Кајгана психолог

Член од
24 декември 2013
Мислења
470
Поени од реакции
660
Ај еднаш два пати да испиеш кафе сам, океј. Ама лошо е кога немаш со кого да си сврзиш две реченици муабет бе луѓе. Човекот е социјално битие. Инаку, навистина не го може секој тоа зборувањето со случајни минувачи, со келнери, со продавачки, таксисти итн. Зависи од карактер. А и не може да се споредува ваков 'разговор' со разговорите кои се водат со пријателите. Со таксисти најчестите муабети ми се за временска прогноза и ми е ултра досадно возењето со такси, го избегнувам во секоја прилика. Со келнери (зборам за келнер што е на работа додека пиеш кафе во кафич), ваљда би си правеле муабети за кафињата, различни вкусови, итн. Не знам, не е тоа тоа, нема поента. Пријателството има поента. Преку разговорите и запознавањето го градиш и усовршуваш. Колку даваш, толку добиваш. Ама океј е ете и од таму да се почне, како отскочна даска за стекнување нови пријателства.
Иако, имам забележано дека последните две години додека трае пандемијата целосно се изместени дефинициите за вистинско пријателство. Многу ми е извештачено, површно, секој си гледа за себе. Себичност и егоизам пришти на сите страни.

Во меѓувреме, може да разговара со оние старите на кој што им помогнал, па и да им се отвори за тоа како се чувствува. Ако и после тоа нема никој, барем ќе се увери дека навистина не му се прави другари. Вистина е тоа дека ние луѓето некогаш сме прокупирани со нашите проблеми и не забележуваме што ни се случува во најблиска околина.

И форумов е супер место за дружење.
Домашен миленик е секогаш одличен компањон. Па и книгите! А зошто да не и разговор со психолог?

Се извинувам Маја тебе што ти го нафрлив одговорот, ништо лично, само се надоврзав.
Nema problem ne se izvinuvaj.No Ako chovek e vo period koga drugarite se trgnale I gi snemalo ,nema vrska I partner/ka, mora da pocne od nekade. Prijatelite se dinamichka velichina se pojavuvaat, se gubat, se sozdavaat novi.Samo 1-2 ke gi imas I vo pokasen period.No tie 1-2 ne se Konstantni cel zivot I pravis mnogu kompromisi za da gi zadrzis, toleriras raboti koi mozebi I ne se za toleriranje no poradi godinite opstanuvate.
MOZEBI tRebA da se skoncentrira chovek vo baranje na srodna dusha koja ke ti bide I drugari/ka, partner I ljubovnik/ca. No I toa e dolgotraen process I sklop na okolnosti.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Ти го следам проблемот извесно време. Имаше проблеми со местоположбата на живеалиштето со твојата девојка, имавте некоја комплицирана врска, каде и потоа раскинавме (мислам дека ова е коренот на сите твои проблеми). А мислам дека и сега скоро сте имале нови дополнителни проблеми! Претпоставувам дека тоа те исцрпува. Се извинувам ако грешам.

Сите различно ја перцепираме и доживуваме самотијата (која е опасна само ако се претвори во осаменост). Колку и да сме социјални суштества, некогаш сакаме да се изолираме од сѐ и да останеме сами со нашите мисли, да се сосредочиме на нашите проблеми и да најдеме одредени излезни решенија. Ништо лошо нема во тоа да седнеш сам на кафе. Чисто се сомневам дека некој го коментирал тоа што седиш сам.

И самото друштво поминува низ еден еволутивен пат, најголемиот дел работат, а дел имаат и семејства, што им се повеќе од доволна преокупација. Така не може да им се замерува. Но не верувам дека некој нема да најде време да седне со тебе ако знае низ што поминуваш и како се чувствуваш.

Топло ти препорачувам да влезеш во некое друштво во форумов (има неколку активни клубови, како филм или фотографија). Тоа ќе ти преокупира дел од времето, плус ќе се најдеш во разговор. Па и базичната комуникација е форма на комуникација. Многумина ја потценуваат. Истата ми беше мост за фантастични пријателства од и на самиов форум. Тоа нема да ти го реши проблемот, ама ќе ти биде преокупација.

Ако сакаш за нешто да разговараш, слободно пиши ми во секое време. :)
 
Член од
12 ноември 2021
Мислења
99
Поени од реакции
76
Абе ова е интересено коа глеаш филм па седнуваш на шанк и разговараш со шанкерот што има префрлено крпа преку рамо, па објаснувате филозофии, смисла на живот, тој ти кажува дефиниции и ти го оправа животот.
Оди вака кај нас, ќе ти рече друже што ќе пиеш кажи имам гужва, или ако нема гужва ќе си чепка у телефонот.

Или со таксист хахаха испотен таксист што ти пуши цигара доека те вози со отворен прозор и те убива со промаја, ќе ти праи муабет како е лошо у Македонија, како е лошо платен, како ја украле државата, доека пцуе по други коли, влага у макази, поминува на жолто и не застанува на пешачки.

Ене и горе муабетон на маја-маја, класика од филм некој, у црква идење каде ќе начекаш само еден клисар што дреме, свеќи што горат и рандом ликови што дошле да ги палат истите за мртовци или за себетешење дека горниот ќе им даде здравје и среќа.
У црвен крст не знам како е ама сигурно не е интересно како во некое мирно место у Северна Дакота каде млада Френцис Мекдорманд која се лечи од зависност од хероин иде у локалниот центар за социјални работи и се пријавува како волонтер да служи храна на бездомници и пензионери пред Божик, па така си ја наоѓа смислата за живот и повторно почнува да живее.

И најјаките совети ми се овие од типот најди си хоби, занимавај се со спорт, иди у теретана, хахаха иди у мадафакинг теретана, ко тоа да е најлесното нешто на светот па ете еден депримиран лик туку така ќе отиде у теретана да дига железо без програма и слично. Ќе дојде дома со ишијас, дискус хернија и скинати ацл.
Браво другар сето ова што го пиша
сето е точно
од збор до збор!!
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.431
Поени од реакции
11.279
Точно кажа се само не се согласувам
околу тоа да им каже на другарите
бидејќи тоа ќе го сфатат како негова
слабост и ќе го уништуваат полека,
најдобро нека разговара со неговите
тие се искусни луѓе го поминале
сето ова,и сигурно на своето дете секој родител му мисли се најдобро и ќе му го кажат најдоброто решение
Ако го сфатат како слабост и го реметат заради тоа, мислам дека ќе си направи услуга и конечно ќе раскрсти со нив.

Патем, не знам ниту колку години е дечкото, ниту ништо друго за него. Ако е помлад, се разбира дека треба прво да си разговара со родителите и мислам дека подобар совет од тоа што ќе му кажат дома нема да добие.
 
Член од
11 мај 2021
Мислења
55
Поени од реакции
50
Како да се заштитам од туѓи злобни коментари, закачки од блиските? Како да се одбранам кога напаѓаат, како да не си земам се при срце? Како да направам да стекнам почит?
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.053
Поени од реакции
9.431
Како да се заштитам од туѓи злобни коментари, закачки од блиските? Како да се одбранам кога напаѓаат, како да не си земам се при срце? Како да направам да стекнам почит?
За кој кур ти е стекнување почит?
Ама еве и да ти треба некад, почит се стекнува на два начини....со примена на сила или со асимилација во стадото. Едното е страхопочит а другото оддавање на признание од стадото.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.811
Поени од реакции
1.562
Како да се заштитам од туѓи злобни коментари, закачки од блиските? Како да се одбранам кога напаѓаат, како да не си земам се при срце? Како да направам да стекнам почит?
Чекај малку какви закачки од блиските? Злобни коментари имало и ќе има едноставно не се дружи со нив или покажи дека не влијаат на тебе така што ќе се насмееш. Колку повеќе покажуваш слабост толку повеќе ќе те газат.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.155
Поени од реакции
10.154
Како да се заштитам од туѓи злобни коментари, закачки од блиските? Како да се одбранам кога напаѓаат, како да не си земам се при срце? Како да направам да стекнам почит?
Осамена, како е ситуацијата дома, со сопругот?
 

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.170
Поени од реакции
13.780
Како да се заштитам од туѓи злобни коментари, закачки од блиските? Како да се одбранам кога напаѓаат, како да не си земам се при срце? Како да направам да стекнам почит?
не ти треба почит, тебе ти треба самодоверба
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.784
Поени од реакции
5.058
Како да се заштитам од туѓи злобни коментари, закачки од блиските? Како да се одбранам кога напаѓаат, како да не си земам се при срце? Како да направам да стекнам почит?
Моја тактика е или да игнорираме а ако даваат етикети да ги потврдувам. И друга тактика е да кажуваш дека немаш време за муабет и да ги одбегнуваш. Во основа било што освен дискусија и контрадикција на етикетите. И биди некултурна со тие што се. И никако контра етикети.
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.403
Поени од реакции
4.775
...јагнето неможи волк да биди,и обратно :)
...така функционира целиот жив свет на планетава
 
Член од
15 август 2021
Мислења
115
Поени од реакции
384
Некој доколку е слободен, ако сака да ми се обрати во лп.
Не можам јавно. :)
 
Член од
6 април 2022
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво на сите
Незнаев каде да го поставам прашањето, искуство некој со Гаспар центар за психологија, поточно со психолог Соња Угриновска и Фики Гаспар.
Гледам работат со неурофидбек, некој го посетувал ли центарот?
Ви благодарам
 
Член од
11 јуни 2021
Мислења
385
Поени од реакции
869
Каде и како да се стекне нови пријателства?
Пошто со претходното друштво јас бев тој кој секогаш иницираше искачање, решив веќе да не иницирам и толку беше. Не сме скарани, ниту нешто сме си замериле ама ете се оддалечивме едни од други.

Приватните проблеми дополнитело ми отежнуваат во оваа ситуација.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom