Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Не е он тутурутка, он е путпурутка :pos:
Криво му е на Ронче што избрза со боцкањето, па сега сака и нас другите да не натера да кренеме ракав.;)

Почнува трендот за обавезна вакцинација на медицински лица... И без Рон, ќе стаса...
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.788
Поени од реакции
9.561

Почнува трендот за обавезна вакцинација на медицински лица... И без Рон, ќе стаса...
Да душо, вчера му го реков истото на Берик..кај да е и кај нас ке дојде обавезно вакцинирање.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Од почеток па до сега, се што пренесов од доктори и научници, така излезе. Дали имам познавање или не, само така се мери, а не твоето рекла казала.
Не пренесе ниту еден линк во нашата дискусија, така што слободно достави линкови.

Ако според тебе и Ронче јас не знам и ширам теории на заговор, вие тогаш се исмејувате и не го признавате заклучокот од највлијателната светска здравствена организација. Не разбирам врз основа на што вие кажувате дека Фаучи е глуп и неписмен, а вие во право...
Кој заклучок?

Македонија 1.700.000 население, колку починати има и извади %. Не е ни битно што кај нас бројките од ковид починати ги ставаат сите со позитивен резултат, а не дал директна причина било тоа.
Починати се 5487 лица, тоа малку ли е? Знаеш дека 2020та до сега е најлоша година по бројот на умрени? Колку треба да умрат да е сериозна работата? Пандемија за тебе е само кога ќе умираат луѓе по улица и како муви? Што е со тие 5% хоспитализирани што голем дел од нив никогаш нема да се повратат на состојбата пред да фатиле ковид? Смрт не е единствениот лош исход.

Во УК 2020, кога хара најопасниот (според вас) вирус има ц.ц. 1.100 на 100.000, а пред 20-25г бројката била 1.400 на 100.000.
Што сака поетот да каже?

УК за втор пат во својата историја има забележано негативен природен прираст. Бројот на умрени е највисок од 1918та година кога има пандемија на шпански грип и прва светска војна во истата година. Регистрирани се 92.000 повеќе умрени во 2020та година од 2019та (696K наспроти 604К). За 2020та во УК имаме 74.000 смртни случаи од Ковид.
Дел од порастот е тоа што побројни генерации се на ред за умирање, но тоа не може да објасни така нагол скок на морталитетот од 15% во една година. Истиот шаблон е во речиси секоја држава што можеш да ја најдеш. 2020та има нагли скокови на вкупниот број на умрени,во голем број на држави рекордни бројки.

Сподели научно потврдено истражување за стапка на пренос и смртност па после кажувај кој е глуп и лош хумор. Твоето за сега е само пропаганда и ширење паника.
Фактот ти го посочив - грип скоро и да нема од милионски цифри на заразени имаме тек неколку илјади, а Короната во истиот период хара. Јас споделив линкови - ти си на ред.

Истото ти е и со вакцините, не можеш да бидеш сигурен.
Стекнат имунитет по природен пат, значи 100% заштита. Сипаници и заушки кога ќе прележиш, нема шанси после да фатиш. Ако ова не важи за ковидот и соевите негови, тогаш џабе и вакцините кога и по прележување нема сигурност.
Со вакцините сигурно стекнуваш одредено ниво на имунитет. По природен пат да имаше стекнување на имунитет како со заушки од корона немаше да има реинфекции кои се сепак релативно ретки. Затоа лично не сметам дека мора да се вакцинираат, но би било пожелно како некаков си осигурач.

Ако вакцините даваат 50-70%+ заштита тоа значи дека што поголем број на луѓе треба да се вакцинираат за да има силен ефект. Зошто да не ги симнеме во новиот бран ви пик дневните инфекции од 1000 на 300 да кажаме, а бројот на хоспитализирани да го донесеме до апсолутен минимум? Сфаќаш дека е полесно да се тракираат новните случаи и да се изолираат кога е вакциниран најголем дел од населението и при не добиена 100% заштита? Исто и за мутациите, што помалку пренесување - толку помалку шанса за појава на мутациите.
 
TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Со денови веќе Тетово е на прво место. Да се знае повторно од каде започнува бранот тоест разгорувањето, да не се рече после од лажичката било. Стасуваат секојдневно од запад припадниците на таа одредена група на граѓани. Во август ќе биде уште пофрекфентено.

Паметно, особено во однос на медицинскиот персонал.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.889
Поени од реакции
7.268
Не пренесе ниту еден линк во нашата дискусија, така што слободно достави линкови.
Ти ниту едно истражување не сподели, а ги нарече сите други глупи, неписмени и со лош хумор, па затоа јас сакајќи да научам, барав од тебе истражувања, бројки прецизни.

Нема гајле, за сите таквите ко тебе што тврдите дека другите се глупи и не веруваат во наука, ќе се повторувам. Имаш можност да бараш мислења мои низ темава, споделени се испитување и заклучоци од Фаучи врска вирусов, а и примерот со крузерот.

Починати се 5487 лица, тоа малку ли е? Знаеш дека 2020та до сега е најлоша година по бројот на умрени? Колку треба да умрат да е сериозна работата? Пандемија за тебе е само кога ќе умираат луѓе по улица и како муви? Што е со тие 5% хоспитализирани што голем дел од нив никогаш нема да се повратат на состојбата пред да фатиле ковид? Смрт не е единствениот лош исход.
Според тебе што е пандемија... за да прогласиш пандемија до 2020 си постоеле правила колку % треба да има, ама нели небитно е тоа.

Значи имаме 5.500 починати. Од нив сигурно има неколку стотици, кои биле само позитивни, но од други причини починале, ама ете ќе ги сметаме и нив.
Во проценти од 1.700.000 (не 2 милиони) 0.33%. Замисли овој процент е приближен до тој од на Фаучи. Претходни години имало вируси со смртност поголема од 10%, па никому ништо.

За хоспитализираните, доколку нешто ти се разбираше за човечкото здравје, ќе земеше во предвид какво влијание во иднина ќе имаат мерките кои ни беа воведени, па немаше се да препишуваш на короната.

Регистрирани се 92.000 повеќе умрени во 2020та година од 2019та (696K наспроти 604К). За 2020та во УК имаме 74.000 смртни случаи од Ковид.
Дел од порастот е тоа што побројни генерации се на ред за умирање, но тоа не може да објасни така нагол скок на морталитетот од 15% во една година. Истиот шаблон е во речиси секоја држава што можеш да ја најдеш. 2020та има нагли скокови на вкупниот број на умрени,во голем број на држави рекордни бројки.
Точно така, но зашто пред 20-25г кога имало смртност од 1.400 на 100.000 никому ништо, а сега имаш 1.050, припаѓаш у несвест... Циклусите некој ги разбира, а некои мислат само праволиниски и се трудат се да сведат на една причина, ама тоа зависи од капацитетот на човекот.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Луѓето со стекнат имунитет не можат да бидат сигурни дека сеуште имаат имунитет или дека воопшто развиле после инфекцијата.Има луѓе кои се заразиле во првиот бран, дали тие сеуште имаат некаква природна заштита од Ковид, посебно против новите мутации? Што се однесува до мене ако прележал некој не мора, но е пожелно да се вакцинира да биде сигурен дека има барем заштитата што ја пружа вакцината.
Пробав претходно да барам статистики за реинфекции и тоа што читав е многу помал од бројот на тие што се вакцинирале и се заразиле. Така да мене ми иде дека природен имунитет > вакцини. Но прво треба да биде јасно дека природен имунитет си носи ризици затоа што може да имаш веќе некој последици, луѓе има со оштетени бели дробови, тромбови, се уморуваат повеќе(ма да дискутабилно е ова), познаник почина на 37-38 години асимптоматски случај што не ни знаел за да после добие згрутчување и 1 месец мачење и си почина. Така да тие што не се прелегале најпрепорачливо е да се вакцинираат.
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.657
Поени од реакции
28.028

Мене тоа ми се деси потполно исто како на тој познаникот твој што починал,среќа фатив бактериска пневмонија и така дознав дека сум прележал.У еден момент д димерите ми биле 7000,така да среќа сум имал што не ме секнало
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Ти ниту едно истражување не сподели, а ги нарече сите други глупи, неписмени и со лош хумор, па затоа јас сакајќи да научам, барав од тебе истражувања, бројки прецизни.

Нема гајле, за сите таквите ко тебе што тврдите дека другите се глупи и не веруваат во наука, ќе се повторувам. Имаш можност да бараш мислења мои низ темава, споделени се испитување и заклучоци од Фаучи врска вирусов, а и примерот со крузерот.
Ајде де сподели еден линк, нема да те убие. Јас дадов некакви бројки и линкови за моите тврдења. Фаучи го спомна и некаков заклучок, а ништо не кажа. Ако го слушаш толку Фаучи до сега ќе беше пелцуван сто пати.

Според тебе што е пандемија... за да прогласиш пандемија до 2020 си постоеле правила колку % треба да има, ама нели небитно е тоа.

Значи имаме 5.500 починати. Од нив сигурно има неколку стотици, кои биле само позитивни, но од други причини починале, ама ете ќе ги сметаме и нив.
Во проценти од 1.700.000 (не 2 милиони) 0.33%. Замисли овој процент е приближен до тој од на Фаучи. Претходни години имало вируси со смртност поголема од 10%, па никому ништо.
Ти навистина поим немаш ни од основана логика. 0.33% не е смртноста од вирусот, толку се умрени од целата популација на Македонија од вирусот. Вируси со смртност од 10% ко што ти дојде до 0.33% од овој би убиле 170.000 луѓе. Значи ли дека треба да поцркаат луѓе во бројка од 8-9 годишни морталитети за да биде нешто пандемија според тебе?

Не знам дали си свесен каква епска глупост истресе.

За хоспитализираните, доколку нешто ти се разбираше за човечкото здравје, ќе земеше во предвид какво влијание во иднина ќе имаат мерките кои ни беа воведени, па немаше се да препишуваш на короната.
Мерките тек ќе го земат данокот во наредните години. И јас сум против рестрикциите, но јас правам нешто колу тоа со тоа што се вакцинирав. Ради таквите ко тебе пак ќе има рестриции, пак свадби, ресторани, патувања, настани и сл. ќе бидат ограничени.
Точно така, но зашто пред 20-25г кога имало смртност од 1.400 на 100.000 никому ништо, а сега имаш 1.050, припаѓаш у несвест... Циклусите некој ги разбира, а некои мислат само праволиниски и се трудат се да сведат на една причина, ама тоа зависи од капацитетот на човекот.
Апсолутно даваш неточни бројки и пак не знаеш да изведеш никаков заклучок. 1400 на 100.000 никогаш не била смртноста во Британија, барем не до 1950та година.
Дали си свесен дека имаш пораст во бројот на мртви од 15% во една година? Дали знаеш каков ненормален пораст е тоа? Црно на бело пандемијата во 2020та предизвика секаде низ светот значаен пораст на умрените. Не знам што појасно од тоа може да биде.
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
19.835
Поени од реакции
15.769
Воопшто не е едноставно !
Колку побрзо е доволно брзо и дали е тоа возможно во светски размери!?
Игорче, бидејќи гледам пратиш ситуација со ковидов и следиш статистички податоци, имаш ли информации колку прележани се реинфицирани?
Nemash gajle ako si prelezana, eve mene matichnata ne me brza za vakcina...slobodno teraj rabota, ne ti treba ni maski ni nishto drugo :cool:
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Пробав претходно да барам статистики за реинфекции и тоа што читав е многу помал од бројот на тие што се вакцинирале и се заразиле. Така да мене ми иде дека природен имунитет > вакцини. Но прво треба да биде јасно дека природен имунитет си носи ризици затоа што може да имаш веќе некој последици, луѓе има со оштетени бели дробови, тромбови, се уморуваат повеќе(ма да дискутабилно е ова), познаник почина на 37-38 години асимптоматски случај што не ни знаел за да после добие згрутчување и 1 месец мачење и си почина. Така да тие што не се прелегале најпрепорачливо е да се вакцинираат.
Се сложувам. Некаде 1% од тие со тежок облик се реинфицирале, за другите групи не сум барал, но сепак истражувањата се на мала група на луѓе кои развиле тежок облик и дали биле реинфицирани во рок од неколку месеци.

едит. 0.7% било.

Во секој случај,не е нож до коска прележани од ковид да се вакцинираат. Можат да се вакцинираат за да се осигураат ако нивниот природен имунитет не е развиен воопшто или е ослабен. За тие пак што не прележале сепак вакцинацијата би требало да ја поминат наместо да се стекнуваат по природен пат кој што носи многу поголеми ризици и овозможува на вирусот да продолжи да мутира.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.132
Поени од реакции
20.369
...сите така мислат, кога одиш да испиташ после вакцинација дали имаш антителО IgG, никој не ти вика ,,иди испитај антителО, туку да испитам антителА IgG, некако не ви се сфаќа дека така останува изразот, зборот, гледајте вие смислата, а не запирки и антителО тоа ви го покажува сеирот кон мене, а не знаењето!
Не останува така изразот, бидејќи во контекст на вакцинација "антитела" не е именка во женски род, туку е множина од антитело. Па затоа, наместо "создадената антитела" (израз кој се однесува на нешто од женски род), правилно е да се напише "создадените антитела", бидејќи се однесува на нешто во множина.

Како е правилно: "исцепените дрва" или "исцепената дрва"?
Ако твојот одговор е второто, тогаш истото правило важи и за антитела.

Докторке, јас можеби сум досаден со овие укажувања како на првоодделенче, ама за твое добро е. Некогаш во тие темите како Дежурна ординација ќе трефнеш нешто точно, и некој нема да го земе во предвид твоето мислење, бидејќи кредибилитетот на форумов ти е речиси непостоечки. Нечитливоста, полуписменоста (во која спаѓа и почнувањето реченица со три точки и мала буква), се само дел од нештата кои ти го разнишуваат и така малиот кредибилитет што го имаш. Не најкови во никот, не поени од реакции, ништо не ти помага. Опамети се, не се инаети како "магаре на мост".
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.701
Поени од реакции
27.637
Нечитливоста, полуписменоста (во која спаѓа и почнувањето реченица со три точки и мала буква), се само дел од нештата кои ти го разнишуваат и така малиот кредибилитет што го имаш.
Но она мисли дека така е оригинална, уникатна, остава печат, препознатливост...
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.657
Поени од реакции
28.028
Но она мисли дека така е оригинална, уникатна, остава печат, препознатливост...
Тоа е уствари е и главната причина поради која влага у конфликт со 90% од члееновите на форумот.Кога пробува да се направи по начитана и школувана од колегите( под претпоставка дека е докторка) го револтира и навлекува членството да и каже нешто што таа не сака да го чуе и затоа постојано е во проблеми
 
Последно уредено:

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Се надевам дека ќе биде секаде обавезна вакцинацијата, зашто некои луѓе со сила мора да ги тераш да сфатат дека живеат во цивилизација каде што секој со секого е во контакт и не може да глумиш сам свој остров.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom