Тој последен ден... Не би го поминала со семејството или пријателите.
Со луѓето што ги сакам, ќе се видам на кратко, ќе се поздравам најнормално, како да е... Само обично излегување во град. Ама овој пат нема да им` кажам каде одам. Единствено брат ми ќе го бакнам во чело и ќе му го дадам пликото со тестаментот, со напомена да не го отвора до вечерта.
Ќе ја изгушкам мачката, ќе си ја светнам колекцијата на ТР игрите, да биде сјајна и блескава (цедињата тоа), и ќе си ја средам собата, се` да ми биде уредно наместено, за да нема брат ми проблеми кога ќе треба да ги бара работите од списокот.
Ќе излезам од дома со кучето, и ќе одам до Водно, да се истрчаме за последен пат. И стварно веќе еднаш да се истркалам по удолница! И нема да го карам ако ме излигави по лицето, или ако не е расположен за играње.
Немам возачка, ама баш ми е гајле, нели секако ќе умирам... Голема работа ако ме застанат цајкани. Се мислам само чија кола да ја земам...:raz: Сеедно, еве на татко ми. Не пакувам ништо со мене, само тефтер и молив, а би отишла до некое место со езеро, и до кое има доста за возење. Да имам време за размислување.
Ќе си земам лист хартија и моливот, ќе си седнам на брегот и ќе чекам. Сега веќе би требало да добијам нагон за плачење, ама не... Сепак не.
Треба да е негде пред зајдисонце... Ќе го нацртам баш тоа. Истата слика која јас ја гледам во последните часови - таа ќе ја пренесам и на цртежот. Можеби ќе додадам и птица или две. А од другата страна на листот, само кратка порака до светов... Цитат од еден човек кој многу го почитувам, и без чии приказни немаше да пораснам. Нека остане тајна, јас си го знам.
И уште, ќе си ги проверам оние убави смс пораки во телефонот, што сум ги добила за Нова Година или за роденден... Колку да се потсетам дека имало луѓе кои ме сакале, и на кои сум им` значела. После тоа најверојатно ќе го исклучам сосема и ќе го фрлам во бранчињата.
Кога ќе почне да се стемнува, планирам да сум со фармерките до над колена и боси нозе, влегувајќи во вода. Би требало да е ужасно студена... Немам уште многу, да речеме... И искрено, сега добивам желба да попливам малку. Па нема никој околу, зошто да не...?
На само неколку минути пред крајот, кога ќе излезам од вода, ќе си легнам на грб во плиЧакот, како што од мала правам. Ќе ги погледам малку ѕвездите... И нема да заплачам.
Illusion never changed
Into something real
I'm wide awake and I can see the perfect sky is torn...!