Пред неколку месеци Аlcatel S pop oд Тeлеком го зедов за ефтино 100 денари мислам беше доплата во пакетот и ич не бев задоволен. Дугмето за исклучување горе малу се сјеба, после неколку месеци користење батеријата брзо се празнеше и најверојатно што ми има паднато почна да откажува полнењето. Највеќе го користев ради интернет.
Сега користам Samsung c3750 кој го имав уште одамна пред да се појават овие андроидиве. Се осеќам како од смоки да ми се паднал гратис награда.
Сега се надевам ако направам некој нов договор во Телеком да земам нешто ефтинко а добро што ќе ме служи. Не сакам ептен скапи телефони, поарно за тие пари ќе купам компјутер,некаков таблет со голем екран или нешто друго од техника отколку на мобилен да давам незнам колку евра таму.
Не можам да ги сватам некој што имаат скап телефон со андроид или IOS а само го користи за интернет и фоткање ме нервира.
Ова мислење ми се смени откако добив на поклон Samsung J5 2016 и го користам веќе една година.
Сега не можам да замислам ден а да не ми е телефонот и да отворам Кајгана форум, инсталирам и тестирам некоја апликација или сум на социјални мрежи.
Искрено сеуште стојам на тоа дека јас не би купил премногу скап телефон иако сум љубител на технологијата.
Сепак поклон го добив а поклон се не гледа у зуби како што викаат србите.
Измеѓу IOS или Аndroid секогаш би бирал Android затоа што мене ми е доста лесен за користење и брзо барем може да се снајдам за да го поврзам со компјутер па да префрлам слики и разни други работи од меморијата.