Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
12 април 2020
Мислења
30
Поени од реакции
75
Твоето прифаќање или не е сосема ирелевантно. Постои кривичен закон и воопшто не е битно дали тебе лично ти се свиѓа или не тоа што е таму регулирано (за конкретниов случај чл.205 и чл.206 од КЗ на РМ). За свесно пренесување на заразна болест е предвидена парична санкција или казна затвор до 1 година.
А следно, доколку си осуден (макар и условно) не ти бега и твојот предлог - граѓанска тужба со која на оштетениот ќе му ги надонестиш не само материјалните трошоци за самото лекување, туку и нематеријалните трошоци кои си му ги предизвикал (претрпен страв, душевна и физичка болка, намалена животна активност и сл.), како и трошоците во постапката (за ангажиран адвокат, за вештачења, судски такси). Тоа би бил одговорот на твоето прашање за тоа што следи.
Едно е свесно друго е од небрежност.
Автоматски споено мислење:

Секако дека за суд не е релевантно моето мислење. Но е релевантно за предлог закон кој би го сакал народот, гласови на избори...
Само некој е нафуран па во коперација муабет ги вади пиштолите и лисиците. На тој начин еден... замина Будимпешта...
 
Член од
4 март 2011
Мислења
620
Поени од реакции
516

Сам свесно даваш предлог да му ги платиш лекарските трошоци на оној кој ќе го заразиш, плус во време на пандемија и зборуваш за НЕБРЕЖНОСТ!!!
А менталниот склоп на наследникот на оној кој замина во Будимпешта е "ако го прекршив законот ќе платам." Некој погоре спомна дека е спремен да плати за свесно непочитување на закони.
 
Види вака. Добар соговорник си, знаеш закони.

Само што никаде не напишав дека свесно некому би му пренел болест. Па не сме психопати аман боже.

Секако дека ако некој има корона треба во карантин да оди и да не шири зараза. Или затвор. Нема тука дилема.

Да, може и треба да се проба со маски кај што нема растојание 3 метра, со надеж дека маските ќе помогнат иако треба и други додатни мерки пошо само маски не се доволни. Тоа му е јасно на секој што знае да собере два и два. Кој не ги почитува мерките кои се сега во сила си има исто казни.

Ако сме искрени веројатно скоро половина или повеќе случаи досега се поради нечија небрежност баш поради непочитување основни мерки. Ако Македонија има 10000 слободни легла по затворите и ако законот дозволува еве параграфи па заграби. Неам проблем со тоа. Кој му нанел штета на друг треба да одговара за тоа.

Зошто ги спомнав трошоците. Затоа што некои мерки кои се споменуват во дискусии и се барани и се во сила во други држави, а не се во сила тука сега засега, веројатно ја поминуваат границата на прифатливото и рационалното. Она што мене не ми се свиѓа е што некои сили или групи имаат желба мерките да ги изедначат со суспендирање на слободата, суспендирање на слободниот пазар, на слободниот говор, одземање на правото на работа на цели групи на несреќни луѓе полнење буџет и лична корист противправна на поединци во сиот хаос што настана. Се плашам дека линијата помеѓу рационалното и лудилото лесно може да се премине. На пример дел од Источна Европа го искористи стравот од ковид за да ја суспендира демократијата. Дали навистина суспендирањето на демократијата, правото и слободата ќе не спаси од ковид е реторичко прашање?
Сигурно има начин да се спасиме од вирусот, а да не ја уништиме и онаа малку слобода. И да спремен сум да платам висока цена за слободата. тоа беше мојата поента. Не е мојата поента да се инаетам или слично.

Како што гледаш денеска е сабота ноќе и сум на интернет, а не во кафана. Тоа веројатно треба да ти е еден хинт дека немаш муабет со антимаскер или слично туку со некој што во реален живот се придржува до мерките. Имам и јас постари родители, вардам ако ништо друго ради нив, не би можел да живеам со помислата дека сум им сторил лошо. Досега фала богу немам добиено ковид. Се надевам нема ни ти и дека бргу ќе се среди ситуацијата.
 
Мило ми е што ја спуштивме топката и почнавме со нормална комуникација и се разбравме. И јас сум поборник за човековите слободи и права, неправдата нанесена врз било кого ме боли како да ми е нанесена лично мене. Се надевам дека сите ќе го поминеме ова зло без поголеми проблеми и тоа што побрзо. Секое добро и тебе и чувај се
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
5.764
Поени од реакции
16.904
Не ја следам темава, ама едно прашање ми се врти во г лава.. Како тоа во Македонија има поголем процен на заразени, според жители, за разлика од Шведска во која нема рестрикции?
 
Член од
31 јануари 2018
Мислења
811
Поени од реакции
1.810

1. Нема корона, тој су све на Гејца теорие на заговор да не пелцуев како телиња и алуминиумску крв да ни ставив.
2. Каки корона приќе мој само ракија!
3. Генерална простоќа и лаковерност плус склони на било какви теорие на заговор.
4. Генерална неписменост како функционира вирус и зараза.
5. Ако му кажеш да носи маску и сас закон, кој ги ебе, Зајко нека ме натера, ја не носу маску.
 
Мене ми е јасно дека свеста не е на најзавидно ниво, ама ни тука не носиме маски, ниту секогаш се почитува она за држење дистанца...
 
мкд владе

Гостин
Член од
21 ноември 2009
Мислења
11.897
Поени од реакции
8.311
Не ја следам темава, ама едно прашање ми се врти во г лава.. Како тоа во Македонија има поголем процен на заразени, според жители, за разлика од Шведска во која нема рестрикции?
Zatoa sto ne se guskaat, pozdravuvaat, ne si ziveat eden so drug. Nie tuka takvite divi ljuge gi vikame, tamu valjda im e normalno da sedis sam ko pes.
 
Член од
4 март 2011
Мислења
620
Поени од реакции
516
Не ја следам темава, ама едно прашање ми се врти во г лава.. Како тоа во Македонија има поголем процен на заразени, според жители, за разлика од Шведска во која нема рестрикции?
Всушност процентот на заразени кај нас и во Шведска е приближно ист, со тоа што во Шведска процентот на смртност е дури нешто повисок од тој кај нас.
Можда во Шведска нема рестрикции, но сепак и кај нив има одредени ограничувања (како на пр. ограничување на број на луѓе на јавни собири) и доста препораки. Швеѓаните, како и другите скандинавски народи и без рестрикции ги почитуваат препораките, за разлика од нас Балканците. Разлики во менталитет - кога нешто се препорачува таму се почитува. Културолошки и социјални разлики - и пред короната во Шведска немаше некое поизразито секојдневно дружење како што е кај нас, социјална поточно физичка дистанца се одржува од култура кај нив и претходно. Изразито висок број на самци. Разликите во стандард - ретко, скоро и да не постојат домови во Шведска во кои живеат две генерации (затоа и школите за најмладите никогаш не беа затворени бидејќи најмладите дома не ги пречекуваат баба и дедо), ретко се користи јавен превоз. И претходно многу Швеѓани работеа од дома онјалн. И покрај рестрикциите кај нас кафичите беа многу попосетени од шведските, кои исто така мака мачеа за да преживеат изминатиов период. Кај нив имаше кластери во старинските домови (претпоставка е дека поради тоа е и високиот процент на смртност), а последниов период кластери се јавија во спорски клубови и во универзитетите.
 
Член од
31 јануари 2018
Мислења
811
Поени од реакции
1.810
Мене ми е јасно дека свеста не е на најзавидно ниво, ама ни тука не носиме маски, ниту секогаш се почитува она за држење дистанца...
Не знам ама до сга сас свакога што сам правија муабет, ако е имаја температуру и е отишја да се тестира, бија е позитиван. Дали тестови не су ни добри и ја не сфаќам од куде ги вадимо овија бројке.
 
Член од
12 април 2020
Мислења
30
Поени од реакции
75
Мене ми е јасно дека свеста не е на најзавидно ниво, ама ни тука не носиме маски, ниту секогаш се почитува она за држење дистанца...
Eksponencijalen rast e. Прво му треба некое време да тргни нагоре и бројките се ниски. До некоја критична бројка. Ама коа ќе тргне тргнато е.
Така да ако нема дистанца и се остави уште месец два кај и да е и Шведите ќе имаат високи бројки.
Всушност факторите кои штитат од Ковид се јасни и не се бројни
ВАкцина...која ја немаме.
Затоа:
Прво е што помал број на контакти воопшто.
Второ е дистанца ако веќе мора контакт
Ако нема дистанца треба заштита, по можност квалитетна маска од двајцата. Миење раце, хигиена.
Тоа се вика примарна превенција.

Секундарна превенција се болниците, капацитетите, тестовите, лековите. Тоа е најмалку ефикасна превенција. Многу пари а помал резултат од примарната. Демиџ контрол шо би се рекло.

Во основа тие што имаат добра примарна превенција имаат мал број заразени. Ако немаат ќе ги стигне и бројката. Значи цела наука за ковид ти е сумирана во горните 3 реченици на примарна превенција.

Она што се случува во некои држави каде што имаат маски, а имаат висок број на заразени е следново. Имаат многу чести меѓусебни контакти, повеќето и непотребни, а маските не им чинат и не мијат раце. Ги носат по еден месец или во основа се произведувани субстандардно и само личат на маска а не држат капки. Понекогаш маската им дава лажна психолошка илузија на заштита па се доближуваат еден до друг незнаејќи дека не се заштитени доволно.

Порано кога играв компјутерски игри полупрофесионално еден тренер од Кореја велеше вие Европејците имате learning disability. Velese vie ste Eurotrash, a amerikancite se Ameritards. Едни и исти грешки сите ги повторувате. И мислам дека до некаде имаме learning disability. Ни се повторуваат истите работи, а не можеме да научиме никако.
Не знам како е Кореја или Кина ама не верувам дека имаат епидемија повторно. Брзо учат и се прилагодуваат на ситуацијата.
Автоматски споено мислење:

Заборавив да кажам. Многу погрешно последно време се промовира семоќноста на маските и мерките како едно семоќно орудие со што се заборави на намалување на контактите и се створи впечаток дека маските, хигиената и мерките се еден вид замена за основното, а тоа е намалување на контактите. Демек имаме маски, се држиме на мерки безбедно е можеме да се дружиме, а не е така.
Скоро секаде заборавија да потенцираат дека ако не намалиш контакти само со маски е премалку. И тоа под услов да се квалитетни и правилно користени, а не се.

Примерот од Нов Зеланд дава надеж дека сепак ние европејците можеби можеме нешто да научиме, бавно ама можеме, па јас сум оптимист дека за неколку месеци ќе се среди ситуацијата полека. Луѓето кај и да е ќе се во еден момент доволно уплашени па ќе почнат да намалуваат контакти.
 
Последно уредено:

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.033
Поени од реакции
3.677

У лајна сме до гуша, а и по некое гомно...
Севернава вукојебина нека тоне. А го чекам и денот кога ќе МОРА да се отпушта државна админиСРАција.
Автоматски споено мислење:

Глуп е ко точак. Чаир му е најблиску и дозволено е славење по кафани со колку сака луѓе.
 
Последно уредено:
Член од
28 август 2013
Мислења
1.605
Поени од реакции
3.101
Севернава вукојебина нека тоне. А го чекам и денот кога ќе МОРА да се отпушта државна админиСРАција.
Автоматски споено мислење:

Глуп е ко точак. Чаир му е најблиску и дозволено е славење по кафани со колку сака луѓе.
Нема да се отпушта, поголеми даноци ќе лупнат на рајата.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
5.764
Поени од реакции
16.904
Всушност процентот на заразени кај нас и во Шведска е приближно ист, со тоа што во Шведска процентот на смртност е дури нешто повисок од тој кај нас.
Можда во Шведска нема рестрикции, но сепак и кај нив има одредени ограничувања (како на пр. ограничување на број на луѓе на јавни собири) и доста препораки. Швеѓаните, како и другите скандинавски народи и без рестрикции ги почитуваат препораките, за разлика од нас Балканците. Разлики во менталитет - кога нешто се препорачува таму се почитува. Културолошки и социјални разлики - и пред короната во Шведска немаше некое поизразито секојдневно дружење како што е кај нас, социјална поточно физичка дистанца се одржува од култура кај нив и претходно. Изразито висок број на самци. Разликите во стандард - ретко, скоро и да не постојат домови во Шведска во кои живеат две генерации (затоа и школите за најмладите никогаш не беа затворени бидејќи најмладите дома не ги пречекуваат баба и дедо), ретко се користи јавен превоз. И претходно многу Швеѓани работеа од дома онјалн. И покрај рестрикциите кај нас кафичите беа многу попосетени од шведските, кои исто така мака мачеа за да преживеат изминатиов период. Кај нив имаше кластери во старинските домови (претпоставка е дека поради тоа е и високиот процент на смртност), а последниов период кластери се јавија во спорски клубови и во универзитетите.

Знаеш кој почитува рестрикции во Шведска? Најчесто оние кои се во ризични групи, или имаат близок кој е во ризична група и секоја чест на исклучоци. Особено младите генерации знаат да не почитуваат. Кафичите беа полни, имаше тука на темава луѓе кои поставуваа слики од Стокхолм каде народ седи и пие кафе без да се дистанцира. Сега ќе ти наведам лични примери за тоа што сама имам искусено колку не почитуваат... Во маркетите се случуваше многу често да треба да му речеш некому да се тргне од тебе и да не ти дише во врат. Јас во друго стање, луѓе ме гушкаа без пардон. Сега и со мало бебе, ме гушкаат, ми го фаќаат детето, а богами и се најавуваат на посета, а детето ми нема ни месец. Колеги договараат собир по не знам којпат за време на коронава, им праќам линк од вест каде пишува дека цел персонал се разболел за време на приватна журка со колегите, никој уво не го боли, а работиме со лица во ризична група, кој во години, кој со висок притисок, мозочен удар, срцеви заболувања... Во една јавна дебата прашав зошто барем лицата од нашата струка не се воздржуваат од јавни собири и приватни журки, дрско ми беше одговорено дека секој има приватен живот и не можеш поради работата да не си го живееш животот, што и е така, ама матер му ебем, имаш барем некаква одоговорност поради работата.

Eksponencijalen rast e. Прво му треба некое време да тргни нагоре и бројките се ниски. До некоја критична бројка. Ама коа ќе тргне тргнато е.
Така да ако нема дистанца и се остави уште месец два кај и да е и Шведите ќе имаат високи бројки.
Всушност факторите кои штитат од Ковид се јасни и не се бројни
ВАкцина...која ја немаме.
Затоа:
Прво е што помал број на контакти воопшто.
Второ е дистанца ако веќе мора контакт
Ако нема дистанца треба заштита, по можност квалитетна маска од двајцата. Миење раце, хигиена.
Тоа се вика примарна превенција.

Секундарна превенција се болниците, капацитетите, тестовите, лековите. Тоа е најмалку ефикасна превенција. Многу пари а помал резултат од примарната. Демиџ контрол шо би се рекло.

Во основа тие што имаат добра примарна превенција имаат мал број заразени. Ако немаат ќе ги стигне и бројката. Значи цела наука за ковид ти е сумирана во горните 3 реченици на примарна превенција.

Она што се случува во некои држави каде што имаат маски, а имаат висок број на заразени е следново. Имаат многу чести меѓусебни контакти, повеќето и непотребни, а маските не им чинат и не мијат раце. Ги носат по еден месец или во основа се произведувани субстандардно и само личат на маска а не држат капки. Понекогаш маската им дава лажна психолошка илузија на заштита па се доближуваат еден до друг незнаејќи дека не се заштитени доволно.

Порано кога играв компјутерски игри полупрофесионално еден тренер од Кореја велеше вие Европејците имате learning disability. Velese vie ste Eurotrash, a amerikancite se Ameritards. Едни и исти грешки сите ги повторувате. И мислам дека до некаде имаме learning disability. Ни се повторуваат истите работи, а не можеме да научиме никако.
Не знам како е Кореја или Кина ама не верувам дека имаат епидемија повторно. Брзо учат и се прилагодуваат на ситуацијата.
Автоматски споено мислење:

Заборавив да кажам. Многу погрешно последно време се промовира семоќноста на маските и мерките како едно семоќно орудие со што се заборави на намалување на контактите и се створи впечаток дека маските, хигиената и мерките се еден вид замена за основното, а тоа е намалување на контактите. Демек имаме маски, се држиме на мерки безбедно е можеме да се дружиме, а не е така.
Скоро секаде заборавија да потенцираат дека ако не намалиш контакти само со маски е премалку. И тоа под услов да се квалитетни и правилно користени, а не се.

Примерот од Нов Зеланд дава надеж дека сепак ние европејците можеби можеме нешто да научиме, бавно ама можеме, па јас сум оптимист дека за неколку месеци ќе се среди ситуацијата полека. Луѓето кај и да е ќе се во еден момент доволно уплашени па ќе почнат да намалуваат контакти.
Ова! Илузија на заштита. Јас друго објаснување немам.
 
Последно уредено:
На врв Bottom