Книги кои би ги препорачале

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.536
Поени од реакции
2.222
ТЕОРИЈА НА ХАОСОТ - ЏОНАТАН РАБ
Имам претстава дека ваков роман неможе да добие на голема популарност. Причина за ова е малу сувото пишување и малу реалниот приказ на настаните без особена голема и необична авантура. (пример нема кардинали што летаат хелихоптери како кај Ден Бранун).
Меѓутоа, да не ја цепидлачам работава многу, му давам висока оценка на романот како склоп. Добар опис има на настаните, прилично реално доловување на можно политичко сценарио. Да не бидам погрешно разбран, има многу авантура, особено ме восхитија сцените на борбата на возот, пукањето во библиотеката во Германија и финалната акција во ВУлф Поинт.
Ме радува кога авторот вметнува сопствена теорија.. во вистинска смисла на зборот во книгата, како кога Џорџ Орвел ги објаснува граматиката во 1984 во прилог на крајот на книгата, така и тука Џонатан Раб дава своевидна сува Теоријата на хаосот.
Предупредувам дека ова може да биде многу досадно на човек што не го интересираат правно-политичка тематика. Затоа и јас сум на по-малубројните читатели што имаат позитивни критики во однос на овој роман.
Исто топло препорачувам пред да ја читате Теоријата на хаосот да си го набавите "Владетелот" од Џорџо Макијавели, бидејќи често се споменува и се цитира, а и бездруго битно е да се познава добро владетелот да да се навлезе во Теоријата на хаосот во целост. Јас го имав владетелот читано поодамна и тоа ми создаде малку тешкотии, од таа причина и го препорачувам ова.
8/10

СЛИКАТА НА ДОРИЈАН ГРЕЈ - ОСКАР ВАЈЛД

Како што кажав погоре, многу посимпатични ми се правно-политичките романи налик делата на Кафка, Орвел, погоре споменатата Теорија на хаосот ... и Доријан Греј не ми се вклопува на ниеден начин во колекцијата. Меѓутоа не зажалив. И покрај тоа што не ми се по мерак силните метафори и долгите опишувања, приказната ме врати во почетоците на средното образование кога ја читав Шаргинска кожа од Балзак. О.Вајлд, неслучајно еден од најцитираните афтори во историјата. Неговите дела изобилуваат со кратки животни филозовски мисли дури изразени во една две реченици, а ве предизвикуваат да размислувате на таа тема со часови, дури и непреспиени ноќи. Во само 270 страни е опишан животот на аристократијата во тој период во англија, нивните пороци, нивните ставови, културата, уметноста.... И неслучајно и јас и светските експерти ја ставаат во топ15 must reed.
9/10

КУМ - МАРИО ПУЗО

Би рекол најдобра од овие 3 што сега ги пишувам, по мој вкус се разбира.
Никогаш не сум бил фан на италијанската книжевност. Ме изненади едноставноста на Пузо во опишувањето на толку големи настани и случувања. Стилот на пишување е жаргонски кажано Боза или peace of cake, а се доловени настани од енормно крупен калибар. Објаснето е функционирањето на мафијата, меѓусебните борби за превласт. Учеството на политиката и полицијата во работањето на мафијата. Италијанската култура. Особено добро опишани сицилијанските манири и ставови во поглед на прашањето за жените, пороците, одмаздата, животот. И сето тоа објаснето на толу лесен и едноставен начин што без воопшто напрегање читателот ја вари целата приказна. Еден до многуте интересни цитати на донот: "Еден правник со торба документи може да украде повеќе пари од стотина луѓе со пушки."
10/10

Намерно не навлагам во плотот на книгите, а само објаснувам што е долоено во нив и што може да очекува читателот да сретне таму, а целосното задоволство на приказната им го оставам да си ги откријат сами.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.649
Поени од реакции
13.112
Препорачај нешто од ПРОаЗА, pls.
Лесно или тешко бараш?
Ако е за лесно и по малку комично со доза на цинизам, ти ги препорачувам „Мојот маж“ на Бужаровска или евентуално „Осмица“. Мислам дека некаде пишав за „Фотосинтеза“ од Ангелков, лесен е, баш онака да се одмориш од секојдневието и да пропатуваш со мислите до Будимпешта. Башка има еден концепт „книга-во-книга“ ако си фатил дел од 80тите и цели 90ти ќе ти се допадне.
За разлика од погорниве „Играта на ДеНиро“ го опишува суровиот живот измеѓу поделеното општество во Либан во 80тите. Нешто налик на Ловец на змејови, со малку поинаков стил и опис за тоа што е вистинско пријателство. Slumdog millionaire сценарио. Така нешто.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.808
Поени од реакции
33.647
Лесно или тешко бараш?
Ако е за лесно и по малку комично со доза на цинизам, ти ги препорачувам „Мојот маж“ на Бужаровска или евентуално „Осмица“. Мислам дека некаде пишав за „Фотосинтеза“ од Ангелков, лесен е, баш онака да се одмориш од секојдневието и да пропатуваш со мислите до Будимпешта. Башка има еден концепт „книга-во-книга“ ако си фатил дел од 80тите и цели 90ти ќе ти се допадне.
За разлика од погорниве „Играта на ДеНиро“ го опишува суровиот живот измеѓу поделеното општество во Либан во 80тите. Нешто налик на Ловец на змејови, со малку поинаков стил и опис за тоа што е вистинско пријателство. Slumdog millionaire сценарио. Така нешто.
Фотосинтеза и Играта на Де Ниро ги имам - не дошле на ред за читање. Друго нешто? Од на Шлинк романите? Скандинавците? Новиот на Мичел? Му се мислев и на „Институт за регулирање на времето”, ама што знам...
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.649
Поени од реакции
13.112
Фотосинтеза и Играта на Де Ниро ги имам - не дошле на ред за читање. Друго нешто? Од на Шлинк романите? Скандинавците? Новиот на Мичел? Му се мислев и на „Институт за регулирање на времето”, ама што знам...
Шлинк е ок, Читачот гарант ти е читан ( :D), можеш и Викенд да го почнеш. Другиве не ги знам искрено.
Од Темплум можам да ти ги препорачам „Прашај ја правта“ на Фанте или “Дипломец“ на Чарлс Веб, немаш утка.
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.345
Раскажи ми ги соништата (Сидни Шелдон)

Шокирана сум од крајот.Мислам дека не постои некој кој ќе го предвиди дефинитивно.Толку непредвидлива значи нешто ненормално.Значи толку ќе се навлечеш на книгава што за еден ден ја прочитав немав време и нерви да чекам да дознаам што ќе се случи.
Искрено ви ја препорачувам на сите посебно на оние љубители кои сакаат мистериозни и психолошки книги сигурна сум дека ќе ви се допадне.
Се друго што ќе напишам ќе е за џабе,само најдете ја и почнете со читање не ви треба ништо како предговори читање.
п.с Шелдон си го почитувам многу во топ 5 писатели ми е имам читано и други книги од него така да можете и нешто друго да проверите од него доколку сте немале можност да читнете.
 

red baron

sad but true
Член од
3 ноември 2012
Мислења
960
Поени од реакции
825
Sniper on the Eastern Front: The Memoirs of Sepp Allerberger, Knight's Cross

Многу добра книга. Одамна не бев прочитал нешто навистина добро. Војната на Источниот фронт во очите на вториот по резултантност снајперист на Вермахтот - Josef 'Sepp' Allerberger (257 потврдени убиства). Само на 18 години Сеп доживува сите ужаси на војната. Вистинска слика на војната - крвава, безмилосна и сурова.


Josef 'Sepp' Allerberger
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.814
Поени од реакции
15.739

https://es.wikipedia.org/wiki/Jos%C3%A9_Eustasio_Rivera
https://es.wikipedia.org/wiki/José_Eustasio_Rivera

The escape from the city of a man driven away bythe hipocresy and the farse of bourgeois society becomes an epic of brave but doubly defeated men: once bythe harshness of the natural world and twice by the perverse morality of the slavedrivrs of the Amazonic rubber plantations. At the same time intrepid and unwary are these men. Spurred by futile drams, they follow a path of mirages, the trailmarks of Death lying in the bush. They ignore the terrible, centripetal force that drags them in; they ignore that they are tracking a dark and terrifyling animal that lies hidden in the juggle.
 
Член од
20 декември 2015
Мислења
122
Поени од реакции
40
jas odamna ne sum citala ama mi se cita nekoja psiholoska pa ne e loso da preporace
 
Член од
27 октомври 2009
Мислења
89
Поени од реакции
14
Препораки на кои ми текнува во моментов се два бестселери „Крадачка на книги“ од Маркус Зусак и „Искупување“ од Ијан Мекјуан. Имаат одлични екранизации.

А од Клезио се преведени: „Пустина“ (ТРИ, Скопје), „Африканецот“ (Слово, Скопје) и „Златна рипка“ (Микена, Битола). Ги немам читано и не знам какви се преводите, ако некој читал нека ме дополни. :)
Da nadopolnam - Black Dogs od Ian Mekjuan isto odrabotuva temi od Vtora svetska vojna.[DOUBLEPOST=1455902573][/DOUBLEPOST]
Грев е фекалната материја што ја пишуваат овие личности, посебно Спаркс и Стил да спадне во жарнот литература...
Hmm, iako ne sum fan na ovie avtori i nivnite dela, ne bi gi osudila kako ,,fekalna materija''.
Kolku i da e nekvalitetna, sepak e literatura.
 
Последно уредено:

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.345
Сидни Шелдон-Раскажи ми ги соништата им ја препорачувам на сите кои сакаат мистерија и психологија...Врв[DOUBLEPOST=1457872955][/DOUBLEPOST]
Ја читав пред некој месец, ми беше како дело за обработка за на училиште. Искрено, книгата е досадна за читање, но доста имаше да се коментира на таа тема, доста интересна за организирање на „сочна“ дебата: „Кој е во право?“ :)
Да во право си за средно образование е делово,поточно за 4та година.Колку и да е досадна за читање сепак е многу поучителна + има историсрка основа,солунските атентатори.И се согласувам дека би било сочна дебата,секогаш ќе има што да се каже и за едниот и другиот :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom