Ај еднаш два пати да испиеш кафе сам, океј. Ама лошо е кога немаш со кого да си сврзиш две реченици муабет бе луѓе. Човекот е социјално битие. Инаку, навистина не го може секој тоа зборувањето со случајни минувачи, со келнери, со продавачки, таксисти итн. Зависи од карактер. А и не може да се споредува ваков 'разговор' со разговорите кои се водат со пријателите. Со таксисти најчестите муабети ми се за временска прогноза и ми е ултра досадно возењето со такси, го избегнувам во секоја прилика. Со келнери (зборам за келнер што е на работа додека пиеш кафе во кафич), ваљда би си правеле муабети за кафињата, различни вкусови, итн. Не знам, не е тоа тоа, нема поента. Пријателството има поента. Преку разговорите и запознавањето го градиш и усовршуваш. Колку даваш, толку добиваш. Ама океј е ете и од таму да се почне, како отскочна даска за стекнување нови пријателства.
Иако, имам забележано дека последните две години додека трае пандемијата целосно се изместени дефинициите за вистинско пријателство. Многу ми е извештачено, површно, секој си гледа за себе. Себичност и егоизам пришти на сите страни.
Во меѓувреме, може да разговара со оние старите на кој што им помогнал, па и да им се отвори за тоа како се чувствува. Ако и после тоа нема никој, барем ќе се увери дека навистина не му се прави другари. Вистина е тоа дека ние луѓето некогаш сме прокупирани со нашите проблеми и не забележуваме што ни се случува во најблиска околина.
И форумов е супер место за дружење.
Домашен миленик е секогаш одличен компањон. Па и книгите! А зошто да не и разговор со психолог?
Се извинувам Маја тебе што ти го нафрлив одговорот, ништо лично, само се надоврзав.