Ми се допаѓа споредбата со парче мебел што ја направи
@Ninochka . Баш така, ми се чини дека многу бракови се така склучени, само заради некое вклопување во калап. Односно што општеството или вашите родители бараат од вас. После 50тина години нема ни да постојат бракови во класична смисла на зборот, затоа што во ова време на неверства, разводи, голотија по социјални мрежи итн, мислам дека сето тоа ја губи вредноста, и тој тренд само ќе продолжува понатака.
Од друга страна и тоа е во ред, подобро да не постојат бракови како такви, отколку ликови ко членов погоре да влегуваат во таква институција само затоа што мислат дека им "дошло нож во коска". Друже, не МОРА да влегуваш во брак. ОК е. Се надевам дека "девојката" не те напнува да влезете во брак, се надевам дека и таа ќе процени дека е само објект.
И од трета страна гледано, ако типот не се осеќа спремен за брак со оваа, можеби нема да се осеќа спремен за никакви сериозни ствари никогаш понатаму. Некогаш е до карактерот на човекот, да не може да се врзе за нешто и да го тера истото подолго време. Али тоа е веќе друга тема.