Клише реченици кои сите ги мразиме

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.135
Поени од реакции
2.778
„Мисли го фатил Господ за муда“.

Една од поупотребуваните клише реченици задниве 3-4 години...
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.135
Поени од реакции
2.778
„Ак ти се работат работи, ак не ојси“,

Или пак „Ак ти чинит седи ак не ојси“.

Клише реченици на секој Експлоататор...
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.321
Поени од реакции
17.764
Машала, машала, машала... Пу, пу, пу, пу... пљукната на татко ти си.
Многу личиш на мајка ти. Иста си ко сестра ти. Кога ти видов, мислев она си. Пу, пу, пу...

Па на кого друг да личам? На Драган Вучич? :vozbud:
 
K

kalimer0

Гостин
Кога ќе јадам и некој ќе ми рече наздравје. Знам дека е културно ама го мразам. Да примам вакцина и да ми рече некој - во ред.
Значи само јадам, ништо посебно, ништо несекојдневно. :)
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.045
Поени од реакции
953
ili
vie maskite site ste isti (ta ne si morala site da gi probas)
na ovoj svet samo masko da si
--- надополнето: 27 декември 2013 во 02:26 ---
(se izvinuvam za latinicata)
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.135
Поени од реакции
2.778
ТОП 5 клише реченици кај македонскиот народ:

1. To e - Убедливо најупотребуваната клише реченица. Oваа клише реченица се спомнува од секого скоро на секои пет минути... Водиш дискусија на една тема на крајот мора да се рече то е, после на друга тема и пак то е, трета тема и пак то е... А има и ситуации неколку минути никој ништо не дискутира и пак еден да кажи - И то е...

2. Шо имат ново кај тебе - Оваа клише реченица се користи на секое гледање и јавување. Се гледаш насабајле во 09.00 часот со соседот и те прашува; Шо имат ново кај тебе? После се гледаш вечерта кон 17.00 - 18.00 часот и пак те прашува Шо имат ново кај тебе? Шо можи да има ново за временски интервал од 8-9 часа??? Па ако имат ново самиот ќе видит без да му кажиш...

3. Шо ќе се пофалиш - Колку и да се фалиш после сат-два време дискусија, пак мора да те праша И друго што ќе се пофалиш...

4. И Друго шо ќе кажиш - Цел сат ти нешто ќе му кажуваш, а тој цело време си ќути и те слуша и ќе те праша и друго шо ќе кажиш...

5. Абе животиште или Животиште бе - Во последно време актуелна е оваа клише реченица. При секое кажување на некој проблем некој мора да рече Животиште бе или То е животиште...

Сето ова е показател дека нашиот народ е со сиромашен речник...
 
G

garthok

Гостин
Машала, машала, машала... Пу, пу, пу, пу... пљукната на татко ти си.
Многу личиш на мајка ти. Иста си ко сестра ти. Кога ти видов, мислев она си. Пу, пу, пу...

Па на кого друг да личам? На Драган Вучич? :vozbud:
На комшијата.
 

perez9

расипано јајце
Член од
30 декември 2013
Мислења
1.041
Поени од реакции
991
Да/Не одговори и добро и океј.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom