Конечно ја најдов вистинската тема
Рекоа времето викендов ќе било супер (што судејќи по утрово, не ми се верува баш) и со дечко ми сакавме да отидеме до Марков манастир, Маркова река поточно. (не знаеме дали има попогодно место за седење покрај Маркова река освен тоа кај манастирот) Не знаеме како да стигнеме таму, имаше табли на автобуски, пишуваше 80ка дека одела ама на јсп страната има само 80А и не пишува до Марков манастир туку од Драчево до село Цветово. Неаме појма кај е тоа. Ако некој знае како да стигнеме таму со автобус, ептен ќе ни биде од помош. Фала!