У принцип имам многу блесава коса; ко мала ми била во локни, како дете ми се исправи, после во пубертет пак ми се навитка, за да почне од пред година дена да ми се исправува сама од многу пеглање. Сега ми е кратка до врат и кога не е фенирана знае да се витка на врвовите баш така како што не треба да се витка, на надвор. :/
Себеси сум си поубава со права коса зошто (бар кога ми беше долга) ми се виткаше некако недефинирано и диво, многу ретко кога ми беше по вкус непеглана. Другиве луѓе, повеќето ми се поубави со права коса, освен ретки примери со “дефинирано брановидна“ коса, како што јас сакам.