И кучето и мачето си имаат правилни имиња, ама никој не ги ословува така.
Мачето го викаме најчесто Тигре, зошто е такво бесно, само лови нешто, се готви да скокне, ко тигарче некое.

Од Тигре потекнува и Тиги, Тигче, Тајгер, Тиги-Пиги и уште милион варијации.

Исто го викаме и Мац, од Мац-Мики, од Мики-Милорад, од Милорад- Милораџињо...

Баба ми, додека беше жива, го викаше Цеки, појма немам зошто.
Кучето во оригинална верзија се вика Лина (според едната сестра) и Бела (според другата

). Што е до мене, најчесто и се обраќам со Бел-Бел.
