Каролина во нова љубовна афера
Колку ме сака Анте?
"Колку ме сака Анте", се прашува поп-ѕвездата Каролина Гочева (29) во квизовите кои често ги решава на популарната друштвена мрежа "Фејсбук". Од блиски пријатели на пејачката дознаваме дека Анте не е измислен лик, туку новиот дечко на Каролина, кој живее во Хрватска.
Откако пред неколку месеци ја раскина врската со скопскиот биснисмен Дино Балиќ, Каролина не остана сама долго време. Среќата си ја најде во прегратките на младиот хрватски биснисмен Анте од Загреб, и често патува во хрватската престолнина, велат пријатели блиски на поп-ѕвездата.
- Каролина е среќна и задоволна од новата врска. За Анте знаат само неколку нејзини најблиски другарки, а таа е среќна што новата љубов не и е од Скопје, па не мора да ја дели со јавноста", велат пријатели на Каролина.
Поп-ѕвездата не ја демантира врската со Хрватот ама не сака да зборува за новата љубов.
- Ќе се држам до мојот став за приватниот живот да не зборувам ништо како и претходно. Мојот приватен живот е мој приватен живот, не сакам да го делам со јавноста", ни изјави Каролина.
Таа заедно со нејзините колешки: Тамара, Кристина Арнаудова, Александра Пилева, Маја Гроздановска-Панчева, Маја Вукичевиќ, и Сузана Јовчева нема да настапи на концертот "Седум софистицирани дами", кој ќе се одржи во петок по втората полуфинална вечер на фестивалот "Макфест" во Штип. Од дирекцијата на фестивалот претходно ни изјавија дека во план како осма дама, за настап била и Каролина, но таа не го прифатила учеството поради обврските што ги има во Хрватска. Можеби "обврската" која што ја очекува Каролина во Хрватска е токму нејзиниот Анте.
Љубовниот живот на популарната битолчанка секогаш бил интересен за јавноста. Медиумите редовно известуваа за нејзиното раскинување со Гроздан, кој сакајќи да ја врати, во 2003 година постави билборди низ Скопје на кои пишуваше "Каролина те сакам". Неколку месеци потоа, ѕвездата се вљуби во српскиот бизнисмен кој живее во Шведска, Михајло Ражнатовиќ, па повторно се смири со Гроздан. Со Дино Балиќ, Каролина се појавуваше на сите јавни настани во последниве три години , се до летово, кога ја прекинаа врската.