Канибализам

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Канибализмот е чинот на јадење на човечко месо од страна на луѓе.Исто така е практика на јадење на припадници на ист вид како на пример стаорец кој јаде стаорец.

Обично се јавува при периоди на голема глад на одредена територија како на пример во Украина за врема на големата глад 1934-37 кога луѓе биле печени на скара и варени за супа.

За време на опсадата на Ленинград за време на војната била широко развиена трговина со човечко месо на лешевите кои умреле од глад.Иако немало многу месо преостанато на нив сепак за полулудите од глад граѓани на Ленинград ова преставувало прав деликтатес.

Во пост воена Вајмарска Германија 1919-33 за време на големата криза, снаодливи поединци како Фриц Харман касапеле скитници во своите подруми а месото го продавале на пазар и во месари како јагнешко, наводно имало сличен вкус на човечкото...

Во денешна Северна Кореја се претпоставува дека голем број луѓе завршиле како храна поради гладта која владее таму последниве 10 и повеќе години.

Како општествено табу пробувањето човечко месо е неприфатливо,но во случајот на уругвајската рагби екипа која принудно слетала на андите во 1972 по некое време се јавил канибализам иако сите преживеани ветиле дека што и да се случи нема да ги јадат останатите...

Оваа појава се врзува обично за примитивни племиња од Африка и Пацификот но била присутна долго време и во Европа...

Посебно во мрачниот среден век кога ваквата практика на јадење човечко месо била раширена насекаде,особено во кризни времиња...







Иако е табу,оваа појава ја има и во народното творештво.Во приказната на Ивица и Марица лошата баба-вештерка ги гои братчето и сестричето со цел подоцна да ги зготви и да се нагости со нив.

Оваа појава ја има и во некои филмови од жанрот дистопија како “Сојлент Грин“ каде во иднина поради немање ресурси се практикува тајно производство на храна од лешеви во вид на зелено желе кое потоа се дистрибуира во малопродажната мрежа иако ова се чува како најстрога тајна од властите а желето се прикажува како некаков производ од соја...

Што мислите за оваа појава и дали сметате дека во одредени ситуации би посегнале кон јадење човечко месо при тоа кршејќи го ултимативното табу на западнава цивилизација?
 

Dietrich

Just a fan...
Член од
12 мај 2010
Мислења
161
Поени од реакции
80
Морбиднооо, :ija::ija::ija: го имам гледано Cannibal Holocaust, документарец што наводно е по вистинска приказна за дивјаци во Амазонските џунгли кои се канибалисти. Мислам дека вторатта слика што ја имаш ставено е од таму. И во една книга, мислам дека беше Артур Гордон Пим од Едгард Алан По исто така имаше таква случка кога мораа да го изедат другарот. Инаку сега секој би ти одговорил дека никогаш нема да ни да помислат на таква случка (вклучувајќи ме и мене), но во екстремни случаи се губи секаква човечност, така не е ни чудно тоа што се случувало во минатото. Тоа е моето мислење... Иако мислам дека ова трпи сериозни етички дебати... :)
 
I

Intex

Гостин
Шо е грозно, грозно е, знаеме, но, чисто да си прашам: Дали човечкото месо има доволно хранливи материи во него? Дали канибалите го готват или живо го јадат?
 

MiloBilderce

Bukake anyone ?
Член од
7 ноември 2009
Мислења
1.238
Поени од реакции
70
Шо е грозно, грозно е, знаеме, но, чисто да си прашам: Дали човечкото месо има доволно хранливи материи во него? Дали канибалите го готват или живо го јадат?
Nормално дека има .. исто е ко секое друго месо .. мускул си е мускул , не е важно дали е од овца , од свиња , од кокошка или човек .. али секој мускул си има различни калориски и нутритивни вредности ..

Инаку погоре прочитав дека има полемики околу тоа дали да се јаде мртво човечко месо со цел да се преживее ( како рагби тимот на Уругвај ) . Епа вака сеа , живото секогаш ја победува смртта . Тие лешеви од самиот почеток на смрта почуваат да се распаѓат , со автолиза . У секој случај тое тело ќе го смема за 2-3 месеца . Е сега дали со тоа се нарушува достоинството на мртвиот .. тоа е дилемата .

Како и да е , ја сум ЗА , ако се најдеме некогаш во таква ситуација , би го понудил своето тело , ако сум пред смрт , или би се нафатил да јадам туѓо , со цел да преживеам.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.516
Поени од реакции
33.694
Инстинктот за преживување во зададено сценарио како примерот со Украина ќе проработи кај секој.
Освен ако си емо и неќеш да живееш. :\
 

IronTrooper

The King of Cool
Член од
27 март 2007
Мислења
1.496
Поени од реакции
32
Две прашања:
Дали сте пробале?
Од кај знаете дека не сте?
 
T

Tetro

Гостин
У гурманско катче ја лупна бе... :nesvest:
храна е.
Епа јадење е :D
се сложувам, колега со вашето ценето мислење.
Две прашања:
Дали сте пробале?
Од кај знаете дека не сте?
не.
не сум сигурен, во младоста правев многу глупости.
 
Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183
Хм...Да речеме дека се случува криза и дека треба да се јаде човечко месо.
-Најдобро е "готвачот" да ги лаже гладните дека се работи за животно - па макар и куче, мачка, глушец отколку да се каже "Нема друго, ова е човек, или јадете или ќе испоумреме"
На некој да му кажеш дека човек е во прашање незнам...секој различно реагира нели...некој ќе рече дека тука е крајот, некој може со апетит ќе си се најаде :) Мене лично уста не би ми се отворила. Самава помисла е лудило бре.


Е сеа овој пример не е ист но...И во војната во Босна луѓето ја пиеја својата мокрача (можеби и не само својата). Тоа е, или ќе се напиеш, или ќе дехидрираш/пцовисаш.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.516
Поени од реакции
33.694
Обично се јавува при периоди на голема глад на одредена територија како на пример..
Oправдувам опстанок, но како се третира нагонот за јадење на човек на дневна база, пореметување ваљда?
Или племињата низ џунглите, луѓе преживуваат од гасеници, они се јадат меѓусебе.. за голем глад, сигурно не е.

Две прашања:
Дали сте пробале?
Од кај знаете дека не сте?
Ме потсети на Red Dragon, Хопкинс, кој ѕвер.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.783
Поени од реакции
4.019
храна е.

се сложувам, колега со вашето ценето мислење.
Не знам кому му е храна човечкото месо, ама нас не ни е.
Под нас подразбирам нормални луѓе.

Ама ако сакаш, слободно. Ене ти грибишта, тркни земи и спржни си нешо.
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Самата помисла да јадеш месо од човек е згрозувачка, а сепак ако ти стават во јадењето и такво месо нема од каде да приметиш и ќе јадеш.

Памтам еден другар муслиман купи од продавница јадење во кое не знаеше дека има свинскко, па со сласт си го изеде. После некое време сосема случајно прочитавме на опаковката дека содржело и свинско месо. Доколку знаеше дека има свинско немаше да го јаде, а доколку сепак се решеше да го јаде јадеше сигурно немаше да му биде толку слатко.

Сакам да кажам од каде да знам дека во барем една плескавица шо сум ја изел у живот покрај другото месо немало и човечко.

Друга интересна помисла е колкав квантитет на месо и за колку време би го опфатил поимот канибализам. Коа сум ја лапал женска ми сигурно илјадници нејзини клетки отишла во мојот желудник (и VS), ама ете не ме мава на психа. Исто и готвачот нема шанси а да не испушти некоја епидермална клетка додека го приготвува јадењето и ете ти пак човечки клетки во мојот желудник. Малку по малку ќе се збере за една саглам голтка човечко месо :)

А за филмови со канибализам свеж пример е Свини Тод со Џони Деп.
 

acermk

лавот во сенка
Член од
18 јуни 2009
Мислења
1.920
Поени од реакции
826
ептен е грозно но ако дојде до толку голема потреба од храна ќе мора да се јаде...
ама и од кај знаеме дека никогаш не сме јаделе човечко месо?
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Канибализмот може да се јави како последица на екстремен глад, ментално нарушување или како ритуал кај некои цивилизации. Како глад чести се примерите низ историјата кога група луѓе оставени во некое екстремно запуштено место за да преживеат морале да посегнат едни кон други и така да преживеат (барем посилните од нив), како ментално нарушување канибализмот се појавува и во денешно време сведоци сме и сами на такви вести за поединци кои посегнале по нечиј живот за да си задоволат некакви фетиши. И како ритуал канибализмот го имало и сеуште го има кај некои цивилизации, секти и култови при изведување на обреди или обид со јадење на деловите од телото на непријателот или жртвата а ја добијат неговата сила или милоста на боговите во чие име ја убиле и изеле жртвата.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Да,како ритуал сеуште е присутен,дури и во католичката црква има остатоци од канибализам кога се причестуваат со “месото и крвта исусова“ иако секако тоа не е буквален туку симболичен акт на канибализам...

Последниве години најпрочуен канибал е Николај Џурмангалиев од Русија кој изел преку 100 лица,обично напаѓал осамени фарми ги убивал луѓето и останувал таму дури не ги изедел жртвите,потоа стапувал пак во акција...преферирал жени,а често им правел ручек на некои негови пријатели кои незнаејќи јаделе човечко месо...

Случајот на диктаторот на Централно Афрканската република Жан-Бедел Бокаса е интересен...типот освен што се прогласил за Цар,својата бедна држава за Царство,што тврдел дека е 13-тиот апостол на Исус и што трошел половина државен буџет на паради е едно, но после неговото соборување од власт од страна на француски командоси во 1979 во неговата палата биле пронајдени фрижидери со грижливо сортирано човечко месо,дури и замрзнати бебиња со кои се гостеле заедно со државната елита...бил осуден на смрт во отсуство но казната никогаш не била извршена...

Во Северна Кореја канибализмот сеуште е секојдневна појава...

http://ampontan.wordpress.com/2009/05/12/cannibalism-and-torture-part-of-everyday-life/
http://www.shortnews.com/start.cfm?id=30826
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Две прашања:
Дали сте пробале?
Од кај знаете дека не сте?
За пробување, сигурно не сум пробал, сеуште сум при здрав разум :)
А за второто, ако случајно некој ми подметнал, овде мислам пред се на дилерите со месо кои преку месарниците нудат свежо месо, не значи дека сум канибалист, туку изманипулиран потрошувач на свинско, телешко итн. ...месо.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom