- Член од
- 6 мај 2018
- Мислења
- 1.140
- Поени од реакции
- 2.735
Веќе е касно за тој воз. Од март, до сега, регулативите што ги носат корелираат слабо со бројката на заболени која у еден хаотичен динамичен систем е рандом, поточно, зависи од секакви фактори кои не можеме да ги исконтролираме сосема. Мислам онака, од глуп ракав ги вадат предлозите за нови, глупи закони. Кога сме кај хаосот, ова е уште еден показател за ефектот на пеперутка и како една промена може да го однесе фрагилното општество у секаква насока.Во повеќето држави е како кај нас. Од цела Европа само Германија се носи нешто подобро, затоа што имаат огромен број на медицински персонал, и соодветна инфраструктура. Во една Америка, најголема светска сила не е ништо подобро отколку кај нас. И наместо да кукакме колку сме заостанати и неспособни, треба целата ова психолошка пресија што се врши да престане. Короната е тука, многумина ќе ја добијат и нема ни да приметат, некои ќе кренат температура, некои неколку дена ќе ги болат коските, и некои ќе умрат. И така ќе биде се додека не се најде вакцина или лек.
Маски, карантини, полициски час, се е тоа џабе, само се создава психоза и паника кај луѓето.
Каде и да е, можда ќе инсталираат АИ камера у секој дом со гласот на Венко кој ќе нѐ опоменува ако не измиеме раце и ќе ни чита статистики за бројот на умрени од корона. Врвот на психозата се такви закони како тој што сакаат да го донесат, за носење маска сам, ебано надвор, не за друго, туку „за да се привикнеме на новата ретардирана нормалност"... Ко у ебано четиво на Орвел се осеќам. Има хелт маршалс, бе, у Велика Британија, чијашто функција е да тастаат у полиција ако некој не поштуе регулативи. Кој кур?
Психолошките последици од цела оваа глупа хистерија сѐ уште не ги разбираме, пошто сме у лудилото на моменталниот цајтгајст. Тек за пет години (ако не ескалира ова у нови ментално хендикепирани граници и не нѐ сјебе на секој можен економско политички, еколошки и психосоцијален план) ќе ги осетиме афтерефектите кога ДСМ ќе се напуни со цела секција психолошки нарушувања поврзани со глупиот ковид. Мене не ме изненадува цела оваа анкса и хистерија; така глупо еволуцијата ни ја има наштимано психолохијата; само екстремно ми иде да ја дигнам пола глупа планета у воздух. Невозможно глупо изреагира цел свет, мислам дека нема сценарио у кое можеше да се изреагира поглупо.