Еве и јас како поранешен пушач да споделам искуства и совети за откажувањето на цигарите.
Цигарите ги откажав постепено.Пушев по кутија и пол,две дневно.Пола година ми требаше додека ги откажав.
Значи,да се разбереме.Не мора брзање.Цигарите многу тешко се откажуваат наеднаш.Намалувајте постепено,на пример по 1 цигар неделно.Со текот на времето полека полека ќе пушите само кога сте во друштво и тоа ќе биде значителен напредок во откажувањето.Вториот и потешкиот чекор е како да се издржи да не се запали во друштво.Е за овоа треба јака дисциплина.Јас ни самиот не знам како успеав да се воздржам од палење цигар во друштво,само знам дека ми беше многу тешко.Дури и до ден денес понекогаш палам во друштво еднаш во две недели,но сепак овоа е далеку од активно пушење.
Еден од ретките што велат дека се откажале постепено. Таквото откажување е потешко, измачување е тоа.
И јас сум поранешен пушач. За месец дека ќе правам 2 години откога ги оставив. Ги оставив буквално преку ноќ. Пушев од средношколска возраст, од 15 години почнав ретко да пушам, со гребење од другари и слично и се почесто и почесто додека не почнав да купувам. На 16 веќе редовно си пушев.
Преку 11-12 години пушач и уживав. Имав 2-3 неуспешни обиди порано со пауза од 1 ден максимум. Не верував дека ќе ги оставам некогаш, убаво ми беше. Не пушев многу, кутија и некоја цигара дневно. Да го споменам и тоа што и при најмала нервоза палев цигара мислејќи дека ќе ме смири и ќе ми биде полесно.
Со текот на годините се чувстува влијание, особено ако сте спортувале и сте престанале или воопшто не спортувате, кондицијата значително се намалува. Физичката спремност е се помала и помала. Тоа можеби и беше пресудно за да ги откажам, чувствував дека ме заморуваат физички.
Се спремав психички подолг период, неколку месеци. Постојано си велев ќе ги откажам, ќе ги откажам, но не пробував, само се спремав.
Дента на 7 мај требаше на водно да одам пешки, станување утрото и си реков сега е тоа, воздух, пешачење, кондиција... не земам цигари со мене. Издржав цел ден и толку беше. Веќе следниот ден, после 24 часа почувствував промени. После 2 дена ми беше неверојатно подобро.
Мислев дека ќе бидам многу нервозен и дека нема да издржам само од нервоза. Дека и при најмал проблем ќе запалам, напротив, бев многу помалку раздразлив. Многу помалку се нервирав.
Изненаден бев и самиот колку помалку се нервирав. Малку луѓе знаеа дека се откажав, и не кажував ако не ме прашаше некој или не приметеше. После 1 недела неколкумина ми рекоа дека сум чуден и дека сум црвен на лицето...
Веќе никогаш немав голема желба да запалам, особено откога почнав да се чувствувам помалку заморено.
Ајдееее, роман....доста е.