Како да се откажете од цигарите?

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.341
Поени од реакции
29.808
...Мислам дека најчиста ствар ти е тутун чист да си земеш и само качак да си пушиш. Од тоа почисто здравје.
Вапорајзер + качак
Teoријата е тутунот да се загрее само до температурата на која испарува никотинот... На пониска температура помалку страња се испуштаат заедно со никотинот. Температурата на која се пали тутунот е повисока, и тогаш се ослободуваат и катрани и разни други страња.
Но стандардно пушење качак е секако помалку штетно отколку комерцијалните цигари, со сите хемии за: вкус, поспоро горење, за стварање на појака зависност и потреба, итн.


Е сега, сето ова кажано и ставено на страна... не се залажувај дека било која од опцииве е добра, како што е добра опцијата целосно да се остави сето тоа.
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Прочитав официјални сајтови пред да ја земам цигарава за истражувањата околу електронската цигара. Први кои почнаа да ги испитуваат овие е цигари се американците, па азијците и европјаните. Германците досега испаднаа со официјални истражувања дека е цигарата содржи помалку канцерогени елементи од обична цигара и дека времето за испитување за штетни последици од е цигарата е прекратко. Во досегашните години и оние пациенти кои ги следат со е цигарата нема некакви дејства кои би биле штетни. Исто и американците имаа резултати од истражувањата дека на краткорочен период нема штетни ефекти оваа цигара, али за долгорочни ефекти никој неможе да говори.
И какви долгорочни последици може да донесе оваа цигара никој неможе да знае зошто е релативна нова ствар. Значи се е пропаганда.

Она што е интересно е при најавата на е цигара беше пласирана информација дека секаде може да се пуши. Но тоа не е така до ден денес. Предност е тоа што во хотелска соба можеш да си пушиш неказнет и на аеродром во веце бидејќи нема мирис.

Во Германија е во тек законско спроведување на е цигарата. Уште нема никакви измени. А преписките добро се знаат: е цигарата со или без акциза. Ти дали ќе умреш или не од пушење на никого не му е гајле.

Ја не би сакала да бидам дел од долгорочен проект. Мислам дека најчиста ствар ти е тутун чист да си земеш и само качак да си пушиш. Од тоа почисто здравје.

Пиши по ПП која елктрика ја користиш....сакам да пробам ама не ми се фрлат пари!
 
Член од
30 август 2012
Мислења
3.295
Поени од реакции
5.498
Ова е тешка тема и борбата против пушењето за оној што бил пушач трае цел живот(и дури пишам ме мава мозокот да запалам една со кафе ама :neetaka:).Значи прва цигара сум запалил 4-5 одделение постарите во маалото ни даваа.После до кај 1ва средно понекогаш сум палел по некоја за мангуплак.Арно ама од 15 години активен пушач до 31 односно повеќе време пушач одколку непушач.Во тој период на 3 пати сум ги оставил цигарите неуспешно.Првиот пат цигарите ги оставив со електронска цигара и непушев 2 месеци ама се изнервирав нешто на работа и пак се распушив.
Вториот пат ги оставив со постепено намалување и ми беше многу,многу тешко дури и психички и физички чак и некоја алергија ме фати по телото (психички најверојатно) и издржав 2-3 недели и толки.
Третиот пат ги оставив после новагодина се препушив и не пушев до 1-ви мај се испијанив и пак си почнав:pijanco:.
Сега последо не пушам 7 месеци и овај пат ги оставив цигарите најлесно.А ако некој праша како е најлесно - кога е здравјето во прашање и на цигара и на се се заборава (80% сме такви типови,а има некои и на смртна постела со цигара во уста)Имено матичниот од рутински преглед ми сумља во проблеми со срцето, а и претходно од работа на систематски докторите ми спомнуваат дека треба да се испитам.После прегледот кога се вратив дома одам да пијам кафе со цигара и ми се вртат црни мисли , а најпоќе од све дека имам мали деца и му треба татко.Како шо пиев кафе фрлив и цигара и све.Во меѓувреме дури закажвам кај специјалист кардиолог поминаа 4-5 дена без цигара.На преглед кај кардиологот после сите прегледи се утврди дека срцето ми е ОК и тоа и повеќе од ОК.Па после преглед си викам штом вака лесно ги откажав цигарите нема ни да запалам-не треба да чекам навистина да имам некој проблем за тоа.И така па се надевам поќе никогаш нема да запалам.

Е сега дека сум пробал разни техники за откажување доста важна улога има друштвото или околината кога си во фаза на откажување.Ако сите околу се пушачи шансите за успех се минимални.Исто така додека не се убедиш психички дека можиш да ги остајш прашање на време е кога ќе се вратиш.И најголема грешка е што во фаза на откажување се трудиш да промениш некои вообичаени навики. Првите пати ги избегавав другарите и колегите пушачи :LOL: а сега нормално сум со нив и сите ги гледам како пушат а јас си кулирам :свиркам:.Има и многу други слични ситуации кои влијаат на самиот процес.

Мој совет до сите оние кои имаат волја да ги откажат а неможат туку така да речат сега -Поќе не палам и крај,нека пробаат со електронска.Не е битно какво , која , колку јака и слични детали.Најважно е од све за најмногу 1 месец да ја баталат и неа.
Инаку кај мене придобивки по здравјето што ги оставив најмногу осеќам кај главоболката и грлото.Како пушач често пати имав шлајмови (балгами по битолски :)) ама и главоболки.Минимум 2 дена неделно последно ме болеше главата (над веѓите)од препушување,Сега шлајмови и да немам а главата ептен ретко ме боли .
Е сега сум се здебелил 7 кила (чист мускул:D)Мајтапот настрана од секогаш сум спортувал нешто , последните 4-5 години теретана ,ама оди 1 месец не оди 1 месец и слично сум се занимавал.Но сега од кога ги оставив цигарите малце поактивно сум со вежбањето и мислам дека многу ми помогна и во одвикнувањето и да не се здебелам 15 кила :X3:.
Значи комбинација било кој спорт(ама активно бавење) ,со еден од погорните начини (било електронска,било постепено,било наеднаш) и мислите дека на некој сте му потребен е 99,9% дека ќе ги остајте.
п.с.Уште понегогаш он нигде никаде имам напади на бес , онака како кога ти се пуши цигара а немаш.Ама тие напади не ми се за цигара туку онака ми исклучва мозокот на 30-40 секунди :jeeee:.Изгледа ова цигарите ми имат нешто оштетено мозокот , претходно малце кога ќе се изнервирав одма палев ми беа како цицла за бебе.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.341
Поени од реакции
29.808
п.с.Уште понегогаш он нигде никаде имам напади на бес , онака како кога ти се пуши цигара а немаш.Ама тие напади не ми се за цигара туку онака ми исклучва мозокот на 30-40 секунди :jeeee:.Изгледа ова цигарите ми имат нешто оштетено мозокот , претходно малце кога ќе се изнервирав одма палев ми беа како цицла за бебе.
Ете ти одлично еколошко и здраво решение. Ако те изнервира нешто, ти наместо цигара -одма цицка во уста! :D
 

Клошар.

Еднаш бев 4NHK0.
Член од
6 јуни 2014
Мислења
965
Поени од реакции
850
Не знам со кој акаунт и дали воопшто имам пишувано како ама има една доста добра финта. Ќе земете чили зачин (нели во прав, не крив, во прав) и пред секое влечење на дим од цигарата да си макните од прашокот. Може и прво да се раствори во масло за нега на бебешка кожа, па маслото да се истури врз целата цигара. 100% гарантирано успева.
 
Член од
30 август 2012
Мислења
3.295
Поени од реакции
5.498
И заборавив да допишам во фаза на одвикнување обавезно по 2-3 банани и јаболка дневно и 4-5 кила вода(барем јас така правев).Водата го чисти организмот од никотин преку мокрачата и плус ако преку потнење ако си физички активен.Нек си еби матер докторирав на ова со цигарите :angel:
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.872
Трет ден без цигара. Главата ќе ми пукне (ваљда детоксификација а?)
Дајте некој совет како да не отидам да си купам цигари и да ги испушам сите одеднаш. Тешка криза ме мава, а не сакам да се залажувам со електронски цигари.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.677
Поени од реакции
4.793
Трет ден без цигара. Главата ќе ми пукне (ваљда детоксификација а?)
Дајте некој совет како да не отидам да си купам цигари и да ги испушам сите одеднаш. Тешка криза ме мава, а не сакам да се залажувам со електронски цигари.
Немој сега баш кога си на главната препрека.

Времето може споро поминува,не се откажувај кога треба највеќе трпение.
Ќе си бидеш благодарна на самата себеси ако издржиш,може се и сешто да пишеме - но на крајот одлуката и волјата останува на тебе.
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.872
Немој сега баш кога си на главната препрека.

Времето може споро поминува,не се откажувај кога треба највеќе трпение.
Ќе си бидеш благодарна на самата себеси ако издржиш,може се и сешто да пишеме - но на крајот одлуката и волјата останува на тебе.
Според ова значи утре ќе ми биде полесно? ОК ќе издржам до утре, сега изедов две чоколатки и 3 колачиња и малце се смирив:D
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.735
далечните 60-ти расправаше еден у средно, бил летно време у село кај дедо му, гледал како пушат качак и побарал и нему да му завиткаат... дедому му завиткал , ама на тутун туку говедски измет...никогаш веќе не запалил цигара... :giggle:
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Јас ги намалувам постепено. Од по две кутии на ден - 100s, стигнав на една нормална. Ќе си умрам. Све ме нервира и сите ги мразам - особено ако се најдам сама со кафе до мене. Скраја било да пуштам филм или серија и некој таму цигара да запали. Едвај се контролирам. Појма немам шо да правам со рацеве, вртам дрвени боички низ прсти - али не помага, паметот цело време ми е у цигарите.

Крајна цел ми е да дојдам до стадиум каде една кутија два дена ќе ми трае. Мислам дека све поише од тоа би било напрегање за мојава психа до точка на лудило.
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.872
Јас ги намалувам постепено. Од по две кутии на ден - 100s, стигнав на една нормална. Ќе си умрам. Све ме нервира и сите ги мразам - особено ако се најдам сама со кафе до мене. Скраја било да пуштам филм или серија и некој таму цигара да запали. Едвај се контролирам. Појма немам шо да правам со рацеве, вртам дрвени боички низ прсти - али не помага, паметот цело време ми е у цигарите.

Крајна цел ми е да дојдам до стадиум каде една кутија два дена ќе ми трае. Мислам дека све поише од тоа би било напрегање за мојава психа до точка на лудило.
Аман бе? Ова ти се случува со една кутија дневно? Колку време си пушач?
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Аман бе? Ова ти се случува со една кутија дневно? Колку време си пушач?
Пушач сум од 14 години. Со овој интензитет, последниве 10 год. И не е само зависноста или времетраењето во прашање. Си ги сакам. И нив и ритуалите поврзани со нив.
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.872
Пушач сум од 14 години. Со овој интензитет, последниве 10 год. И не е само зависноста или времетраењето во прашање. Си ги сакам. И нив и ритуалите поврзани со нив.
Јас десетина години уназад пушев по најмалку кутија дневно и во Мај некаде демек пробав да ги откажам ама не успеав па се задоволив со намалување до една кутија на 3 дена. Немав проблем со намалувањето ниту пак некои кризи. Може зашто не си ставив ограничување никакво, него кога ќе ми се пуши да си запалам ама да не претерувам. И сега по препорака од доктор треба да не пушам еден месец за да ми направат после тоа некои испитувања и морав да ги оставам целосно. Избрав баш период кога сум во ПМС и веќе полудувам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom