pain_killer
Invictus
- Член од
- 27 јули 2007
- Мислења
- 4.536
- Поени од реакции
- 2.222
ТЕОРИЈА НА ХАОСОТ - ЏОНАТАН РАБ
Имам претстава дека ваков роман неможе да добие на голема популарност. Причина за ова е малу сувото пишување и малу реалниот приказ на настаните без особена голема и необична авантура. (пример нема кардинали што летаат хелихоптери како кај Ден Бранун).
Меѓутоа, да не ја цепидлачам работава многу, му давам висока оценка на романот како склоп. Добар опис има на настаните, прилично реално доловување на можно политичко сценарио. Да не бидам погрешно разбран, има многу авантура, особено ме восхитија сцените на борбата на возот, пукањето во библиотеката во Германија и финалната акција во ВУлф Поинт.
Ме радува кога авторот вметнува сопствена теорија.. во вистинска смисла на зборот во книгата, како кога Џорџ Орвел ги објаснува граматиката во 1984 во прилог на крајот на книгата, така и тука Џонатан Раб дава своевидна сува Теоријата на хаосот.
Предупредувам дека ова може да биде многу досадно на човек што не го интересираат правно-политичка тематика. Затоа и јас сум на по-малубројните читатели што имаат позитивни критики во однос на овој роман.
Исто топло препорачувам пред да ја читате Теоријата на хаосот да си го набавите "Владетелот" од Џорџо Макијавели, бидејќи често се споменува и се цитира, а и бездруго битно е да се познава добро владетелот да да се навлезе во Теоријата на хаосот во целост. Јас го имав владетелот читано поодамна и тоа ми создаде малку тешкотии, од таа причина и го препорачувам ова.
8/10
СЛИКАТА НА ДОРИЈАН ГРЕЈ - ОСКАР ВАЈЛД
Како што кажав погоре, многу посимпатични ми се правно-политичките романи налик делата на Кафка, Орвел, погоре споменатата Теорија на хаосот ... и Доријан Греј не ми се вклопува на ниеден начин во колекцијата. Меѓутоа не зажалив. И покрај тоа што не ми се по мерак силните метафори и долгите опишувања, приказната ме врати во почетоците на средното образование кога ја читав Шаргинска кожа од Балзак. О.Вајлд, неслучајно еден од најцитираните афтори во историјата. Неговите дела изобилуваат со кратки животни филозовски мисли дури изразени во една две реченици, а ве предизвикуваат да размислувате на таа тема со часови, дури и непреспиени ноќи. Во само 270 страни е опишан животот на аристократијата во тој период во англија, нивните пороци, нивните ставови, културата, уметноста.... И неслучајно и јас и светските експерти ја ставаат во топ15 must reed.
9/10
КУМ - МАРИО ПУЗО
Би рекол најдобра од овие 3 што сега ги пишувам, по мој вкус се разбира.
Никогаш не сум бил фан на италијанската книжевност. Ме изненади едноставноста на Пузо во опишувањето на толку големи настани и случувања. Стилот на пишување е жаргонски кажано Боза или peace of cake, а се доловени настани од енормно крупен калибар. Објаснето е функционирањето на мафијата, меѓусебните борби за превласт. Учеството на политиката и полицијата во работањето на мафијата. Италијанската култура. Особено добро опишани сицилијанските манири и ставови во поглед на прашањето за жените, пороците, одмаздата, животот. И сето тоа објаснето на толу лесен и едноставен начин што без воопшто напрегање читателот ја вари целата приказна. Еден до многуте интересни цитати на донот: "Еден правник со торба документи може да украде повеќе пари од стотина луѓе со пушки."
10/10
Намерно не навлагам во плотот на книгите, а само објаснувам што е долоено во нив и што може да очекува читателот да сретне таму, а целосното задоволство на приказната им го оставам да си ги откријат сами.