еве уште едно
ново делче од новиот спот за „Заборави„.
Секси спот со момчињата од „ОТ бенд“
Каролина Гочева и момчињата од „ОТ бенд“ - Ѓорѓе Гогов, Вукашин Браиќ и Никола Пауновиќ снимија контроверзен спот со разголени девојки за дуетската песна „Заборави“. Српските медиуми тврдат дека режисерот на спотот, Славољуб Живановиќ-Жили, успеал да склопи сексапил со вкус. Спотот треба да се појави во етерот деновиве, а сепак ќе има две верзии - цензурирана, која ќе се емитува во текот на денот, и нецензурирана, која, веројатно, ќе се емитува по полноќ.
Девојки со разголени гради се присутни речиси во целиот спот, кои сосема отворено флертуваат со момците од „ОТ бендот“ и речиси секој кадар алудира на секс. Ниту Каролина Гочева во спотот не изгледа невино, како што сме навикнале да ја гледаме. Облечена е во црн секси корсет и долна облека и велат дека пленува со својата појава. Автори на песната се Мирко и Снежана Вукомановиќ.
„Со момците од ’ОТ бенд‘ се познавам веќе една година, така што одлично се вклопивме и се' течеше според планот. Спотот, навистина, ќе биде интересен“, уверливо изјавила Каролина.
од
www.utrinski.com.mk