Zdravo. Bidejkji ste ljubiteli na Zafón, bi ve zamolil da mi pomognete so anketava. Pravam magisterska za Marina.
Fala
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSekib1EVndEexdO-ZVcGV7uT4f8eZ3kw3N6UMEqFxUnIQYqwA/viewform?usp=sf_link
Јас ја прочитав во 2014, кој ќе се сеќава сега. И зошто баш Марина?, иако него му е најомилена, мене ми е најнеомилена, овие 3-ри (а сега веќе 4-ри) му се далеко подобри. Инаку јас “Марина“ ја рачунам за мостот кога престана да пишува книги за деца, (иако и ден денес би уживал во тие книги и не ги рачувам за детски, така се квалификувани) и започна да пишува книги за повозрасна публика. Детската љубопитност ја замени со многу посериозни и подобро изградени ликови и напиша едно ремек дело од кое подоцна произлезе цел серијал.
Историските настани се поклопуваат со настаните во книгите, што на љубителите на историјата и даваат дополнителен шмек. Режимот на Франко, кое долго време ја демонизирање Шпанија, а пред се бунтовниците кои доаѓаа да партиципираат во граѓанската војна на страната на “бунтовниците“ не се никаде подобро опишани, секако тоа е стокмено во неколку настани и еден спореден лик.
Зафон ти е одлична тема за истражување. Можеш да се осврнеш и на психолошкиот карактер на анархискот, на неговите емоционални приказни, на Давид Мартин и кратко за неговите 3 “детски“ книги кои се фрлени во сенка. Секако дека приоритет треба да ти биде “Марина“, но јас кога би пишувал би пишувал и за карактеристичкиот Зафонов лик, полн со мистерија и со некоја чудна темна енергија која го прави интересен.
Ќе биде интересно на крајот да го пишеш финалниот резултат.
И анкетава ти е солидна.