Мене ми се многу смешни оние клише фрази по ТВ емисиите, на пример ќе ја прашаат некоја цура, најчесто пејачка, манекенка, водителка или нешто слично, дали е во врска, или дали е заљубена, и оваа ќе почне да вергла нешто како "Јас сум секогаш заљубена, љубовта е моја движечка сила, ми дава инспирација, сила, мотив дрн -дрн..." Или кажи тоа шо те прашале или заќути, а не пола саат да млатиш празна слама и пак ништо да не кажеш.
Или па ќе ја прашаат нешто во стилот "Што треба да поседува еден маж за да те освои?" И оваа ќе одговори пак со некој клише муабет, најбитно е да има харизма, смисла за хумор, самодоверба, манири, не знам што, а уствари и сегашниот и сите претходни дечковци и биле некои си нафатирани билмези со харизма колку и една ѕивана од точак.