Денис Сторм и Велерио Зено, водители на шоуто „Експериментални глувци“, пробаа каков вкус има нивното сопствено печено месо
Двајцата биле снимени како го јадат месото едниот на другиот, кое хирушки им било острането од нивните тела. Емисијата е базирана на невообичаени, па дури и бизарни експерименти.
Претходно во својата емисија Сторм и Зено дадоа одговор на прашања од типот дали е можно бричење со користење кечап. Овој пат пробаа човечко месо.
- Разговорот за вкусот на месото е посебен. Чудно е да се гледа во очи човекот чие месо го јадете - рече Сторм.
Сторм и Зено го изедоа месото што хируршки им е исечено од стомакот и од бутовите. Месото е печно на сончогледово масло и сервирано без додавање сол и бибер, затоа што водителите сакаа да знаат каков е вистинскиот вкус на човечкото месо.
Емисијата ќе биде емитувана вечерва во Холандија. Сторм рекол дека претрпената болка се исплатела.