Кога сме кај местенкиве, vidooq дај кажи како се мести у мак втора лига точен резултат 3:1 и како после автоматски се добива лимит на уплата на бет365 од максимум 1 евро
Џабе, има луѓе на кои ке им понудиш доказ, и нема да го прифатат.
Често се мешаат поимите, кикс на фаворит, и местенка.
Факт е дека има мечеви во кои фаворитот не се залага премногу во мечот.
Нормално, тоа носи сомнеж. Не секој кикс на фаворитот е местена утакмица.
Ама во последно време премногу петарди почнаа да се појавуваат.
Погледни дека секоја недела навечер, најуплаќаната утакмица не излегува.
Тогаш кога СИТЕ се вадат за лошиот викенд.
Фудбалот почнаа да го вртат кладилнициве, во голема мера.
Има местенка до тој степен што играчи самите ја уплаќаат утакмицата.
И тоа, репрезентативци.
Не сакам да зборам на форум за вакви работи, ама седејки со поранешен играч на Силекс на кафе, а добар пријател со Попов наш со кој секојдневно се слушаат по телефон, слушнав дека Челси сигурно нема да го тепа WBA.
Попов наш му кажал дека не губат вечер. Ми се виде жими кур муабетот, па и си го уплатив кец Челси на солидна уплата, ама Челси стварно не го тепаше WBA, а Чех прими пацерски гол.
Колку и неверојатно да звучи, мене лани Нориџ-Јунајтед ми беше многу сомнителна утакмица.
Ферги прави прва измена во 83-та некаде, вади напаѓач, го пушта Гигс, а губи 1-0 од 55-та минута.
Во сезона во која Манчестер на секој ривал од големата четворка му даде по 2 гола, и по 3-4 на секој друг противник, против Норич воопшто не се ни обидоа да нападнат, а не пак, да дадат гол.