Dumbledore
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 12.192
- Поени од реакции
- 26.997
“Марина“ е дефинитивно мостот (или отскочната даска, како сакаш), иако можеби временски не се поклопува, не знам како ги издавал редоследно книгите, но таа е пресекот каде веќе започнува да се фокусира на повозрасната публика. Види ги само ликовите. Во “детските“ имаш ликови деца, во “Марина“ имаш тинејџери, а во овој серијал имаш веќе посериозни ликови, со посериозни проблеми и со поконкретни цели. И неговите ликови се развиваат со неговите дела. Затоа мене многу ми се битни и моментите преживеани во затворите на Франко на самиот анархист, за луѓето кои биле далеку од очи, далеку од срце, кои се сметале за умрени иако биле живи, полни со емоции и мисли како да избегаат од јамката на режимот. Антивоениот елемент, со бунтовничкиот се тука добро споени, ако не на некое ниво на Трамбо или Ремарк кои конкретно се сконцентирани на тие моменти во нивните најпознати дела, тој тука прави доста интересен приказ на нештата и ни доловува слики кои досега не сме ги сретнле буквално никаде. Читав неодамна книга со раскажувања на комунисти и анархисти кои директно биле инволвирани во таа војна, но никој не би затворен во такви услови, иако многумина биле ранети или загубиле некој близок пријател во таа војна.Tokmu taa mi e idejata. Jas Marina ne ja racunam za detska literatura, naogjam slicnosti so Senka na vetrot, tematski, stilski i slicno. Celta mi e da go razberam mislenjeto na citatelite, dali smetaat deka e nekoja preodna tocka vo negovoto pisuvanje ili ja smetaat za detska literatura.
Marina mi e edna od omilenite, ama nekako mi e zapostavena. Posebno vo Spanija, retko kogo sum slusnal da zboruva za Marina, site gi forsiraat novite.
Kako pojdovna tocka gi zemam tokmu tie karakteristiki sto gi napomena. Slicnosti vo temite, rezimot, stilot i slicno.
Ti blagodaram za pomosta
Инаку се надевам дека ќе напишеш интересна магистерска.