ПРАШИНА ОКОЛУ КОНТРОВЕРЗНИОТ СПОТ ЗА "ЗАБОРАВИ"
Голите девојки ја налутија Каролина
Спотот за дуетската "Заборави", што неодамна го снимија Каролина и момците од ОТ бендот наводно многу ја налутил нашата пејачка. Каролина, како што пишуваат српските медиуми, кога го погледнала финалниот производ се налутила заради пренагласената голотија во видеозаписот и побарала сцените во кои се гледаат голите девојки да се исфрлат. Во дел од кадрите девојки со голи гради во долна облека која повеќе открива отколку што сокрива, се галат и извиткуваат околу Вукашин, Ѓорѓе и Никола. Тие се галат, флертуваат, пијат шампањско и речиси секој кадар алудира на секс.
Токму ова, наводно, многу ја налутило Каролина, која и не знаела какви сцени се снимале бидејќи таа не учествувала во нив.
Иако изненадена од спотот, нашата пејачка не сакала да признае дека кренала галама во Емоушн, куќата која стои зад проектот и нивните кариери. "Не барав да се забрани спотот! Кој ви го кажа тоа", рекла Каролина, додавајќи:
"Сцените прв пат ги видов кога беше завршен спотот. Навистина бев малку изненадена, но тоа е шоу-бизнис. Спотот е контроверзен, но тоа и беше поентата". Записот е снимен со режисерот Славољуб Живановиќ - Зли, а екипата во апартман во белградскиот хотел "Москва" работела без прекин речиси дванаесет часа. Автори на песната се Мирко и Снежана Вукомановиќ.
www.vecer.com.mk