Книжарници...

Која книжарница ви е омилена...

  • Вкупно гласачи
    102
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Ми треба инфо од оние кои се поупатени. Каде може да се најдат колекциите на Толстој, Достоевски, Буковски, Хесе, Кафка, независно на кој јазик се преведени. И дали некаде во градов има книжарница која продава дела на српски или хрватски ?

Фала ви однапред.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880

Од Буковски две книги(Холивуд и Пошта) во Табернакул во издание на Бегемот, три во Ѓурѓа (Блудниот син, Палп и Фактотум) И во Култура ја имам сретнато Шекспир никогаш не го правел ова.
А од Достоевски најмногу книги имам сретнато во Табернакул.
 
С

Сибињанин Јанко

Гостин
Ми треба инфо од оние кои се поупатени. Каде може да се најдат колекциите на Толстој, Достоевски, Буковски, Хесе, Кафка, независно на кој јазик се преведени. И дали некаде во градов има книжарница која продава дела на српски или хрватски ?

Фала ви однапред.
Разгледај ги оние тезги на кеј за стари книги. Можат да се најдат добро сочувани класици. Јас барам од Толстој ама многу е тешко се наоѓаат. Од Хесе ги имаш Демијан, Степскиот волк, Сидарта, Росхалде, Бањски гостин во Ѓурѓа, Игра со стаклени монисти и Степскиот волк (подобро издание) во Табенакул, и Нарцис и Златоуст во Феникс (сите на македонски). Од книгите на Кафка пак ги имаш објавено: Америка и Преобразба заедно со други раскази во Темплум, Замок во Табенакул и Процес во Феникс.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Дефинитивно за мој вкус најдобри се „Табернакул“. Ми се допаѓаат речиси сите нивни наслови. Преводите на сите досега книги што сум ги прочитала во нивно издание се одлични, со исклучок на „Идиот“ од Достоевски. (многу некако ми се видоа испревртени речениците)

Во Матица пред некој ден ја побарав „Кво вадис“ од Хенрик Сјенкјевич и тој продавачот ми рече дека они ја продавале пред дури 4 години и затоа сега ја немале. И уште ми даде напомена дека била скапа книгата.:eek: Навистина не можам да ги сфатам. Па „Папата Јовата“ и други книжулиња со сензационални наслови се преведени и пред „Кво вадис“ и како тие уште се продаваат.
 
Член од
20 март 2008
Мислења
377
Поени од реакции
280
Која ви е оваа книжарница "Табернакул" што има најмногу гласови....:cuc:
На страната, кај што има за барање книги, пишувам "Толстој". Резултат :
Не е најдено ништо! :tapp::facepalm:
 
ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.811
Поени од реакции
7.119
Која ви е оваа книжарница "Табернакул" што има најмногу гласови....:cuc:
На страната, кај што има за барање книги, пишувам "Толстој". Резултат :
Не е најдено ништо! :tapp::facepalm:

Да се обидам да ти одговорам со некое мое видување зошто не е пронајдено ништо.
1. Страницата не е надоградена долго време. Тоа може да се заклучи по тоа што доколку ја отворите нивната, веројатно најпопуларна едиција белетристика, нема да ги најдете нивните последно искочени изданија ( Данило Киш и уште некои други ) .
2. Дури, и да се поставени најновите изданија на страната, треба да се забележи дека на страната се бележат само нивните изданија, а Толстој го немаат издадено што значи, нема логика воопшто да го најдете во нивната страна за пребарување.

Во нивната книжарница има доста изданија од други издавачки куќи, стари изданија и слично, така да доколку некој сака да провери изданија што не се од нивната издавачка куќа, попаметно би било да тркне до табернакул или да се јави во нивната продавница.

Сега, да дадам мое лично мислење на темата.

Најдрага книжарница ми е една, што не постои повеќе, или поточно културниот центар точка што се наоѓаше кај соборна црква. Иако, не беше само книжарница туку и мултимедијален центар јас главно тркнував по книгите или по книгите на темплум ( нели, беа поврзани темплум и точка ), книги што ме направија авантурист кога се работи за читање книги или поточно кажано, кога немав некое посебно познавање од светската книжевност и посиромашно знаење за книгите, го стекнав преку книгите на темплум, најчесто преку купување на за мене тогаш непознати автори, кои што дури сега им го откривам значењето во книжевниот свет. За мене, авантурата при читање книги е многу важна особина, но сега со повеќе интуиција навлегувам во таа игра. Преку темплум ја открив најпрвин, таа поалтернативна проза која неретко, по пат на неправда го имаат тоа место во книжевноста. Драга ми е таа книжарница и, затоа што таму се моите почетоци на читање.

Или - Или имаа претходно едно друго место каде што фунционираа, тоа кај Мала станица. Тоа, иако сум бил само неколку пати додека постоеше, ми беше во близина на моето средно школо, но и некако целата таа атмосфера многу ми се допаѓаше, совршено се совпаѓаа со тоа што имаше таму. Знам отприлика што се случи и зошто се отселија, но исто, драго ми е и сегашното место каде што се, карши ЈБТ. Некој претходно забележа, каде генерално прекинуваат темплум, таму продолжуваат или - или. Така да, може да се сретнат многу нови изданија или воопшто, многу светски помлади писатели кои што вредат.

Табернакул ми се допаѓа моментално, можеби најмногу како простор од сегашниве книжарници. Покрај нивните, квалитетни но и понекогаш солени изданија ( за некои работи разбирам зошто, а некои ми се малце дискутабилни ), има доста и српски квалитетни изданија. Често имаат наплив од нови, нови српски изданија кои што се интересни ( списание посветено за Шулц, Елијаде некое дело што го нема на македонски и многу ствари ). Дури оваа година се запознав со нивната стручна литература и многу ми се допадна, па голем плус и за тоа.

Матица не ги сакам многу, иако имаат некои добри македонски изданија кои се најчесто постари ( 10 тома Милан Ѓурчинов, 10 тома Гане Тодоровски, Матеа Матевски и слично ), но многу ми се допаѓа тој делот што е лево од касата. Таму има изданија што не се нивни, често од издавачки куќи што немаат сопствена продавница па често наоѓам интересни, нови наслови.

Не сум бил многу пати во магор, иако имам доста нивни изданија, ама ми е топла просторија. Ќе одам наскоро, па затоа сега и немам нешто посебно да пишам.

Кафказ ми е исто така супер книжарница, има доста книги на англиски, но и на македонска реч изданијата се таму и од останати македонски куќи. Работат фини луѓе, па и тоа е плус.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.018
Поени од реакции
24.577
Ми треба инфо од оние кои се поупатени. Каде може да се најдат колекциите на Толстој, Достоевски, Буковски, Хесе, Кафка, независно на кој јазик се преведени. И дали некаде во градов има книжарница која продава дела на српски или хрватски ?

Фала ви однапред.
За Буковски и и Достоевски ти одговори Алекс. Толстој тешко ќе го најдеш во понови изданија посебно не клучните Војна и Мир, Ана, Каренина, Воскресение... Ти препорачувм да го бараш кај продавачите на стари книги на кејот карши Холидеј Ин или на улица Македонија. Немој кај теткана на плоштад огин скапа е. И Толстој и Достоевски можеш да ги начекаш ако имаш среќа таму во 10 тома и двата автори, тврди корици, стар и квалитетен превод. И Хесе го имаат. Хесе имаш нешто во Табернакул и мислам уште нешто во Матица и Култура. За Кафка вака ќе видиш. Замок ја имаш во Табернакул, Процес во Матица. Преобразба и Преобразба+други раскази е во издание на Темплум ти ја препорачувам втората оти ја имаш Преобразба плус други раскази. Америка е најскоро издадена и ја имаш и од Темплум и од Антолог. Темплум и Антолог немаат свои книжари, затоа ќе провериш во Или-Или, Табернакул и Матица.
Пишав на темава и порано, гледам Табернакул е во водство оправдано поради широкиот дијазепам* на книги, одбрани автори и добар превод. Го имаш Ружди, Борхес, Хесе, Томас Ман, Достоевски и многу други. Имам сепак 2 критики. Едната веќе ја спомнаа неколкумина-солените цени. Значи освен на саем, тие нивни соленки цени никако да паднат. Другите книжарници имаат иницијативи и преку годината. На пример Магор имаат акција, секоја недела по една книга им е на добар попуст, Или-Или секоја сабота имаат акција каде барем 1 книга а често и повеќе им се од 20% и нагоре попуст. Матица имаа исто одлична акција пред саемот 2 книги за 100 денари, не сите нормално меѓутоа имаше доста интересни наслови Достоевски, Прешен, Жил Верн, Лорка, Чак Паленик и уште доста странски и македонски автори. Табернакул н'цки. Другата забелешка се однесува на самиот формат на книгата. Кога ќе отвориш книга на Табернакул да читаш, од страниците што ти се лево последните редови што се најдесно, и од страниците десно првите редови што се најлево треба малку со мака да ја тегнеш книгата да ги прочиташ и тоа стварно крши филм. Си мислам едно менгеме да си купам да ми ја држи книгата додека јас читам :). Знам дека вака лошо го објаснив, не знам ни како да го доловам поубаво тој проблем, ама тие што купиле книга од Табернакул мислам дека ќе ме сфатат што сакам да кажам. И имам крајна аверзија на читање книги на српско-хрватски, не од некои си националистички побуди него онака просто мака ми е. Исклучиво на наш или на англиски јазик земам книги.

*дијапазон
 
Мислам дека Табернакул имаат попуст на крај на декември кој трае до 14ти јануари, и колку што памтам добар попуст беше, ама не го искористив посебно. Дури и подобар од тој на саем што им е. Да илустрирам, историја на верување и религиски идеи од Елијаде оригинална цена им е 2500, на саемот во април е 2000, а на нивниот саем е 1700 или 1800. Така да, ок саем имаат, ама никаде најава... Ко да не сакаат купувачите да го користат тој саем, дури ни на книжарницата не е објавено.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.018
Поени од реакции
24.577
Мислам дека Табернакул имаат попуст на крај на декември кој трае до 14ти јануари, и колку што памтам добар попуст беше, ама не го искористив посебно. Дури и подобар од тој на саем што им е. Да илустрирам, историја на верување и религиски идеи од Елијаде оригинална цена им е 2500, на саемот во април е 2000, а на нивниот саем е 1700 или 1800. Така да, ок саем имаат, ама никаде најава... Ко да не сакаат купувачите да го користат тој саем, дури ни на книжарницата не е објавено.
Ете видиш, да не ми кажеше појма ќе немав.
 
ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.811
Поени од реакции
7.119
Ете видиш, да не ми кажеше појма ќе немав.
Мислам дека, всушност и никој нема поим за попустот, ама мора да изнајдеме начин да рашириме информации вакви. :) Инаку, сериозно се скапи некои дела, особено македонските. Петре М. Андреевски, Блаже Конески, Венко, Горан ќе ти отиде цел буџет за да купиш книги од нив.

* најмногу за македонските автори ми сметаат некако цените, затоа што се на некој начин помали трошоците ( веројатно, според некои мои размисли и не мора да бидам во право сепак ) од останатите кои што се со превод. Е сега, 5 книги од македонскиве автори = 3 тома Мирча Елијаде? Не знам, сериозно. Не сум толку кенкало по цени обично, ниту циција ама сметам дека не е во ред тоа. Барем, според мене.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Sussaro Фала на исцрпниот одговор. Ќе ги побарам на местата кои ми ги посочи. Што се однесува на форматот на книгите од Табернакул, го имам приметено тоа. Земав некои дела од Кундера и да ти кажам се намачив со читањето на последните редови. Треба добро да се затегне книгата да ми допрат очите до тие редови. Се согласувам исто и во однос на цените нивни, факт е дека се малку пресолени.

Во однос на Матица имам некој анимозитет, неколку пати земам книги од таму со ужасен превод. Последната која ме разочара беше На запад ништо ново, тој што ја преведувал дефинитивно треба да си ја скине дипломата.
 
Јас слабо имам читано дела на Матица ( зборувам за преведени ), а и чувствувам одбивност спрема нивните книги што ги преведуваат последниве години. Веројатно, тоа е и причината поради која и слабо се среќавам со нивни странски дела. Земав поезија од Лорка, препев на Матеа Матевски и сум задоволен ( мада, ова е постаро издание ). Кога беа во заедништво со АЕА имаа и подобар превод, а и подобри дела.( Дервишот и смртта, поезија од Лорка, Гилгамеш...)
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
50
Поени од реакции
30
Информација за онлине книжара на која може да ги најдете најголемиот број наслови од сите македонски издавачи
http://www.kupikniga.mk
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
50
Поени од реакции
30
Единствено на КупиКнига може да ги најдете сите изданија од сите македонски издавачи на едно место.
http://www.kupikniga.mk
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.003
Поени од реакции
5.648
Единствено на КупиКнига може да ги најдете сите изданија од сите македонски издавачи на едно место.
http://www.kupikniga.mk
Претпоставувам вие сте сопственикот... добро би било да се продаваат и книги на старо.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom