Ајде и јас да предложам нешто... Нешто ново, како што видов погоре никој не го предложил.
Се работи за објект (комплекс) во Валандово, градот на смоквите и калинките.
Рекреативен центар Извор се вика.
Местово во летно време е топ, има преубав, голем базен со тобоган, како и базен за мали деца со лизгалки. На тие што не им се плива, можат да си пијат кафе у кафичот поред базенот. Претпоставувам дел од вас имаат слушнато за дискотеката "ЕХIT" во Валандово, уствари тоа е тоа.
Е сега, новитет им е хотелот т.е. собите за спиење. Местово е идеално за викенд, не е во самиот град туку е по патот накај манастирот св.Ѓорѓија, во преубава природа со многу дрва. Собите се убави, нови со сопствено ВЦ и ТВ.
Во рамките на хотелчето си работи и ресторан, кој исто така е преубав, има многу убава маса со стаклен под. Уствари седите над езерцето со риби.
Цените се доста приступачни, како за хотелот, така и за ресторанот.
линк:
www.rcizvor.mk