Каде на викенд?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
vremeto e prekrasno- izleeeeeeeguvajte, razmrdajte se-:wink:
ajt cao- otidov do Matka:helou:
 
Викенд во Македонија - Каде?

Планирал сум да направам еден викенд во Македонија со пријателите. Дали може да ми препорачате некое убаво тихо место, да е до 100 километри од границата, со убава храна и природа, сакам планина, надвор од населено место.
 
БРАВО, ОДЛИЧНО !!!
http://www.parkginovci.com.mk/index.php?option=com_contact&view=contact&id=1&Itemid=53&lang=mk
http://www.pelisterhotel.com.mk/mk_hotel.htm
http://www.hotelin.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=3&Itemid=1&lang=sq
http://www.skikozuf.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=64&Itemid=34&lang=mk
само најдобро-намерен совет..ниту пијани, ниту трезни да не ве лаже умот да речете дека Македонците се бугари, ојдоа јајцата.. :)
 
[trolling] Македонија со Ј. [/trolling]

И имај убав викенд :smir:
 
Планирал сум да направам еден викенд во Македонија со пријателите. Дали може да ми препорачате некое убаво тихо место, да е до 100 километри од границата, со убава храна и природа, сакам планина, надвор од населено место.
Епа најблизу и најубаво до бугарската граница е или Берово и беровско на јужната страна на Македонија а ако влегувате од север тогаш Осогово поточно пробиштипско а особено Лесново.
 
само најдобро-намерен совет..ниту пијани, ниту трезни да не ве лаже умот да речете дека Македонците се бугари, ојдоа јајцата.. :)

Стварно...? А бре на викенд ке одим, не сакаме да се трепаме.:smir:
Сега, Гиновци е ОК, но нема сместуване, другите места са многу далеко, сакам нешто по близу, само за викенд.
 
Стварно...? А бре на викенд ке одим, не сакаме да се трепаме.:smir:
Сега, Гиновци е ОК, но нема сместуване, другите места са многу далеко, сакам нешто по близу, само за викенд.
Во парк Гиновци имаат бунгалови за сместување и се одлично средени :pipi:
п.с. Има веќе ваква тема :uvo:

Изменето од администратор: Темите се споени.
 
Пирин за мирен викенд и блиску до граница би ти ја препорачал Струмица и околината. Ако сакаш природа посети ги водопадите во Колешино , Смолари и Габрово и секако изворите во Мокриево. Добар ресторан и мотел кај можеш да преспиеш е Мотелот подгорски Ан кој се наога до селото Колешино ( http://www.podgorskian.com/mk.html ) има добра храна а по желба может да ти завртат и прасенце или јагненце на жар. Од Колешино Струмица не ти е далеку така да може и по градот да направиш една прошетка. И не заборавај ако одиш во Струмица да ги посетиш Манастирите Свети Богородица Елеуса во Велјуса и Свети Леонтиј во Вадоча. А ако имаш време и си во Струмица оди до ловниот дом а од таму има патека до Манастирот Свети Илија ако ептен си расположен за шетање тогаш по истата патека можеш да стигнеш до Царевите кули од каде што можеш да уживаш во погледот кон Струмичкото поле. На враќање ти препорачувам сепак да навратиш во ловниот дом на Мешана Салата и Ракија и да уживаш во панорамата на Струмица. Јадењето во ловниот дом го немам пробано но затоа ми е пробан Фефер Стекот (свински или пилешки) во пицеријата М и М која се наога на леблебиџиската улица.

Втора можна тура би ти била Манастирот Јоаким Осоговски во Крива Паланка , Кратово со околината и Етно Селото во Младо Негоричане (каде што спремат добра риба)...

Ако си по езерата тогаш не би згрешил ако го посетиш Берово.
 
Ајде и јас да предложам нешто... Нешто ново, како што видов погоре никој не го предложил.

Се работи за објект (комплекс) во Валандово, градот на смоквите и калинките.

Рекреативен центар Извор се вика.

Местово во летно време е топ, има преубав, голем базен со тобоган, како и базен за мали деца со лизгалки. На тие што не им се плива, можат да си пијат кафе у кафичот поред базенот. Претпоставувам дел од вас имаат слушнато за дискотеката "ЕХIT" во Валандово, уствари тоа е тоа.

Е сега, новитет им е хотелот т.е. собите за спиење. Местово е идеално за викенд, не е во самиот град туку е по патот накај манастирот св.Ѓорѓија, во преубава природа со многу дрва. Собите се убави, нови со сопствено ВЦ и ТВ.

Во рамките на хотелчето си работи и ресторан, кој исто така е преубав, има многу убава маса со стаклен под. Уствари седите над езерцето со риби.

Цените се доста приступачни, како за хотелот, така и за ресторанот.

линк: www.rcizvor.mk
 
Oва изгледа прекрасно и мора да се посети :vozbud:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom