Виткана, кадрава, ватевр... Од како знам за себе е таква.
Ја имам исправано неколку пати. Ама немам намера повеќе. Пошто светот е против мене кога ќе ја исправам. Или дува, и после 15 минути поминати надвор веќе е бушава, или заврнува, што е уште полошо.
Башка шо си се свиѓам со виткана. Се собира и пушта во рок од две секунди (ок, бара само малце појќе шноли), неколку капки вода на неа не значат апокалипса, и да ја дува пак е иста, совршена е и без патец... Единствено минијатурните кретенски локни над уши и тил ме вадат од такт.
Иначе, со оглед на тоа дека грдата ми шишка конечно порасна и личи на нешто, не ја собирам веќе и не ја чачкам. :tv: