Која ви е оваа книжарница "Табернакул" што има најмногу гласови....
На страната, кај што има за барање книги, пишувам "Толстој". Резултат :
Не е најдено ништо!
Да се обидам да ти одговорам со некое мое видување зошто не е пронајдено ништо.
1. Страницата не е надоградена долго време. Тоа може да се заклучи по тоа што доколку ја отворите нивната, веројатно најпопуларна едиција белетристика, нема да ги најдете нивните последно искочени изданија ( Данило Киш и уште некои други ) .
2. Дури, и да се поставени најновите изданија на страната, треба да се забележи дека на страната се бележат само нивните изданија, а Толстој го немаат издадено што значи, нема логика воопшто да го најдете во нивната страна за пребарување.
Во нивната книжарница има доста изданија од други издавачки куќи, стари изданија и слично, така да доколку некој сака да провери изданија што не се од нивната издавачка куќа, попаметно би било да тркне до табернакул или да се јави во нивната продавница.
Сега, да дадам мое лично мислење на темата.
Најдрага книжарница ми е една, што не постои повеќе, или поточно културниот центар точка што се наоѓаше кај соборна црква. Иако, не беше само книжарница туку и мултимедијален центар јас главно тркнував по книгите или по книгите на темплум ( нели, беа поврзани темплум и точка ), книги што ме направија авантурист кога се работи за читање книги или поточно кажано, кога немав некое посебно познавање од светската книжевност и посиромашно знаење за книгите, го стекнав преку книгите на темплум, најчесто преку купување на за мене тогаш непознати автори, кои што дури сега им го откривам значењето во книжевниот свет. За мене, авантурата при читање книги е многу важна особина, но сега со повеќе интуиција навлегувам во таа игра. Преку темплум ја открив најпрвин, таа поалтернативна проза која неретко, по пат на неправда го имаат тоа место во книжевноста. Драга ми е таа книжарница и, затоа што таму се моите почетоци на читање.
Или - Или имаа претходно едно друго место каде што фунционираа, тоа кај Мала станица. Тоа, иако сум бил само неколку пати додека постоеше, ми беше во близина на моето средно школо, но и некако целата таа атмосфера многу ми се допаѓаше, совршено се совпаѓаа со тоа што имаше таму. Знам отприлика што се случи и зошто се отселија, но исто, драго ми е и сегашното место каде што се, карши ЈБТ. Некој претходно забележа, каде генерално прекинуваат темплум, таму продолжуваат или - или. Така да, може да се сретнат многу нови изданија или воопшто, многу светски помлади писатели кои што вредат.
Табернакул ми се допаѓа моментално, можеби најмногу како простор од сегашниве книжарници. Покрај нивните, квалитетни но и понекогаш солени изданија ( за некои работи разбирам зошто, а некои ми се малце дискутабилни ), има доста и српски квалитетни изданија. Често имаат наплив од нови, нови српски изданија кои што се интересни ( списание посветено за Шулц, Елијаде некое дело што го нема на македонски и многу ствари ). Дури оваа година се запознав со нивната стручна литература и многу ми се допадна, па голем плус и за тоа.
Матица не ги сакам многу, иако имаат некои добри македонски изданија кои се најчесто постари ( 10 тома Милан Ѓурчинов, 10 тома Гане Тодоровски, Матеа Матевски и слично ), но многу ми се допаѓа тој делот што е лево од касата. Таму има изданија што не се нивни, често од издавачки куќи што немаат сопствена продавница па често наоѓам интересни, нови наслови.
Не сум бил многу пати во магор, иако имам доста нивни изданија, ама ми е топла просторија. Ќе одам наскоро, па затоа сега и немам нешто посебно да пишам.
Кафказ ми е исто така супер книжарница, има доста книги на англиски, но и на македонска реч изданијата се таму и од останати македонски куќи. Работат фини луѓе, па и тоа е плус.