Каде на викенд?

Acid

Администратор
Член од
22 јануари 2005
Мислења
33.884
Поени од реакции
26.984
Времево надвор е прекрасно. Каде да се шетне?

Темава нека служи за предлози и споделување на импресии од местата кои ги имате посетено и ве имаат воодушевено. Можеби со вашиот коментар ќе му помогнете на некој поквалитетно да го искористи времето за одмор :)

Што викате за денес, некаде надвор од градот, прошетка до Матка, Пантелејмон, во Парк или можеби низ центарот на кафе?

Неколку фотки од изминатите прошетки:




Гиновци





Водно





Матка / Врело






Центар на Скопје / Спомен куќата на Мајка Тереза
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.232
Поени од реакции
2.308
парк е добра идеа.. ја мислам попладне да одам малку да возам ролери и негативна енергија да истерам. ако е некој за нека каже!
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.580
Поени од реакции
27.056
Времево надвор е прекрасно. Каде да се шетне?

Темава нека служи за предлози и споделување на импресии од местата кои ги имате посетено и ве имаат воодушевено. Можеби со вашиот коментар ќе му помогнете на некој поквалитетно да го искористи времето за одмор :)

Што викате за денес, прошетка до Матка, Пантелејмон или во Парк?
одлично ти текна Acid
јас ќе идам у парк-
прошетка едно час и половина ,доволно ми е :toe:

а , за надвор од Скопјево- не е лошо да се чујат предлози за викенд (зборувам за понатаму)
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.096
Овој викенд дома, може после ручек мала прошетка до парк, но тоа не е тоа. Ни пропадна планот неможевме да се организираме требаше да одиме до Паланка до манстирот св.Јоаким и на враќање во Гиновци, но здравје ќе биде другиот викенд ако подобро се организираме.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.624
Поени од реакции
5.710
Дома... се спрема колоквиум на најубавото време. Кога ќе заврши колоквиумот, сигурно снег ќе ми завее :mad:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
15.768
Поени од реакции
7.323
На бавча компири ќе садиме утре....
 

its_ok_im_new

brake lights
Член од
24 август 2010
Мислења
402
Поени од реакции
216
So vremevo prosetav na mesta vo Skopje koi ne sum gi videl od mal, pred da otidam vo tugjina... Prekrasno, sto sve sum propustil
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.234
Поени од реакции
4.101
Еј, супер тема. Дајте некој предлог за викенд тура, некаде источна Македонија (слабо ми е шетана), дали еднодневна или дводневна тура, сеедно... толку време се убедувам за некој викенд да истерам.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.054
Поени од реакции
6.438
Vikend tura vo istocna Makedonija moj predlog Strumica. Sabota prosetka po Belasica sekako se preporacuva skara na Kolesinskite vodopadi. Navecer dobar provod vo Strumica. Nedela obavezno poseta na Manastirite vo Veleusa i Vodoca da se smirite dusevno i telesno. Posle pak po doma.
P.S. Ne zaboravajte od Manastirot da kupite rakija i kaskaval.
Za sestaj ima dovolno moznosti vo Strumica. A za onie koi poveke preferirat priroda, tisina i cist vozduh togas go preporacuvam Motelot Podgorski An : http://www.podgorskian.com/mk.html
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.660
Поени од реакции
944
Незнам за вас ама јас уживав низ Скопје денеска, прекрасен ден.
 
T

theTinule

Гостин
Еден викенд бев на врвот на Скопска Црна Гора. It's beautiful <3
Со кола бевме до таму и седевме на врвот некој саат време, олични фотки, одличен воздух, прекрасен поглед на цело Скопје :)
Едино што не беше вака убаво времето како денес. Али ова не е за фенсери.

За фенсери, Етно село, накај Куманово таму, некое ресторанче имаше, така нешто.
Или Гиновци. Или Катланово, во тој ресторанот таму, како се викаше... xD
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.765
Поени од реакции
1.043
Позади во двор, со пријателите, скара, пивце... ах :vozbud:
 
Член од
24 јануари 2011
Мислења
523
Поени од реакции
148
Мој предлог до сите што сакаат да прошетаат дефинитивно СВ.Јоаким манастирот во Крива Паланка.Многу е убаво +може да се оди на 2 дена конаците се топ.Можеш да си преспиеш слободно.
Ја му се местам следниот викенд да идам ако е убаво времето:vozbud:
 
На врв Bottom