Каролина Гочева

ITK

Член од
10 октомври 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
51
Знае некој нешто повеќе за дуетот со слаткар?
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Да, демек се планира дует на Каролина и Слаткар, не знам колку е тоа уопште точно, али како што тргнала работата на соработка на каролина со рапери, може и тоа да се случи.
 
Член од
14 јануари 2009
Мислења
359
Поени од реакции
21
Aко е нецензурирана верзија, не треба да бидат замаглени тие делови.
Инаку спотов би бил одличен и без тие делови, Каролина ми е одлична со стајлингот, а Вукашин ми смета што цело време оди со таа капа секаде.
Баш се согласувам. Според мене, Каролина е сосема доволна за да внесе женска убавина во спотов, и навистина непотребно беше до толку да се експлитицизира спотов, ама ај, го видовме и ова.
 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
ПРАШИНА ОКОЛУ КОНТРОВЕРЗНИОТ СПОТ ЗА "ЗАБОРАВИ"

Голите девојки ја налутија Каролина

Спотот за дуетската "Заборави", што неодамна го снимија Каролина и момците од ОТ бендот наводно многу ја налутил нашата пејачка. Каролина, како што пишуваат српските медиуми, кога го погледнала финалниот производ се налутила заради пренагласената голотија во видеозаписот и побарала сцените во кои се гледаат голите девојки да се исфрлат. Во дел од кадрите девојки со голи гради во долна облека која повеќе открива отколку што сокрива, се галат и извиткуваат околу Вукашин, Ѓорѓе и Никола. Тие се галат, флертуваат, пијат шампањско и речиси секој кадар алудира на секс. Токму ова, наводно, многу ја налутило Каролина, која и не знаела какви сцени се снимале бидејќи таа не учествувала во нив.

Иако изненадена од спотот, нашата пејачка не сакала да признае дека кренала галама во Емоушн, куќата која стои зад проектот и нивните кариери. "Не барав да се забрани спотот! Кој ви го кажа тоа", рекла Каролина, додавајќи: "Сцените прв пат ги видов кога беше завршен спотот. Навистина бев малку изненадена, но тоа е шоу-бизнис. Спотот е контроверзен, но тоа и беше поентата". Записот е снимен со режисерот Славољуб Живановиќ - Зли, а екипата во апартман во белградскиот хотел "Москва" работела без прекин речиси дванаесет часа. Автори на песната се Мирко и Снежана Вукомановиќ.
www.vecer.com.mk
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Па нашата Каролина не е учена на вакви спотови. Навистина нема никаква потреба од голотијата во спотот, мене тоа воопшто не ми се допаѓа, можеле девојките да бидат разголени, а не целосно голи, не ја сфаќам поентата, и баш така, доволна е Каролина која блеска во спотот, а не тие девојки.
 

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
Па нашата Каролина не е учена на вакви спотови. Навистина нема никаква потреба од голотијата во спотот, мене тоа воопшто не ми се допаѓа, можеле девојките да бидат разголени, а не целосно голи, не ја сфаќам поентата, и баш така, доволна е Каролина која блеска во спотот, а не тие девојки.
Адвокат на Каролина?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.777
Поени од реакции
12.242
Спотот за дуетската "Заборави", што неодамна го снимија Каролина и момците од ОТ бендот наводно многу ја налутил нашата пејачка. Каролина, како што пишуваат српските медиуми, кога го погледнала финалниот производ се налутила заради пренагласената голотија во видеозаписот и побарала сцените во кои се гледаат голите девојки да се исфрлат.
А како налутена, зарем таа самата не одредила што од материјалот ќе стои? Хм, :jaj: Најверојатно глума пред медиуми, публицитет... пошто ниеден спот не се пушта ако не е комплетно согласен со оние кои се носители што би се рекло во тој спот. Инаку следат тужби и казни.
А дали тој спот е излезен во јавност?
 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
"Не се лутам што околу мене се разголени девојки"

...Каролина не била присутна кога тие сцени се снимале, затоа што таа во нив не учествува. Наводно, македонската пејачка за нив не знаела и била изненадена кога ги погледнала, по што побарала да се исфрлат. За изјава по написот во српскиот весник ја побаравме Каролина за коментар.
- Во спотот не сум гола јас, голи се девојките. Вистина е дека бев изненадена, но не е точно дека сум била лута и сум барала да се исфрлат тие сцени. Нема логика да бидам лута затоа што некој друг е гол. Спотот е многу добар, верував дека ќе биде таков, затоа што Славољуб Живановиќ- Зли е многу добар режисер. Со него работев и на спотот за песната, (Срешќемо се опет), ни рече Каролина...
www.vest.com.mk

Седум поп-пејачки ќе ги пеат најголемите хитови
Тамара Тодевска, Кристина Арнаудова, Александра Пилева, Елена Петреска, Маја Вукичевиќ, Маја Гроздановска- Панчева и Сузана Јовчева ќе бидат седумте поп пејачки кои за прв пат ќе одржат заеднички концерт во ревијалниот дел на фестивалот "Макфест". Во игра била и Каролина Гочева, но поради обврски со снимање во Хрватска, таа нема да биде дел од седумчлената екипа на нејзните колешки...
www.vest.com.mk
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.215
Поени од реакции
939
Нормално е тоа што Каролина не би сакала да има голи девојки во спотот, од причина што нејзе ќе ја фрлат во втор план :pos: Колку и да е смешно, ама вистина е. Уште и ако песната е некоја просечна, сите ќе ги гледаат тие голи девојки, Каролина никој нема да ја слуша.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Песната е преубава, од неколку слушања ми стана омилена, додека пак КРАЈ беше песна која се памтеше и влагаше во уво од прво слушање.
Инаку ве молам без споредби на овој спот со спотовите за Крај и Без оглед на се', таму немаше голи женски кои се шетаат без никаква смисла во спотот, ова е веќе според мене вулгарно како спот и невкусно, доколку не би стоеле тие сцени, спотот би изгледал совршено.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom