Имам проблем... Смешен е, глуп, моронски, за кого како, ама за мене е крајно сериозен. Ги молам сите што сакаат да си играат мајтап со истиот, да одат во темата вицотека. А останатите да ми поможат со совет... Суеверна сум... Многу... Црни мачки, црвени марамчиња,долна облека која ми носи среќа, во сето тоа верувам. Имам среќно пенкало мамата, коа пишувам со него стално петки вадам :wink: Но, секоја година, баш утрешниот ден, значи денот кога се пали оганот, мене ми се случува нешто сериозно... Премногу сериозно! Се` започна пред 3 години кога на овој ден ме нападна педофил. Немав никакви физички последици од тоа, но дефинитивно во психата ми останало... Прашањето ми е, како да престанам да го сметам утрешниот ден за баксузен? Едноставно знам, убедена сум дека дури и да останам во кревет да спијам, ќе ми падне слика на гла и ќе ме погуби... До тој степен се паничам. Помош?:back:Ениуан?
Па добро,и сама си свесна дека си премногу суеверна.
Зошто не го разгледаш тој факт?
Види,животот го креираме ние самите.
Ако ти континуирано мислиш дека на тој ден ќе ти се случи нешто,тоа и навистина ќе биде така.
Но,ако застанеш,вдишиш длабоко и си речеш на самата себеси дека се што се случува е само поради твојот ум,и дека ти сама си моќна да го измениш текот на настаните(кои би довеле до некаква несреќа),тогаш ќе се ослободиш од суеверието.
А околу ситните деталји(среќни пенкала,долен веш и сл.),предлагам да си ги задржиш околу тебе.
И сама кажа,кога пишуваш со тоа пенкало,секогаш добиваш петки.
Значи,тоа е објект што и дава сугестија на твојата свест дека треба да креира позитивни резултати,и затоа таа тоа и го прави(кога го имаш пенкалото,веројатно си повеќе сконцентрирана,знаењето доаѓа полесно).
Нема причина да се ослободуваш од тие предмети,кога влијаат позитивно на тебе.
Задржи ги среќните предмети околу тебе,има причина зошто дошле тука(иако таа не е божествена,ако мислиш на тоа).
Hope i helped.