Кое чувство е подобро - кога сакаш или кога те сакаат?

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Двете се преубави чувства.... Али дефинитивно е најубаво кога сакаш некој и љубовта ти е возвратена..... :)
 

MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
167
nema poubavo nesto koga ljubovta e obostrana..... no koga vekje treba da odberam.....hm...poubavo e da bides sakan :)
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
До скоро мислев дека е поубаво чувството кога си сакан. Но, емотивново мртвило у кое сум западната извесен период, прави да заклучам дека е подобро да сакаш.
Макар и да не ти е возвратена љубовта, или да не си сигурен дека и спротивната страна го чувствува она што то го чувствуваш, барем осеќаш нешто силно. Ти се забрзува пулс, те понесуваат песни и поезија, те мачат дилеми...чувствуваш и тоа прави да знаеш дека си жив.
А кога не љубиш, нема интензитет, и се е некако бледо и рамно. Единствено се полни егото но, и тоа кратко трае и не исполнува многу.
Затоа, од оваа дистанца, мислам дека сега се што ми треба е да сакам, не толку да бидам сакана.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Преку пример да доловам како би биле двете ситуации:
-Да сакам,а да не ме сакаат:Да се надевам да ја видам личноста,да сонувам да ми прати порака,кога ќе ме види да се испонаша ладно,да се филмам за некој збор што е кажан...да се обидам на секој начин да го освојам,да добијам одбивање,да го замарам,да ме избегнува,да се гушка со друга,на некоја да и кажува колку му значи а јас како мисирка да плачам
-Да ме сакаат,а да не сакам:Некој постојано да ми се јавува,да правам фаци кога ќе спуштам телефон,да бидам недостапна,да го искористувам во некоја досадна вечер,за наредниот ден да несакам да го видам,да наоѓам илјада изговори зошто не ми се излага,да се чуствувам како идиот,да се ежам ако ме гушне,да си го чувам како привезок...да подгревам надеж дека некогаш ќе го засакам,да се лажам себеси,сето она внимание што го добивам да не ми значи ништо.

Несакам ниту една опција,но би бирала во зависност од моменталната ситуација...не би преживеала ако не ме сака,но подобро би плачела,одколку да прекинам да сакам.
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Дефинитивно, обостраната љубов е најубавото нешто шо можи да му се деси на чоек..Иако е многу многу ретка..
Иначе, би избрала да сакам..Нема поубо чувство, од кое имаш пеперутки во стомакот, сонуваш за него, во секоја песна го наоѓаш, па си измислуваш средби во глата, живејш на седмо небо(можи и погоре)..Го анализираш секој негов збор упатен кон тебе..Па прашваш другари/другарки:-Види види жити се, дали ме гледа..?Ме гледа?Ме гледа??јееееее:):)(Така барем јас прам)
И не за џабе е она: Само храбрите сакаат, а кукавиците чекаат да бидат сакани..
Само храбриот може да ја почувствува магијата на љубовта, нејзините крилја кои те вивнуваат горееее горееее...Ама и пеколните пламени кои те спуштаат ептен ептен долу на земја..
 
Член од
17 септември 2007
Мислења
27
Поени од реакции
1
Bolje e da te sakaat,pa mozes da biras sto ke pravis....Zamisli sakas,a ona ne te recka..Zaebano neli....
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Поубо е да те сакат. Не заебавај да сакаш цел живот никој да те нејќи, ебати живото смрден.
 
E

`EsCaPe`

Гостин
Eпа најдобро е да сакаш и таа љубов да ти биде возвратена....ама сепак..ако треба да бирам од овие две..би рекла дека е боље да сакам отколку да ме сакаат..:) ...:toe:
 

Clen 7

Од Форумот
Член од
5 јуни 2007
Мислења
2.843
Поени од реакции
360
Ako e samo Prvoto, ne cini! Za vtoroto nemozam da vi kazam poso ne mi se desilo, ama najubavo bi bilo koga se dvete zaedno.
 

CuCeNcE

perfectly imperfect
Член од
19 јуни 2006
Мислења
1.878
Поени од реакции
7
Ако сакам некој што не ме сака тогаш би се измачувала...Џабе би бил целиот труд, надежта и сите работи што би ги правела за него кога знам дека не ме сака. Од една страна убаво е да сакаш некого, да ги чувствуваш тие пеперутки во стомакот и возбуда кога и да го видиш...али ако таа љубов не е возвратена тогаш се појавува болката...Тешко е да сакаш некој, а да знаеш дека не те сака и не го чувствува она истото што го чувствуваш ти.
А ако ме сака некој, а не го сакам...Би ми било глупо. Убаво е да гледаш како некој ти посветува внимание, те гледа со заносен поглед и прави се за тебе али би ми паднало жал што и јас неможам да му го пружам истото. Би се измачувал он, а и ја со него трудејќи се малце да му удоволам и барем малце да почувствувам нешто повеќе за него...Сепак глупо е тоа да се прави од сожалување.
Како што кажаа сите најубаво е обостраната љубов...Кога и двајцата чувствуваат исто...Најубаво е кога ќе се разбудиш среќно и задоволно со помислата дека тој што го сакаш го чувствува истото за тебе!!
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
не го чувствува она истото што го чувствуваш ти.
А ако ме сака некој, а не го сакам...Би ми било глупо. Убаво е да гледаш како некој ти посветува внимание, те гледа со заносен поглед и прави се за тебе али би ми паднало жал што и јас неможам да му го пружам истото. Би се измачувал он, а и ја со него трудејќи се малце да му удоволам и барем малце да почувствувам нешто повеќе за него...Сепак глупо е тоа да се прави од сожалување.
Замисли, тој ти клечи на колена и ти вика “Ти си мојот живот, те сакам повеќе од себе си“, а ти стоиш пред него и плачеш. Повеќе од него плачеш, бидејќи добрите луѓе сакаат да вратат на добро со добро. Ако не можеш да му вратиш со иста љубов, подобро убиј го. Но тогаш си убиец... па како и да е, лошо е.
Затоа велам, подобро е да сакам јас, а да не ме сакаат мене. Многу помалку жртви има. Јас сам, своето срце можам да го лечам, но и моето и нејзиното, е тоа е веќе работа на Господ, а јас сум само малечко детенце со големи очиња...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom