Пошо ме мрзи На сите посебно да одговарам вака Сега
Работам работа која не ја сакам воопшто
Наскоро во јуни ќе ја прекинам.
А грешката е во тоа што ме наогаат момчиња На кои им се допагам
И жал ми е да ги оставам ќе се смувам со нив :/
Па п.... Му материна треба сама себе да се жалам а не нив.
И поради сето ова ти немаш желба за понатаму?
Јас навистина разбирам дека секој различно се носи со проблемите, некому ситни проблемчиња му тежат премногу, некој може да се справи и со големи проблеми и да продолжи напред во животот, но ова е мачкина кашлица во однос на реален проблем кој навистина може да те тишти во животот.
Седни и размисли, колку е неблагодарно ова спрема оние кои навистина доживеале трагедии во животот од кои немаат воља за понатаму, но сепак стискаат заби и продолжуваат. Наоѓаат некаква цел во животот и сепак, продолжуваат.
Ако ова е тоа што тебе ти ствара суицидални мисли, тогаш што да речеме за деца кои се сираци, за деца кои немаат леб да јадат, што да речеме за оние кои имаат дома родители алкохоличари...? Колку од нив продолжиле по прав пат и покрај се, се решиле за живот и машки се држат до крај?
Мене во најмала рака твоите проблеми ми се смешни. Несакам да пишувам што сум доживеала и што оставило последици на мене, затоа што долга и широка ќе биде, а и несакам приватниот живот да си го ставам на тацна.
Добро размисли, која е твојата цел во животот, освен да се муваш со некои на кои им се допаѓаш, чисто за да не ги растажиш?
Работиш работа која не ја сакаш? Некој никаква работа нема, и неможе да најде, биди благодарна и тоа што го имаш. Во ваква состојба во која живееме мене ми е многу патетично да слушнам некој кој се жали дека не си ја сака работата, затоа што, луѓе со факултети завршени на пазар продаваат. Затоа што некој им се сере врз трудот, а ти седиш и кукаш, како твојата работа не си ја сакаш. И тоа, благодарно ли е? Знам дека има и подобро, ама размисли и колку полоши случаеви од твојот има.
Зошто сами си стварате проблеми и грди мисли? Мислам, досадно ви е во животот, па за да ви биде поитересно паѓате во депресија ради глупости?