме да се секираме за смртта, што кај нас што ширум светот. Секој ден умираат луѓе, и ќе умираат во иднина, сите ќе умрете што би рекла Сека Саблиќ у Викенд на мртовци.Еден загубен живот е трагедија, ами 12?
.... exactly my point. Паниката се креира повеќе од т.н. псеудоексперти, кои за секое едно излагање на темава, како папагали еден те ист збор го повторуваат " хипохондрија ".
Ниту една мерка нема да биде ефикасна доколку не преработи свеста кај поединецот. Мислам дека до некаде поентата на сите ни е приближно тука, ама прашањето ми е, зошто тогаш луѓето и покрај сè, уште не носат маски? И не, не зборувам за сам човек што шета на отворен простор, зборувам за луѓе по автобуси, супермаркети, келнерите во кафаните, зошто?
И во Франција и во Германија, затоа се воведуваат рестриктивни мерки, карантини, затварање на угостителски објекти, образовни институции и др.
Не е апокалипса, ама ако вака продолжиме негаторски да ја гледаме реалноста, на пат сме до апокалипса.
А и реално, читајќи ја темава, не сум налетала на апокалиптични постови до сега....има такви што ја прифаќаат реалноста, претпазливи се и ги почитуваат мерките и такви на кои им смета првата група, па ги нарекуваат со разноразни имиња.
Затоа па ти како заболекар колку се разбираш во медицина не отече овде со здруженија формирани од Петко и (Трајко кој исто така е заболекар)Одма со ова си даваш аутогол и се што си напишал у афект е исто ко пијан шо дига галама у кафана. Ништо друго. Просекот на починати во Македонија е околу 60 на ден. Ќе биде ист без разлика дали ќе кажат 2 или 12 починати од корона. Повеќе од 60 не можат и да сакат и сите умрени да ги пишат дека се од корона.
Карантин или не песната ќе биде иста, зависи од бројот на тестирани. Многу просто.
Премногу си галантен за мој вкус, нема ефект со убаво, али ај нека има и такви ко ти, додека не ти пукне филмот ко на нив што им пука почесто....Многу некако наеднаш почнавме да се секираме за смртта, што кај нас што ширум светот. Секој ден умираат луѓе, и ќе умираат во иднина, сите ќе умрете што би рекла Сека Саблиќ у Викенд на мртовци.
Претеруваш малце со маскиве, од кај знаеш дека луѓето не носат, како тоа си носиш заклучоци дека не носат. Или од бројката на заразени, тоа е тоа, се разболуваат зошто не носат маски. Па и поготово што се зафати за овие што ги наброја, јас до сега немам сретнато вработен во маркет или во кафич/кафана да не носи маска. Во автобус не се возам ама не верувам дека некој не носи маска таму внатре.
Па темава баш врие од апокалиптични постови, секој ден све едно исто, еј воовововво денеска 300 заболени 3ца мртв готови сме зашто не носите маски сите ќе умреме. Генерализираат и едните и другите, тие што се претпазливи се наречени хипохондрици а другиве не знам, бунтовници, глупаци, ширачи на заразата пошто одбиваат да носат маски.
А реалноста е малце друга, и тие вторите во голем дел се придржуваат до мерките, носат маски и држат дистанца ама и не се трескаат од земја и не се плашат дека ќе умрат од вирус за којшто ти требаат 2 теста да откриеш дали го имаш.
Нема проблем, сите што мислат трезвено и со ладна глава да се банираат од темава за ти да можеш да шириш хистерија и паника, и сите хипохондрици да можат овде да ги споделуваат личните искуства до најситни детали.Не се сеќавам да ми одговорил некој, можеби сум го прескокнал тоа мислење.
Не се разбирам многу во медицина, ама колку што имам познавања, хипохондрик е човек кој има неоснован, константен страв од тешка болест.
Како што гледам, бројките и реалната состојба велат дека луѓето немаат НЕОСНОВАН страв, а тука ниту еден не не' убеди дека ситуацијата не е алармантна. Да бев модератор во подфорумов, дебели опомени ќе изедеа сите паметњаковичи што се потсмеваат константно, без да кажат ништо паметно. Видовме дека главниот момент во кој доаѓаме до конфликт е бројот на починати и хоспитализирани. Истиот е невообичаено голем, споредбено со било кој месец и било која година во Македонија (особено бројот на хоспитализирани), па затоа прашувам од која бројка можеме да го запалиме алармот според вас? Можеби 100 мртви на ден или 1000 мртви, за некој да прекине да отекува муда со ХИПОХОНДРИЈА и ХИПОХОНДРИЦИ.
Темава треба да се служи за споделување информации и искуства и веќе неколку пати предложив, за сите што верувате во теории на заговор, да се отвори соодветна тема за дебатирање. Тука би требало да ги дискутираме мерките, да ја разгледуваме РЕАЛНАТА ситуација на терен, позитивни случаи да споделат свои искуства, да споделат како поминало нивното лекување, какви витамини пиеле, дали им препишале антибиотици, како се одвивала комуникацијата со матичниот доктор, како се одвиваат тестирањата, кои се цените и слично.
Би ја повикал @santelli повторно да размисли за овој предлог или пак дискусииве за информациите да ги префрлиме во темата во здравје, а оваа да остане за да се етикетираме кој е хипохондрик, да споделуваме статии кои никој паметен не би ни губел време да ги отвори, да веруваме во 5Г и слично.
Нема да се повторувам 1000 пати на темава, сум пишувал за ова. Не одам на места каде што нема дистанца, нема да закачиш корона ако седнеш на пиво во маалски кафич или седнеш да јадеш во некој ресторан на отворено. Надвор од овие излети, скоро секаде почитувам мерки, носам маски во затворена, носам маска на работа, не се возам со јавен транспорт, не седам во големи групи итн.@Saber Rider , аман бе човек, од тоа да се шеташ по кафани, да се дружиш секаде, сите познаници да ти се позитивни, а можда и ти, да ги нарекуваш уште од почеток на пандемијава сите кои малце страв имале и не излегувале од дома дудуци што и онака немале кај да шетаат и со кого, сега се докажуваш на темава дека не е зезанција и дека требало да се поштоваат правила? Дај не заебавај, молимте.
БујрумНе се сеќавам да ми одговорил некој, можеби сум го прескокнал тоа мислење.
Па гледам со свои очи дечко.Претеруваш малце со маскиве, од кај знаеш дека луѓето не носат, како тоа си носиш заклучоци дека не носат.
Не се плашат додека не им дојде дома.А реалноста е малце друга, и тие вторите во голем дел се придржуваат до мерките, носат маски и држат дистанца ама и не се трескаат од земја и не се плашат дека ќе умрат од вирус за којшто ти требаат 2 теста да откриеш дали го имаш.
Сите места во кои има забави беа 5 кафичи во цела Македонија. Ќе ти ги набројам одма, Аватар, Мош, Интермецо, Три и едно кафуле во Бисер. Која е поентата дискотеките да не работат, а овие да ги заменат? Си има кафани со пристојна забава, музиката си стои на голема оддалеченост, си ги анимира гостите. Овие имаа концерти со пејачи од цел Балкан, никакви протоколи не важеа.Не сум ни јас, не е никој на темава. Тие што треба да нудат решение, го немаат. И тука не зборам само кај нас, туку и генерално на светско ниво. За вирусот денес ги знаат потполно истите работи што ги знаеа за вирусот во февруари.
Сите места каде има забави е цел угостителски сектор. 35.000 луѓе без работа. Ако им ги субвенционираш платите, 12 милиони евра месечно.
Праќање полиција во секое малско паркче значи ставање на цело МВР на улица, двојни смени, дневници, ноќни. Плус дополнително ангажирање и на АРМ веројатно. 10тина илјади луѓе месечно плус, 5 милиони евра месечно.
Почести празни автобуски линии, што градски, што меѓуградски, субвенционирање на компаниите, уште 5 милиони евра месечно.
Деца не би оделе на училиште, туку дома со родителите, кои исто работат од дома. А некои родители нема да може да работат од дома. На родителите што се дома со децата ќе им падне продуктивност, фирмите незадоволни. Некои ќе изгубат работа, некои ќе плаќаат дадилки, за да не изгубат работа.
Пренамена на оделенија, ротација на лекари, ставање лекари во одделенија за кои не специјализирале, дупли смени, чуда, собирање луѓе од други држави, онака скромно, 20 милиони евра месечно.
Одличен план, уште објасни кај ќе најдеш нови 150 милиони евра месечно (50 за мерките, 100 што ги губиш од проекција заради пад на економија) и јас ќе најдам начин да те поврзам со Заев, за лично да му ги предочиш мерките. Светот е малце покомплексен од нашите примарни стравови.
Covek ne se sekira za smrt, dodeka ne mu dojde doma.Многу некако наеднаш почнавме да се секираме за смртта, што кај нас што ширум светот. Секој ден умираат луѓе, и ќе умираат во иднина, сите ќе умрете што би рекла Сека Саблиќ у Викенд на мртовци.
Eте и ја глеам дека носат. Поготово у затворени простории.Па гледам со свои очи дечко.
Може им дошла дома, виделе дека лесно проаѓа и се опуштиле и не се замараат, у споредба на пример со тие што се преплашени а сеуште не им дошла дома ниту пак познаваат некој што се разболел, ама битно се тресат од страв да не умрат.Не се плашат додека не им дојде дома.
Не ми е поентата да се расправам. Во неколку наврати имам кажано "дај Боже, ние хипохондриците да грешиме, а вие што тврдите дека е само вирус да сте во право".
За жал, реалноста и тоа што се случува по болниците на интензивна нега, нешто не ви идат во прилог на вашите тврдења.
Ама не ти ги спорам мерките. Супер се. Сега збориме како практично ќе ги примениш. Затворањето на пролет не чинеше 300 милиони евра, за 3 месеци. 100 милиони месечно. И уште 50 милиони плус за меркиве што ги предлагаш, 150 милиони. Значи не е муабетот дали мерките ќе бидат ефикасни, дали сме загрижени за долговите на претпријатијата, туку каде ќе ги најдеш тие свежи 150 милиони месечно, или 1.8 милијарди евра годишно, за да ги спроведеш мерките. Особено кога ќе излезеш и кажеш дека економија ти е во трет или петти план, и кредитниот рејтинг ќе ти стане низок C.Сите места во кои има забави беа 5 кафичи во цела Македонија. Ќе ти ги набројам одма, Аватар, Мош, Интермецо, Три и едно кафуле во Бисер. Која е поентата дискотеките да не работат, а овие да ги заменат? Си има кафани со пристојна забава, музиката си стои на голема оддалеченост, си ги анимира гостите. Овие имаа концерти со пејачи од цел Балкан, никакви протоколи не важеа.
Тука се и албанските чајџилници, ресторани за свадби и слични места каде што џандарска нога не стапнала.
Немам ништо против да работат ресторани и кафулиња преку ден и до пристојно време во ноќта, нека се врти парата, не можеме без тоа.
Колку џандари се потребни да разбркаат 30 деца собрани во маало? Да видат полчициска кола како попчиња ќе се спакуваат. Што попаметно работат нашите џандари, па да треба дополнително да се плаќаат? Одамна се зборува на тема „маалски патроли“ нешто што некогаш функционирало во државава. Фино лепо, патролираш и казнуваш, наместо да пијат кафиња и да дремат во кладилници.
За да важат мерките треба да има притисок од партиите врз нивното членство, затоа што воглавно тие се оние кои шерифуваат и не почитуваат закони.
Не знам колку се возиш со автобус, но еве ти конкретен пример. Од мојата населба оди само една автобуска линија и истата вози по неделен распоред, односно ја има еднаш во саат време или во 45 минути. Граѓаните константно се бунат, а на линијата на ЈСП никој не им крева, а никој не реагира и на јавните повици. Ем луѓето остануваат неопслужени, ем кога ќе дојде автобусот, имаш луѓе кои инаку би се распоредиле во два автобуси. Ефект нула. Од кога сме толку загрижени за загубите на јавните сообраќајни претпријатија? Тие тонат во минус којзнае од кога. Види со каков минус работи патнички железнички сообраќај, да ги укинеме ако не?
За се' останато. Целта ги оправдува средствата. Светската ситуација налага нешто такво, никаде во светот не е поарно. Во таква ситуација се снаоѓаш како можеш, а примарна цел треба да биде здравјето на граѓаните.
Тој минус што сите го споменувате, во голема мера е предизвикан од затворените граници. Увозот и извозот е со мал интензитет, немаме туристи, нема трошење пари од дијаспорци и туристи, се затворија фабрики затоа што произведуваат делови за фабрики кои беа затворени во странски земји. Ова ќе ни ја пропадне економијата и ништо нема да сториме, нема да пропадне ако автобусите возат по НОРМАЛЕН распоред и ако кафулињата не работат со полна пареа. Нека скратат кај администрација, нека ги скратат рамковните што не одат на работа, ги плаќаме за играње солитер.