Прочитав на темава нешто, но не цела , па ако сум испуштил нешто стварно се извинувам..и цела ќе ја препрочитам.
Јас сакам да работам во Америка, но за работна виза тешко...дали може да се изваде туристичка , па ако најдам некој кој ќе ме вработи да ми даде работна? Немам роднини, сакам со еден другар кој што сака да работи и тој знае и англиски добро. Не сум вработен тука. Прочитав дека барале да си вработен тука да имаш имот и т.н
За имот можам лесно да се снајдам т.е да земам од татко ми... за ова ако бараат да си вработен и да му ги кажеш платите, тоа тешко, можам да се снајдам во некоја мала фирма од мои луѓе да направам дека сум вработен , тие да ми плаќаат осигурување , и ми исплатат плата на сметка, сето тоа од мој џеб, и да направам договор за работа , но сето за кратко време 2-3 месеци, бидеќи ќе биде залудно јас да земам плата и сум осигуран , а не одам на работа
. Не знам дали може некако да помогне оваа моја идеја. Дали може да помогне чек од банка на кој лежат 10-15000 еур. да се добие виза?
И др. идеја немам предлагајте како може.....
Дали е лесно да се добие работа виза доколку најдам на некој сајт за вработување? Дали работодавецот плаќа нешто за таа виза? ако плаќа нешто, тоа со договор може да се среде, јас да ја платам , тој само да ми исплатува плати...