Имам еден проблем. Понекогаш многу се нервирам за некои работи што нема потреба да се нервирам. А кога ќе разберам дека сум немал потреба да се нервирам за тоа, потоа се нервирам зошто сум се изнервирал за глупости.
Хах,ја го имав истиот проблем.
Посебно со тоа нервирањето отпосле,коа ќе сватам дека џабе сум се замарал.
Али не е нешто што тешко се решава.
Околу првиот проблем,пред да ти дојде нервозата,застани,изброј до десет,анализирај ја ситуацијата и размисли дали е тоа нешто доволно вредно за да се нервираш за него.
Ако е,тогаш нервирај се,но сепак,вложи труд да го решиш.
На тој начин,нема да се нервираш отпосле,бидејќи уште однапред си бил свесен дека тоа нешто вреди и дека си се обидел да излезеш на крај со него,имаш сатисфакција дека си се трудел.
Во другиот случај,кога ќе размислиш и анализираш,ако сватиш дека не е вредно да се замараш со него,тогаш едноставно остави го настрана,тргни го од својот живот и оди понатаму.
Со време ќе сватиш дека мноооогу малку работи во животот се доволно вредни за да се нервираш за нив и ќе почувствуваш вистински мир.
Интровертност во големи количини. Пробувам да се отворам во друштво но секогаш постои тој страв од неприфаќање во друштвото. Друго што забележав е дека кога сум само со еден/една бариерите се драстично помали. Тогаш си правиме сосема нормален муабет и полека тој „страв“ го губам. Знам дека некој ќе рече самодовербата е слаба. Но како да ја кренам?
Па нема некој експресен начин за кревање самодоверба,освен оние вештачките,кои верувам дека не ги посакуваш.
Самодовербата доаѓа спонтано.
Седни и размислувај за тебе.
Во такви моменти,ти треба да бидеш фокусот на своите мисли,никој друг.
Анализирај ги своите вредности и недостатоци.
Верувам дека имаш многу од оние првите,но мораш да ги ставиш на преден план,за другите да успеат да ги видат.Кога ќе се случи тоа,лугето околу тебе ќе сватат колку вредиш,ќе го искажат тоа и ќе добиеш огромен его-буст.Качување на самодовербата,нормално.
Но за да се случи такво нешто,мора прво сам да ги согледаш и осознаеш вредностите во тебе и после тоа да ги презентираш.
Затоа,самоанализа.