Книги кои би ги препорачале

Член од
27 март 2013
Мислења
5
Поени од реакции
1
последно прочитана книга која ми остави впечаток е „69 страници за младината" - македонска книга напишана од некој млад автор кој на реален и саркастичен начин го опишува денешниот живот на младината... секоја чест за дечкото за начинот на кој ја пишува книгата... еве ви линк

https://www.facebook.com/pages/69-страници-за-младината/909736362390958

вреди да се прочита!
 
Член од
28 февруари 2015
Мислења
1
Поени од реакции
1
Мои препораки

„Дете 44“-Том Роб Смит
„Agent 6“-Том Роб Смит (ја нема сеуште на македонски)
„The Secret Speech“-Том Роб Смит (ја нема на македонски)
„Инферно“-Ден Браун
 
Член од
1 септември 2009
Мислења
166
Поени од реакции
56
The varieties of scientific experience
Carl Sagan

На англиски ја имам и сум воодушевен од умерениот тон и упорноста и одмереноста на дискурсот на Карл Саган. Одлична книга.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Само што ја завршив “Доктор Џекил и господин Хајд“ од Роберт Луис Стивенсон.
Топло ја препорачувам на сите, прекрасна книга за дуалитетот меѓу доброто и лошото, дека секој човек има своја добра и лоша страна, за тоа како човек се бори со злото во него, но и понекогаш има желба да го пушти да трча без грижа на совест. Книга која според многумина прва ја начнува темата за подвоена личност, со оглед дека е издадена во 1886 година, за мене е ремек дело.
Има моменти кои се малку непотребни додека се стигне до главниот дел, но во суштина е мала книга (моето издание има 111 страни) и се чита многу брзо бидејќи е многу интересна, посебно кога ќе дојдете до делот на исказот на Џекил.
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
" Вторниците со Мори" (Tuesday's with Morrie), од Мич Елбум.

Неверојатен психолошки роман кој сигурно ќе допре до вас. По 16 години се сретнуваат професор (кој е болен и неговите денови се избројани) и негов студент (кој сега е новинар), и на кој му ја кажува целата негова животна приказна, приказна која содржи еден куп фантастични монолози кои ќе ве наежат додека ја читате.
 
D

Deleted member 53418

Гостин
Мои препораки

„Дете 44“-Том Роб Смит
„Agent 6“-Том Роб Смит (ја нема сеуште на македонски)
„The Secret Speech“-Том Роб Смит (ја нема на македонски)
„Инферно“-Ден Браун
Вторава и третава од каде ги зема ја сум при крај со дете 44 страшно добра книга :D
 
S

Samurai_Sk

Гостин
Некој да ми помогне, барам книги што ке ти помогнат да имаш самодоверба, да бидеш оптимист за животот.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.294
Поени од реакции
5.853
Некој да ми помогне, барам книги што ке ти помогнат да имаш самодоверба, да бидеш оптимист за животот.
Калугерот што го продаде своето Ферари. Без сомнение... Одкако ке ја прочиташ ке ти стане јасно колку е вредна.
 
Член од
19 април 2014
Мислења
400
Поени од реакции
1.113
Некој да ми помогне, барам книги што ке ти помогнат да имаш самодоверба, да бидеш оптимист за животот.
Достигни го твојот максимум - Роберт Иан Симор
-Главно во книгата се збори за успехот, но има и мали делови за како да ја развиеш самодовербата, и оптимизмот и како влијаат врз успехот.
-Не е директно поврзана со самодовербата и оптимизмот, но сепак индиректно е поврзана. Кога јас ја прочитав бев полн со самодоверба и позитивна енергија :)
 

Josef K

трагач
Член од
4 јануари 2014
Мислења
193
Поени од реакции
690
Некој да ми помогне, барам книги што ке ти помогнат да имаш самодоверба, да бидеш оптимист за животот.
Почни со Достоевски, Кафка, Ками и Пруст. После Сартр („Тегобност“ пред се) и Емил Сиоран. :D
 
S

Samurai_Sk

Гостин
Почни со Достоевски, Кафка, Ками и Пруст. После Сартр („Тегобност“ пред се) и Емил Сиоран. :D
Што ти помагат Достоевски,Кафка за оптимизам ? :icon_mrgr: или јас не ги разбирам нивните пишувања
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.072
Поени од реакции
21.950
Некој да ми помогне, барам книги што ке ти помогнат да имаш самодоверба, да бидеш оптимист за животот.
Maнифестот на вмро, преродба во 100 чекори. :P
Земи побарај го Ошо и пријателите од Хинду - Будизам компанија каде што во секоја книга смислата на животот ја разработуваа од позитивен аспект.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.037
Поени од реакции
15.627
Што ти помагат Достоевски,Кафка за оптимизам ? :icon_mrgr: или јас не ги разбирам нивните пишувања
Ќе ти помогнат на начин кој ќе ти овозможи да согледаш дека од твоето лошо секогаш има и полошо и дека сепак, човекот соочен со лоши моменти и ситуации колку и да изгледаат безизлезни нема друг избор освен да се соочи и обиде да се справи со нив. Во секој случај ќе ти пружат прилика да се поврзеш и сочувствуваш со главниот лик и бараш некои заеднички допирни точки, што е секако, барем за мене многу помотивирачки од читањето на "Калуѓерот..." и слични боза романчиња. Или ќе те закопаат уште толку во депресивното сивило:)

Он: Јас би ви ја препорачал "1Q84" од Мураками, зашто досега не сум почувствувал толку прецизно доловена магичност која владее во текот на целиот роман и кулминира во третиот дел. Ептен ми праат мерак животните филозофии на Мураками, можеби зашто блиску ги гаѓаат моите. Се е надреално а сепак толку суштинско.
 
S

Samurai_Sk

Гостин
Фала дечки за сите совети, искрено не сум бил многу по читањето но мотивиран сум, одлучен 100% да бидам дел од семејството на читатели.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom