Ако некој авторитетен би ми го рекол тоа?
Би му се насмеал во лице. Па тој тогаш не би знаел дека еден живот изгубив на флипери и тоа на Мустафа како мал и уште еден пред 5-6 години. Имам уште 7.
А утредента одма му стегам тужба за стрес и ќе го влечкам по судови дури не му потрошам јас нему еден од неговите животи
Инаку, да го цитирам потписов актуелен, се погоди за темава...
"Let us so live... that when we come to die even the undertaker will be sorry"
Ако живеам вака, кој и да е денот нема да ми е мака. Не кажувам никому дека сум го сакал- (ќе) си знаат сите. Веројатно нема да направам ништо посебно што не сум направил дотогаш- зошто да ми е бед последните неколку саати? Ионака нема да има кога да жалам за ненаправеното
За луѓето шо си ги сакам ќе заминам тивко, без драми. Без збогум.
Тој ден ќе ги викнам некаде каде има старо пијано и ќе им свирам. Претпоследна песна ќе биде "Ако умрам ил загинам". Ќе завршам со еден акорд Ге-дур седмица кој ќе асоцира на нешто недоречено... Зошто секој крај е нов почеток.
Ќе темпирам финишот да е на зајдисонце. Јас на плажа, сам. Од кола свири Астор Пјацола. Пијам голтка Џон Даниелс. Навалување на грб.... и одеднаш флеш! Се потсетувам дека имам важна незавршена работа....
Ставам на мене појасот со ТНТ и трк накај собрание, да гушнам некого...
Спектакл ќе е тоа...
Ако го исклучам огнометот на крај, би бил еден сосема обичен ден. Али доста размишљање. Одам да поживеам