Одлична тема. Ќе одвојам 3 куќи што ми прават ќејф, и тоа најбитен критериум ми е кои автори и дела ги обработуваат. Се друго ми е споредно сега нормално не преводи како да се правени од второоделенци, и книги што ако ги фати се распаѓаат.
Темплум
Колекционер сум на нивната Магма едиција, и планирам со тек на време да ги купам сите 90 за сега книги. Книгите на темплум се тоа што ми фалеше. Они се сконцентрирани исклучиво на модерната и постмодерната, односно втора половина на 19-ти, 20-ти и 21 век. Во СФРЈ и 90-ти освен онаа срање Друже Тито ми ти се кунемо литература, Тито сабране дела, Ленин сабране дела, имаше и дел од светските класици али до 19-ти век. Значи имаше Толстој, Достоевски, Виктор Иго, што се со одличен превод и се ама со други зборови ништо ново, да видиш како еволуирала литературата и што се случува на тоа поле во светот денес. Темплум ми пополни еден добар дел од слагалицата што ми требаше во литературата.
Или-Или
Нешто слично како Темплум со две сепак значајни разлики. Темплум повеќе удира на онаа потешка авангарда, и ретки им се насловите од доцни 20-ти век и 21ви, а кај Или-Или е обратното, не дека лимонада литература удираат ама сепак внимаваат книгите да им имаат публицитет и награди, односно пак да се колку толку селери до бестселери, да не речам покомерцијални и повеќе акцент маваат на последните 1-40тина години години, со други зборови хронолошки гледано, каде што завршуваат на Темплум делата, таму започнуваат оние на Или-Или, односно со шахтата на Темплум започнува сообраќајниот метеж на Или-Или.
Табернакул
Да читаш е кул-Табернакул со јогурт. Цените им се поскапи него ли на овие двеве, ама и повеќе вложуваат на превод, дизајн,хартија a и опсегот им е поголем, едно време го објавија комплет Достоевски, па на мое големо задоволство Замок, Борхес, па се до најнови наслови, филозофија, историја, религија, стручна литература, нешто што претходните 2 го немаат. Добро се снабдени со доста интересни наслови, во главном немаат тупости во стилот Како да направиш милион евра за 2 дена, или Како да ја опнеш згодната комшивка а да не те фатат.
Така да одприлика тука се вртам.