Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Можеби бројката не е огромна ама зарем ти е сеедно дали родителе ќе се заразат? Над некоја возраст од 65 години повеќето имаат некоја слаба точка. Како ќе реагира некој и какви симптоми ќе има е тешка лотарија. Земајќи го во предвид и нашиот здравствен систем секогаш има голема веројатност да се доразболиш...
Не ми е сеедно, се разбира, ама ми се згади од драмава и патетиката. Огромен број на инфицирани не пројавуваат никакви симтоми, уше поголем број пројавуваат симтоми на нивото на обична настинка, еден мал број на посилна ајде да речеме треска, и минимален, ама буквално минимален број умираат.

И сега што? Ајде да ја турнеме цивилизацијата, да се затвориме дома, да се пикнеме под маса. Страшна работа.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
18.000
За жал не е баш така .... Имам пар пријатели доктори и кога правев со нив муабет уште април / мај нивниот одговор беше "Се молиме да не ескалира ситуацијата дека го НА*БАВМЕ". Не за џабе доктори си даваат откази :) и тоа рачунај најлошото уште не е дојдено.
Првиот карантин го плативме со 320 милиони евра (проценка можеби и не е точно).
Овај ќе го платиме поскапо.

Така да си има механизми за се, прашање е дали ќе оставиме да не носи водата или ќе напрајме нешто.

И не знам што ви е, не ова Март, па да се акаме од земја дека ќе биде поснопица. Се знае смртноста, се знаат комбирдитетите, се знаат протоколи за лекување и то е.

Што ќе направиме со карантин? Сите кластери во моментов се од економска активност. И да воведиме карантин, пак луѓето ќе патуваат ко сардини во автобуси, пак ќе се среќаваат на работа со заболени.

Во моментов се е заради тоа што не се почитуваа протоколите.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.471
Поени од реакции
5.474
А ќе сака некој паметен дакаже што фајде од полициски час и карантин?


Разбирам и сфаќам дека економијата страда, ама здравје или пари?Всушност на крај се сведува на корона или глад.
Од глад сигурно се умира.

Со сета должна почит,
Знам дека си доктор/медицинско лице, знам дека на преголем ризик се сите медицински лица, хигиеничарки, обезбедување по клиниките но барем финансиите какви такви ќе си ги задржат, ќе работат, ќе легне плата нема фамилијата да гладува. Иако некој зима и по неколку иљади евра а некој по 250-300. Да ризикот е огромен.
Ако пак воведат полициски, ако изгубиме работни места и плати тогаш како ќе живееме? Од кредити? Од Лихвари? Или со пљачки и грабежи? Многу луѓе изгубија финансии, месечни примања. Ги прашува ли некој тие луѓе како живеат? Јас имав среќа само да ми се намали плата, јас си знам како со минималец поминував, некој ни тој мимималец го немал. Не е решение повторно затварање на казина, кафичи, ресторани, кладилници итн. Многу луѓе леб од таму вадат, фамилии хранат.
Мора да се донесат разумни мерки којшто ќе се спроведуваат и да продолжи животот во нормала. Не може филипче да ми глуши кур за карантини полициски а на жена му кола нова колку еден стан што кошта у сред криза да и купува. Уште малце ако ја дотепаат економијата ќе станеме ко Белград во 90тите, само не од бес туку од мака.

Имај убав ден :)
 
Член од
6 август 2015
Мислења
463
Поени од реакции
769
Првиот карантин го плативме со 320 милиони евра (проценка можеби и не е точно).
Овај ќе го платиме поскапо.

Така да си има механизми за се, прашање е дали ќе оставиме да не носи водата или ќе напрајме нешто.

И не знам што ви е, не ова Март, па да се акаме од земја дека ќе биде поснопица. Се знае смртноста, се знаат комбирдитетите, се знаат протоколи за лекување и то е.
Ако мислиш за карантин, најверојатно нема да има. Полициски час од друга страна ... најверојатно да :LOL:

Има механизми. Дали "сме" способни да ги воспоставиме и спроведеме ... чисто сумњам. Али сепак јас сум малце песимист по природа, па се надевам дека ти си во право :)
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Не ми е сеедно, се разбира, ама ми се згади од драмава и патетиката. Огромен број на инфицирани не пројавуваат никакви симтоми, уше поголем број пројавуваат симтоми на нивото на обична настинка, еден мал број на посилна ајде да речеме треска, и минимален, ама буквално минимален број умираат.

И сега што? Ајде да ја турнеме цивилизацијата, да се затвориме дома, да се пикнеме под маса. Страшна работа.
Во право си во голем дел... Јас верувам дека кај повеќето паниката е заради очигледната нефункционалност на здравството и другите институции.
Во нашето хаотично оптштество со вонсериски менталитет ова е голем товар.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Во право си во голем дел... Јас верувам дека кај повеќето паниката е заради очигледната нефункционалност на здравството и другите институции.
На нашето хаотично оптштество со вонсериски менталитет ова е голем товар.
Во повеќето држави е како кај нас. Од цела Европа само Германија се носи нешто подобро, затоа што имаат огромен број на медицински персонал, и соодветна инфраструктура. Во една Америка, најголема светска сила не е ништо подобро отколку кај нас. И наместо да кукакме колку сме заостанати и неспособни, треба целата ова психолошка пресија што се врши да престане. Короната е тука, многумина ќе ја добијат и нема ни да приметат, некои ќе кренат температура, некои неколку дена ќе ги болат коските, и некои ќе умрат. И така ќе биде се додека не се најде вакцина или лек.

Маски, карантини, полициски час, се е тоа џабе, само се создава психоза и паника кај луѓето.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
18.000
Ако мислиш за карантин, најверојатно нема да има. Полициски час од друга страна ... најверојатно да :LOL:
Секоја половична мерка ќе предизвика и понатамошно ширење на короната и намалена економска активност.

Во моментов единствен разумен карантин со полициски час е тој како во Кина во Вухан. Затвораш се на еден месец и пиле не смеј да прелета.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Во моментов единствен разумен карантин со полициски час е тој како во Кина во Вухан. Затвораш се на еден месец и пиле не смеј да прелета.
И што после тој месец?
 
C

CoolIris

Гостин
А ќе сака некој паметен дакаже што фајде од полициски час и карантин?



Од глад сигурно се умира.

Со сета должна почит,
Знам дека си доктор/медицинско лице, знам дека на преголем ризик се сите медицински лица, хигиеничарки, обезбедување по клиниките но барем финансиите какви такви ќе си ги задржат, ќе работат, ќе легне плата нема фамилијата да гладува. Иако некој зима и по неколку иљади евра а некој по 250-300. Да ризикот е огромен.
Ако пак воведат полициски, ако изгубиме работни места и плати тогаш како ќе живееме? Од кредити? Од Лихвари? Или со пљачки и грабежи? Многу луѓе изгубија финансии, месечни примања. Ги прашува ли некој тие луѓе како живеат? Јас имав среќа само да ми се намали плата, јас си знам како со минималец поминував, некој ни тој мимималец го немал. Не е решение повторно затварање на казина, кафичи, ресторани, кладилници итн. Многу луѓе леб од таму вадат, фамилии хранат.
Мора да се донесат разумни мерки којшто ќе се спроведуваат и да продолжи животот во нормала. Не може филипче да ми глуши кур за карантини полициски а на жена му кола нова колку еден стан што кошта у сред криза да и купува. Уште малце ако ја дотепаат економијата ќе станеме ко Белград во 90тите, само не од бес туку од мака.

Имај убав ден :)
Јас ве разбирам и сфаќам сите, ама државата е крива тука. Кога веќе спроведуваат било какви рестриктивни мерки, затворање на угостителски објекти, карантини и сл, мора да се обезбеди и парична помош за овие луѓе. И не зборам тука за ваучери за туризам, реално на кој му е дојдено до одмор ако нема пари за леб?
Фокусот треба да се стави на сите што се финансиски загрозени заради ситуацијата, ама знаејќи во каква држава живееме, ништо чудно и тука да се прават измами, со цел да се добие некоја пара плус.
Строга дисциплина и ред, ни треба. Ете тоа.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Во повеќето држави е како кај нас. Од цела Европа само Германија се носи нешто подобро, затоа што имаат огромен број на медицински персонал, и соодветна инфраструктура. Во една Амерка, најголема светска сила не е ништо подобро отколку кај нас. И наместо да кукакме колку сме заостанати и неспособни, треба целата ова психолошка пресија што се врши да престане. Короната е тука, многумина ќе ја добијат и нема ни да приметат, некои ќе кренат температура, некои неколку дена ќе ги болат коските, и некои ќе умрат. И така ќе биде се додека не се најде вакцина или лек.

Маски, карантини, полициски час, се е тоа џабе, само се создава психоза и паника кај луѓето.
За карантин и полициски час се сложувам...маска во затворен простор не мислам дека е глупа мерка, на отворено е дебилизам.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.471
Поени од реакции
5.474
Секоја половична мерка ќе предизвика и понатамошно ширење на короната и намалена економска активност.

Во моментов единствен разумен карантин со полициски час е тој како во Кина во Вухан. Затвораш се на еден месец и пиле не смеј да прелета.
Како ќе го направиш тоа? Ај те молам објасни.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
18.000
И што после тој месец?
После тој месец како што прават кинезите, се појавува корона во некој град и тестирање на цел град.

Но, муабетот ми беше за апсурдноста на карантините. Или го правиш како во Кина или не прави го воопшто.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.471
Поени од реакции
5.474
Јас ве разбирам и сфаќам сите, ама државата е крива тука. Кога веќе спроведуваат било какви рестриктивни мерки, затворање на угостителски објекти, карантини и сл, мора да се обезбеди и парична помош за овие луѓе. И не зборам тука за ваучери за туризам, реално на кој му е дојдено до одмор ако нема пари за леб?
Фокусот треба да се стави на сите што се финансиски загрозени заради ситуацијата, ама знаејќи во каква држава живееме, ништо чудно и тука да се прават измами, со цел да се добие некоја пара плус.
Строга дисциплина и ред, ни треба. Ете тоа.
Доволно е само задолжително носење на маски за клиентите. Мали рестрикции за угостители и затворени дискотеки,клубови. Т.е да нема журки. Што и да напраи државава не може да го спречи или уништи вирусот, веќе ни е тука и тоа е тоа. Не може после секс да се стаи кондом. Т.е може ама џабе е. :)


И да, повеќе автобуси, затворање на школите и градинките, платено отсуство на 1 родител за да си го чува детето,бесплатни таблети и сим картички со 4џи за СЕКОЕ ДЕТЕ итн. Се може да се напраи, само кој а седне и да размисли малце. Изгледа полесно е сите да не плашат и психички и финансиски да не утепаат.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Секоја половична мерка ќе предизвика и понатамошно ширење на короната и намалена економска активност.

Во моментов единствен разумен карантин со полициски час е тој како во Кина во Вухан. Затвораш се на еден месец и пиле не смеј да прелета.
Мене ме интересира што работиш?

Не може така, ако твојата работна позиција стане ризична, одма би го променил ставот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom