Карлос Руиз Зафон

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.730
Поени од реакции
33.422
Секогаш е тоа така. КАо ветеран на разочараноста би ти кажал дека третиот дел и не е толкаво разочарување. Дека има пад, има. Само се надевам нема да отиде 100% тешка комерцијала као Коељо, Мисо, не па и Спаркс.
Исто и јас се надевам... Сепак, и да отиде во комерцијала, Сенката... и Играта... ќе останат masterpieces - засекогаш!
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Вчера ја почнав The Prince of Mist и вчера накај 2 по полноќ ја завршив. :)
Знам дека е литература за young adults, па и не очекував нешто wooow, но ми се допадна стилот на пишување и опишување (дури малце љубоморно ги голтав страниците, во стил зошто мене не ми текнуваат такви описи :D )
Морам да признаам, 3 пати имав морници читајќи го напишаното.(да се научам да пишувам во спојлер и ќе ви кажам кои случки беа)
За мене добра книга е таа што ќе ми остави чувство на разочараност зошто и дошол крајот. Оваа книга го понуди тоа.
p.s. ако се чудите зошто почнав со книги за "млади возрасни", сакам да прочитам се од почеток до крај што има објавено Зафон
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Наредна на дневен ред The Midnight Palace. :pipi:
Мора да признаам се убив од барање по нет да ја симнам, ама успеав! :)
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.357
Поени од реакции
25.051
За мене добра книга е таа што ќе ми остави чувство на разочараност зошто и дошол крајот. Оваа книга го понуди тоа.
Мене баш ради ова ми се свиѓаше Зафон. Ми обележа еден цел период од минатата година, иако не почнав редоследно да ги прочитам. Принцот на маглата и Полноќна палата уште не сум ги прочитал, ги оставив за специјално дружење во иднина.
Кога ја прочитав Сенка на ветрот, одма се нафатив на Играта на ангелот. Кога ја прочитав и таа, се задружив со Марина. Напишав во некоја друга тема, кога ја затворив последната страна, мислев дека јас и Марина сме раскинале. :) Со денови после ја отварав само за да читам одредени цитати.
 
Член од
19 декември 2012
Мислења
9
Поени од реакции
15
Со оглед на тоа што Септемвриски светлини, Полноќна палата и Принцот на маглата се романи за млади , и не се толку лоши. Според мене од трилогијата на гробиштата на заборавените книги дефинитивно најдобра е Играта на ангелот, а Затвореник (заточеник) на небото не ме разочара единствено поради начинот на поврзување на сите личности од претходните две книги. А има ли и четврта , или пак погрешно разбрав?
--- надополнето: 26 декември 2012 во 09:16 ---
А, исто тука би ви ги препорачала Лавиринт - Кејт Мос и Чуварите на книгата - Џералдина Брукс.
 
демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
Мене сенката на ветрот ме разочара така јако што не посакав да читам нешто друго од него иако ми беше кажано дека имала истата уште два дела од истата книга.Искрено очекував повеќе нема да навлагам во детали што не ми се допадна зашто претпоставувам има повеќе фанови отколку оние другите.
 
Figaro

la vita e bella
Член од
2 март 2009
Мислења
648
Поени од реакции
410
Јако! :D Иначе Давид Мартин од Играта на Ангелот ме потсеќаше на Адриен Броди.
Би било интересно да се сними филм за една од книгите од серијалот , само не знам како би се реализирало тоа , во секој случај ќе вреди да се види , но тешко дека ќе може да се прикаже градот,сцените,начинот на кој Зафон опишува, итн како што може читателот сам да си ги замисли . Ги прочитав сите три од серијалот : #1 Игра на англелот (ремек дело) #2Сенка на ветрот (приказната од самиот почеток се зголемува и усложнува но на крај наеднаш се се спојува во целина , тоа е мајсторијата на Зафон!) #3 Заточеник на небото(за разлика од другите две може да се предвиди донекаде што ќе се случи,поради книгата "Грофот Монте Кристо" ),следна ми е Марина за читање. Одлична актерска екипа направивме :)
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.111

Јас мислам што се тиче режисер Guillermo del Toro е соодветен за таа работа.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.730
Поени од реакции
33.422
Јас мислам што се тиче режисер Guillermo del Toro е соодветен за таа работа.
Во моментов си праам филмови како би изгледал филмот ако на пример - Дарен Аронофски или Кристофер Нолан би го режирале... Само не ми паѓа на ум на што би личел ако на пример Тим Бартон замеша прсти :pos:
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.111
Во моментов си праам филмови како би изгледал филмот ако на пример - Дарен Аронофски или Кристофер Нолан би го режирале... Само не ми паѓа на ум на што би личел ако на пример Тим Бартон замеша прсти :pos:
Мајката ќе биде Хелен Бонам Картер, а Фермин - Џони Деп. Obvious Burton is obvious.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.730
Поени од реакции
33.422
Мајката ќе биде Хелен Бонам Картер, а Фермин - Џони Деп. Obvious Burton is obvious.
Ама на што би личел филмот? Сигурно би имало еден тон фантазија, можеби би бил црно бел, а најстрашни би биле сцените од гробиштата на заборавените книги. А замисли да го направи анимиран, како The Corpse Bride или Frankenwinnie! :eek:
 
Член од
12 јануари 2013
Мислења
99
Поени од реакции
198
Карлос Руиз Зафон е одличен,ми се допаѓа неговиот невообичаен и уникатен стил на пишување.Мора да признаам дека делата му се извонредни и дека размислува out of the box.Ги имам прочитано трите романи за млади, Сенка на ветрот и заточеник на небото, ми останува уште Игра на ангелот и Марина, но и тие ќе бидат наскоро.Со гробиштата на заборавени книги малку ми е измешано,бидејќи си почнав од третиот дел, па се навратив на првиот па сега ми остана и вториот дел.Иако тврдам дека и засебно си стојат како одлични книги, јас искрено ве предупредувам да си ги почнете од почеток, т.е. првиот дел, далеку е подобар впечатокот:)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom