Спортинг - Абердин 1 (1.50 квота)
Спортинг се доста подобар тим на хартија, одморени се, последна утакмица им е против Ваљадолид (пријателска) на 04.09. Колку што можев да најдам по нет немаат повредени/суспендирани играчи, треба да се одморени и со полна сила да влезат во дуелот. Абердин се океј тим, во првенство на 6 натпревари имаат 5 дадени и 5 примени гола, 4 победи и 2 порази. Квалификациите за ЛЕ ги поминаа прилично лесно (против Викинг и Рунавик). Очекувам доста мотивирано да влезат. После паузата дуелов со Спортинг им е втор дуел против квалитетен противник (првиот им е пораз од Ренџерс), очекувам и овој дуел да го загубат.
Вилиам II - Ренџерс Х2 (1.24 квота)
Вилијам почнуваат да заличуваат на сериозна екипа. Имаат доста млад состав и сакаат да даваат голови. Во првенство имаат 1 пораз од Хеервен 2:0 и победа над Хераклес 4:0. Во квалификациите за ЛЕ го поминаа Ниедерком со 5:0. Ренџерс се фаворитот тука. Доста разигран тим, во лига имаат 6 победи и 2 нерешени со 17 дадени и само 2 примени гола. Имаат искусни играчи но имаат и добри млади таленти. Очекувам доста добар натпревар, доста борба. Верувам дека Стиви ќе сака во 90 минути да ја реши утакмицата. Искуствто на играчи како Дефо, Дејвис, Џек во комбинација со таленот и желбата за докажување на Морелос, Кент, Хаџи очекувам да ги однесе во Лига Европа.
Јас лично ќе ги играм чиста 2ка (1.8квота)
Милан - Бодо 1 (1.3 квота)
Милан тука е голем фаворит. Очекувам сигурна победа од 2 до 3 гола разлика. Мнатите 2 утакмици Милан и ги доби баш со тој резултат. Со оглед на тоа што се игра само еден меч очекувам доста претпазливо да влезат и да не се трошат до максимум т.е да одиграат онолку колку што е потребно за сигурна победа. Бодо моментално доминира во Норвешка. Има 16 победи и 2 нерешени со 65 дадени гола и 20 примени. Имаат доста млад и неискусен состав, би требало поофанзивно да се постават но освен 1 гол во мрежата на Милан тешко нешто друго да видиме. Милан треба лесно на квалитет и на искуство да го добие натпреваров.
Галатасарај - Хајдук 1 (1.75 квота)
Галата првенството го почна одлично, има 2 победи од кои една над Башкашекир, во лига 5 дадени и 2 примени гола. Тимот им е одличен спој на млади таленти и стари искусни волци. На хартија доста подобри од Хајдук а и во добра форма се влезени. Едноставо не верувам дека Хајдук со овој состав и со оваа игра што ја има ќе може да му парира на тим ко Галатасарај.
Квота 4.26 сл.
Квота со Ренџерс чиста 2ка 7.05