Црна недела: Десет починати и 428 новозаболени од ковид-19, речиси половина во Скопје
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.853 тестирања, а регистрирани се 428 нови случаи на ковид-19 во Скопје-200, Куманово-16, Дебар-2, Штип-9, Прилеп-29, Тетово-30, Струга-2, Велес-6, Битола-14, Охрид-4, Кавадарци-17, Гостивар-5, Гевгелија-15, Струмица-11, Крива Паланка-1, Радовиш-6, Кочани-12, Пробиштип-1, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-5, Валандово-2, Виница-3, Делчево-4, Кратово-2, Свети Николе-3, Кичево-11, Ресен-10, Неготино-5.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 128 оздравени пациенти од: Скопје-57, Куманово-11, Штип-6, Прилеп-8, Тетово-8, Струга-2, Велес-2, Битола-2, Охрид-2, Гостивар-2, Струмица-7, Крива Паланка-1, Радовиш-6, Кочани-8, Валандово-1, Кичево-5.
Починати се 10 лица, двајца пациенти од Скопје (60 и 66г), еден од Куманово (64г), двајца пациенти од Прилеп (57 и 87г) двајца од Тетово (75 и 53г), еден од Струга (55г), еден од Струмица (83г) и еден пациент од Крива Паланка (80г). Од нив 1 пациент е починат вонболнички услови, останатите 9 се починати во болница.
Направените 1.853 теста се преку: ИЈЗ-644, ЦЈЗ Скопје-101, Авицена-456, Биотек-202, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори) -85, Систина со PCR метода -142, лабораторија Лаор –101, Судска медицина-2, ЦЈЗ Битола-74, Инфективна клиника-2, ГАК-7, Синлаб-37, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 221.011 тестирања на ковид -19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 100 пациенти. На кислородна поддршка се 62 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 6 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 2 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има 8 приеми, а вкупно хоспитализирани се 45 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се 56 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 223, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје): Чаир – 118, Гази Баба – 282, Аеродром – 531, Карпош – 437, Центар – 448, Кисела Вода – 312, Ѓорче Петров – 208, Бутел – 107, Шуто Оризари – 15, Студеничани – 4, Сарај – 16, Арачиново – 7, Илинден – 36, Сопиште – 20, Чучер Сандево – 8, Петровец –16, Зелениково – 8, Странец – 12 и Нераспределен- 70.