Карлос Руиз Зафон

Body Electric

Del Rey
Член од
15 јуни 2011
Мислења
222
Поени од реакции
334
Си го читал/а ли Зафон?
Тоа е прашање што го поставувам на сите што знам дека имаат афинитет кон литературата и пишаниот збор. Понекогаш добивам одговори: „Да! Сенка на ветрот или Марина!“, но, многу често одговорите се сведуваат на „Не“ или контра-прашање „Кој е Зафон?“.
Навистина, кој е Зафон?
Карлос Руиз Зафон е несекојдневен уметник со брилијантен ум, романтично срце и мрачна душа, сите три заробени во телото на 46 годишен шпански романописец кој пишува поради самото пишување, а не за задоволување на широките маси. Роден е во Барселона, но својата кариера како писател ја започнува во Лос Анџелес во 1993 година со романот Принцот на маглата за кој ја добил наградата Edebe за најдобар младинско-возрасен роман. Следната година го објавува вториот роман, Полноќна палата, а веднаш по него, во 1995, и третиот младинско-возрасен роман, Септемвриски светлини. Овие три негови романи спаѓаат во Трилогија на маглата, независни приказни обединети во серијал од три книги кои се поврзани со мотивите море, светлина и темнина, сеништа и тајни. Четири години по објавувањето на третиот роман, го објавува четвртиот и (засега) последен младинско-возрасен роман, Марина во 1999 година, роман за кој самиот вели дека „од сите книги кои ги објавив откако се обидов, во 1992 година, во чудната професија романописец, Марина ми е една од најомилените.“ Тоа е можеби затоа што додека го пишувал истиот во периодот од 1996 до 1997 година, засекогаш се збогувал и оставил некој дел од него засекогаш заробен во книгата, како што вели самиот тој.
Во 2001 година, Зафон за прв пат не запознава со Гробиштата на заборавените книги преку неговиот прв роман за возрасни, Сенка на ветрот, исклучително напишана приказна, топло прифатена од публиката и него прв бестселер со многу освоени награди и превод на англиски јазик. Во 2008 година, Зафон се враќа на сцената со неговиот втор роман од универзумот на Гробиштата на заборавените книги, Играта на Ангелот, брилијатно напишено и брутално мрачно дело, кое се занимава со демоните со кои се бори еден писател додека го создава своето дело.
Според зборовите на Зафон од едно интервју од јуни 2009 година, Гробиштата на заборавените книги му е замислен како серијал од четири книги, кои ги истражуваат мрачните агли на мистериозната Барселона од различни точки на гледање на нештата, секоја помрачна и позаплеткана од претходната, со случки поврзани преку ликови и места, кои се приближуваат едни на други, но никогаш всушност не се допираат. Во Сенка на ветрот ја истражува Барселона преку очите на Даниел Семпере, љубител на книгите и пишаниот збор, а во Играта на Ангелот преку очите на Давид Мартин, млад писател кој се бори со тешката финансиска состојба и монументален проект кој треба да го заврши за рекордно време од една година.
Сите кои го сакаат Зафон верувам дека исто како мене со нетрпение ќе го очекуваат третиот дел од универзумот на Гробиштата на заборавените книги.
Оние кои ги заинтересира Зафон и кои сакаат да го читаат, им препорачувам да почнат од Сенка на ветрот, па да продолжат со Играта на Ангелот, затоа што неретко читателите се разочарани од Трилогијата на маглата и Марина, но треба да се има во предвид дека кога Зафон ги пишувал тие книги бил писател во процес на созревање, па може да ви изгледаат детски и напати смешни, но како што вели самиот Зафон, тоа се книги што би ги напишал Хулијан Караш, писател и лик од Сенка на ветрот.
Книгите на Зафон сите до една се преведени на македонски јазик од издавачката куќа „Матица“ и може да ги најдете во сите подобро снабдени книжарници и библиотеки во Македонија.

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Ееее па ти...со Зафон се знам, па...едно година-дена :) благодарение на Saladin, кој ме навлече на Сенка на ветрот, па после по сопствена иницијатива беше прочитана Играта на ангелот и Марина. Едноставно типот го бива за пишување. Може малце претерува што стално ја врти Барселона во приказните, но ете, мотив повеќе да идам на ридот Тибидабо, да седиме на кафе со Саладин во ЛосТресГатос и да го посетиме руинираниот театар од "Марина" (нормално ако не се сиве овие места измислени) :). Да дојдам при пари одма ќе се испоштуваат трите книги што излегоа на саем, а ги имало во Матица.
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.099
Сенка на ветрот ја читав чинам пред едно 2-3 години, ми се допадна, ми остави впечаток. Врз основа на тој здобиен впечаток сакав да прочитам уште нешто и пред некое време ја читав Полноќна палата и искрено се разочарав, немам намера да ги читам преостанатите две кои како што прочитав ја чинат трилогијата за Мрачниот принц, незнам точно како беше, не е ни битно. Не ми се допадна, премногу лесна, детска приказна, премногу фантазија. Зафон си ги напишал уште одамна, но сега откако се стекнал со слава се сетил на одамна напишаните романи, па ајде со направени малку измени читателите ќе ги проголтаат и овие. Умен потег во секој случај.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112

чекај чекај чекај.... Ја као што рпочитав воведот на темата, оваа што ја имаш читано е меѓу неговите први.
Anyhow, прочитај му ги Марина и Чуварот на Ангелот. Ако не те бендисаат, те честам кафе.
Ги имам читано значи овие три. За трилогијата што сега ја преведоа - летово ќе знае.
На крај краева it`s not about "why" or "where" or "how much". It`s about satisfaction in the journey and the words he picked. Приказните се можда клише, ама начинот е... Надахнувачки.

Не би го споредил со никој од досега читаниве. Еден уникатен творец во современиов свет..
И да... Ако порано ми беше сеедно за Барселона како место кое треба да се посети, сеа веќе не. Power, "Los Tres Gattos" awaits us.
 
Ќе се цитирам самиот за да не пишувам повторно:

Оние кои ги заинтересира Зафон и кои сакаат да го читаат, им препорачувам да почнат од Сенка на ветрот, па да продолжат со Играта на Ангелот, затоа што неретко читателите се разочарани од Трилогијата на маглата и Марина, но треба да се има во предвид дека кога Зафон ги пишувал тие книги бил писател во процес на созревање, па може да ви изгледаат детски и напати смешни, но како што вели самиот Зафон, тоа се книги што би ги напишал Хулијан Караш, писател и лик од Сенка на ветрот.
Плус ќе додадам дека Зафон на почетокот на сите книги од Трилогијата на маглата потенцира дека можел да искористи некои од триковите што ги научил преку годините за да ги корегира своите рани дела, но дека го нема сторено тоа поради искреност и реална слика за неговиот талент во тоа време кон верните читатели и обожаватели. И за тие „одамна напишани романи“ има собрано неколку награди, но, пак ќе кажам, имајте во предвид дека ги пишува писател кое во тоа време бил аматер и „растел“ во стилот преку тие приказни.
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.099
чекај чекај чекај.... Ја као што рпочитав воведот на темата, оваа што ја имаш читано е меѓу неговите први.
Anyhow, прочитај му ги Марина и Чуварот на Ангелот. Ако не те бендисаат, те честам кафе.
Ги имам читано значи овие три. За трилогијата што сега ја преведоа - летово ќе знае.
На крај краева it`s not about "why" or "where" or "how much". It`s about satisfaction in the journey and the words he picked. Приказните се можда клише, ама начинот е... Надахнувачки.

Не би го споредил со никој од досега читаниве. Еден уникатен творец во современиов свет..
И да... Ако порано ми беше сеедно за Барселона како место кое треба да се посети, сеа веќе не. Power, "Los Tres Gattos" awaits us.
Прва ми е читана Сенка на ветрот, кажав ми се допадна. Еве кога ќе ми паднат в раце ќе ги прочитам и Марина и Чуварот на ангелот по твоја препорака и ќе споделам впечатоци (искрени впечатоци, не правам лице само за да частиш кафе ;). А кога ќе ја прочиташ трилогијата ќе видеш дека приказните се клише ама нема ни нешто спешал, сепак се е до вкус, нели :)

Ќе се цитирам самиот за да не пишувам повторно:

Плус ќе додадам дека Зафон на почетокот на сите книги од Трилогијата на маглата потенцира дека можел да искористи некои од триковите што ги научил преку годините за да ги корегира своите рани дела, но дека го нема сторено тоа поради искреност и реална слика за неговиот талент во тоа време кон верните читатели и обожаватели. И за тие „одамна напишани романи“ има собрано неколку награди, но, пак ќе кажам, имајте во предвид дека ги пишува писател кое во тоа време бил аматер и „растел“ во стилот преку тие приказни.
Ок си е де, секој се усовршува со тек на време, туку зборот ми беше дека сега тие се популарни на стара слава. Да се издадени под друго име, сигурно мислењето немаше да ти биде исто.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
@nelicka, добро рече авторот на темата дека тоа е време на созревање на авторов (на романиве:ROFLMAO:). И мене марина ми беше клише како прича ама од друга страна зборовите кои ги бирал Зафон и начинот на кој е пишувано се сосема друг свет. Сосема друкчие ги имам доживеано од еве да речеме - Спаркс и Коељо кои ги откако имам доста од нив прочитано (понекои книги и за еден ден) можам да кажам дека се сосема просечни и лајт литература. Овој можеби е лајт, ама Марина еве ја читав полека - ставајќи акцент на чувството на уживање кога ќе прочитам една негова мисла.

Сеа првата трилогија, нормално е возможна да биде easygoing. Но тоа не мора да значи дека и понатаму ќе биде така. Ако е така - би го сместил во ранкот на Спаркс и Коељо. Имаат една иста матрица која е ај да речеме за некое време интересна ама подоцна влагаш у филмот и ...
 
Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.357
Поени од реакции
4.879
Еден од писателите кои дефинитивно би ги читал.. Единствено ја имам читано _Сенка на ветрот_ и никогаш не ја дочитав..Баш ми е криво, али за време на распустов дефинитивно ќе ја прочитам одново, како и други негови книги..
 
Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
Сенка на ветрот и Играта на ангелот ги имам читано и стварно се ваууу... Сега после Песна од лед и оган планирам ако ја најдам да ја читам и Марина... Ма да најверојатно ( пош библиотеката кај нас е стварно питачки настроена) ќе морам да чекам септември па да ја купам во Матица
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Јас малце се зезнав, првин ја прочитав Игра на ангелот па дури сега ја читам Сенка на ветрот. Јбг. Добра е Игра на ангелот, ама не сум воодушевена. Ми има многу ствари кои се таму без да придонесат за понатамошниот тек на приказната, не знам зошто писателот ги ставил.
Пример, во Гробиштата тој непознатиот човек кој му се појавува на главниот лик.
Сакам да прашам дали тој се спомнува и во Сенка на ветрот, или за џабе е лупнат?
Истото го мислам и за негде на почетокот, кога писателот го викаат во некое напуштено место и тој се наоѓа таму со лик од неговата приказна.
Понатаму во книгата нема ништо за тоа.
 
Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.357
Поени од реакции
4.879
Моментално ја читам Принцот на Маглата.. Не ми остава никаков впечаток до сега, а и е многу мала така да незнам дали би се сменило нешто до крајот..
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Со „Принцот“ се запознав летово. Да, се забележува голема доза на невиност во неговите романи, и да, повеќе би го сместил во Twilight teenage приказните.
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Јас малце се зезнав, првин ја прочитав Игра на ангелот па дури сега ја читам Сенка на ветрот. Јбг. Добра е Игра на ангелот, ама не сум воодушевена. Ми има многу ствари кои се таму без да придонесат за понатамошниот тек на приказната, не знам зошто писателот ги ставил.
Пример, во Гробиштата тој непознатиот човек кој му се појавува на главниот лик.
Сакам да прашам дали тој се спомнува и во Сенка на ветрот, или за џабе е лупнат?
Истото го мислам и за негде на почетокот, кога писателот го викаат во некое напуштено место и тој се наоѓа таму со лик од неговата приказна.
Понатаму во книгата нема ништо за тоа.
Да се поправам. Воодушевена сум од Сенка ва ветрот. Преубава книга. Ептен ми се допадна.
 
Член од
30 август 2011
Мислења
17
Поени од реакции
6
Јас малце се зезнав, првин ја прочитав Игра на ангелот па дури сега ја читам Сенка на ветрот. Јбг. Добра е Игра на ангелот, ама не сум воодушевена. Ми има многу ствари кои се таму без да придонесат за понатамошниот тек на приказната, не знам зошто писателот ги ставил.
Пример, во Гробиштата тој непознатиот човек кој му се појавува на главниот лик.
Сакам да прашам дали тој се спомнува и во Сенка на ветрот, или за џабе е лупнат?
Истото го мислам и за негде на почетокот, кога писателот го викаат во некое напуштено место и тој се наоѓа таму со лик од неговата приказна.
Понатаму во книгата нема ништо за тоа.
Па зезнато ти е тоа што си ја прочитала прво Играта на ангелот....на гробиштата се јавува Даниел кој е главен лик во Сенка на ветрот и цело дејство е околу него и гробиштата на заборавените книги се спомнуваат на почетокот на Сенка на ветрот
 
R

redhead

Гостин
Само да ви кажам Зафон ќе издаде нова книга некаде кон средината на ноември, како продолжение на четирилогијата:) на Сенка на ветерот,Играта на ангелот. Само додека ја преведат кај нас ке поминат сигурно години и години и години...... Книгата би требало да се вика Затвореникот од небото мислам. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom