Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
А што е решение? Кога ме цитираш кажи го твоето мислење за решавање на моменталната ситуација.
Колку и да е трагично, нашите ги препишуваат мерките од другите земји а другите земји масовно почнуваат со карантин. До скоро мислев дека нема никаква шанса да видиме пак карантин ама веќе не сум толку сигурна.
 
Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
кај мене на работа 2ца позитивни.
на првиот и татко му кренал температура. Имавме контакт со вториот 2 дена на работс и засега никој нема симптоми а веќе 1 недела помина од денот кога вториот покажа симптоми. Или сме асимптоматични или се немаме заразено.
Со чоеков во два наврати јадевме заедно во кујната и пијавме и кафе.
другиот што беше со нив во истата канцеларија исто нема симптоми, да се надеваме дека вака ќе остани.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
17.999
А што е решение? Кога ме цитираш кажи го твоето мислење за решавање на моменталната ситуација.
- Или треба да се обезбеди и опреми простор, може спортски сали.
- Или да се спреми протокол за лекување дома со мобилни тимови

Треба да се прогласи некој вид на воена состојба и сиот медицински капацитет во државава да биде под една капа
 
Член од
6 август 2015
Мислења
463
Поени од реакции
769

Неизводливо, за жал. Немаме ниту доволен број медицински персонал, нит опрема ... немаме ништо у принцип :)
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
кај мене на работа 2ца позитивни.
на првиот и татко му кренал температура. Имавме контакт со вториот 2 дена на работс и засега никој нема симптоми а веќе 1 недела помина од денот кога вториот покажа симптоми. Или сме асимптоматични или се немаме заразено.
Со чоеков во два наврати јадевме заедно во кујната и пијавме и кафе.
другиот што беше со нив во истата канцеларија исто нема симптоми, да се надеваме дека вака ќе остани.
Сега сте во изолација? Фирмиве многу индивидуални одлуки носат во вакви случаеви...
 
TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
- Или треба да се обезбеди и опреми простор, може спортски сали.
- Или да се спреми протокол за лекување дома со мобилни тимови

Треба да се прогласи некој вид на воена состојба и сиот медицински капацитет во државава да биде под една капа
Не сме ние Германија. Невозможно е тоа во Македонија.
 
C

CoolIris

Гостин
Ама ако сме реални, додека се почитуваше полицискиот час (на самиот почеток), успевавме некако бројката да ја држиме ниска. Не знам, можеби уплашеноста на народот си го направи своето, со оглед на тоа што во март многу малку се знаеше за вирусот. Но, тоа што сакам да го кажам е дека постои разлика меѓу полициски час (каков што беше кај нас) и целосен лок даун - карантин (како во Кина и Италија).

Полициски час/Карантин не е решение, ама поинаку не може со менталитетот на народот што живее во државата. Ќе продолжат и со крштевки, свадби, мекици, родендени. Ќе најдат начин. Можеби би требало казните да бидат многу повисоки, зошто вакви какви што се сега ( 20 евра за неносење на маска ), па и не е некоја голема пара и доста луѓе не го почитуваат истото. Ама да се казнува и за тие што не ја носат правилно маската! Маската нема никаков ефект ако ја носиш само на устата, а носот ти е откриен. Или ако после некое време ја свртиш од другата страна (да, и ова го имам видено).

Како последна опција би ги одбрала најпримитивните мерки во справување со пандемија - карантин (а не полициски час), но истиот би бил залуден, доколку не се почитува.

Дека се неспособни, неспособни се. Успеаа здравството да го спуштат на најниското можно ниво, па сега студентиве ќе не опоравуваат. Па зошто дозволија докторите по завршувањето на студиите да си идат во Германија? Зошто дозволија да бидат потценувани со работни места со плата од 14 000 денари? Зошто се толерира насилство врз лекарите? Требало да мислат порано, сега немаат кадар, па студентиве ќе не опоравуваат. Нека им е со лесно.

Разбирам и сфаќам дека економијата страда, ама здравје или пари?Всушност на крај се сведува на корона или глад.
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.925
Поени од реакции
7.855
Ne znam sto se zagrizile tolku deka nemalo mesta vo bolnicite, ne za badijala ja formiravte severdonija, ako nema kaj vas mesto ima vo evropa, tamu ke se leci narodot i toa besplatno.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
17.999
Неизводливо, за жал. Немаме ниту доволен број медицински персонал, нит опрема ... немаме ништо у принцип :)
Имаме се што е потребно. Прашањето е дали ќе се оди со мерки кои само мачкаат очи како карантин или здраво ќе земи да се работи.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Нормално е на повече заразени да има повеќе со потешка слика и повеќе мртви, но просекот се задржува некако, односно јачината е слична како летото.
Можеби затоа што заразени со со потешка слика и кои завршуваат мртви има исклучително ретко? А?
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Можеби затоа што заразени со со потешка слика и кои завршуваат мртви има исклучително ретко? А?
Можеби бројката не е огромна ама зарем ти е сеедно дали родителе ќе се заразат? Над некоја возраст од 65 години повеќето имаат некоја слаба точка. Како ќе реагира некој и какви симптоми ќе има е тешка лотарија. Земајќи го во предвид и нашиот здравствен систем секогаш има голема веројатност да се доразболиш...
 
Член од
6 август 2015
Мислења
463
Поени од реакции
769
Имаме се што е потребно. Прашањето е дали ќе се оди со мерки кои само мачкаат очи како карантин или здраво ќе земи да се работи.
За жал не е баш така .... Имам пар пријатели доктори и кога правев со нив муабет уште април / мај нивниот одговор беше "Се молиме да не ескалира ситуацијата дека го НА*БАВМЕ". Не за џабе доктори си даваат откази :) и тоа рачунај најлошото уште не е дојдено.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Веќе е илузорно да размислуваме кој е одговорен, кој е крив, што требало да се направи, зашто не било направено....а власта поима нема ниту како да се однесуваат, ниту што да превземат....едноставно блокирани се.
Се движиме по една стрмна патека со преку 20% позитивни, имаме премногу смртни случаи во компарација со регионот. Ја надминавме бројката на 500 нови дневно, болниците се веќе полни, медицинскиот кадар што го имаме е бројчано мал и преморен.
Прашање на денови е кога болничките капацитети ќе се преполнат, бидејќи ниту здравствените власти предлагаат ригорозни мерки, ниту населението ги почитува основните мерки за заштита.
Македонија нема капацитет за да го издржи ова темпо.
Бројот на новозаразени рапидно расте, треба ли да стигнеме до 1000 дневно за да сватиме дека се неопходни ригорозни мерки.
Карантин не сакам ни јас, ни било кој....но не ни бега.
Тоа што имаме преку 20% позитивни баш и не е од некое значење. Зависи што и како тестираат. Се тестираат само оние што имаат потешки симптоми бидејќе е скапо. затоа процентот е висок. Вистинска бројка ќе се добие кога истовремено ќе тестираат цела улица, населба, па зошто да не и цел град.
1000 новозаразени дневно брзо ќе достигнеме. Филипче предвидуваше 2000, ама не прецизираше за кој период се работи. На годишно ниво надминавме, на месечно ниво надминавме, на неделно ниво надминавме. Ни останува уште на дневно ниво да ја надминеме таа фамозна бројка.
Колку и да е трагично, нашите ги препишуваат мерките од другите земји а другите земји масовно почнуваат со карантин. До скоро мислев дека нема никаква шанса да видиме пак карантин ама веќе не сум толку сигурна.
А најлошо е што карантинот нема да биде почитуван од одредена група на граѓани.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom