Каде на викенд?

B

Beck's

Гостин
Како идат цените за кратко сместување у Маврово?
 
M

macgowan

Гостин
Бил некој Мокра Гора(Дрвенград)? Ќе одам накај Сараево за продолжениот викенд мај/велигден па една вечер сакам да поминам таму.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Пет пролетни дестинации во Македонија


Пред престојните празници ви препорачуваме 5 пролетни дестинации во Македонија:





1. Манастирот Рајчица, с. Рајчица, Дебар

Овој комплекс се наоѓа во с. Рајчица, гордо издигнувајќи се над Дебарско Езеро, од каде посетителите имаат прекрасен видик на околината. Во самиот манастир може да се влезе преку две места. Низ големата двокрилна дрвена врата замандалена со тешки железни опкови, и малку подолу, вдолж уличето, низ малата врата која ве води директно во црквата. За манастирот, малата градина и возобновените конаци се грижат монахињи, кои се спонзорираат со изработка на митри. Во рамките на комплексот постои црквата “Св. Ѓорѓи Победоносец” (19 век) посветена на истоимениот светец, чијшто фреско-живопис е изработен од познатите македонски зографи, Данаил монах и уште попознатиот негов ученик Дичо Зограф. Црквата ја крие тајната за моштите на Св. Ѓорѓи Победоносец, светител од 4 век, кои можат да се видат заштитени во артефакт налик на рака-опков, дизајнирана од најпознатите изработувачи на филигран во Солун.


2. Моноспитовско Блато, Струмица

Во минатото големо езеро и дом на предисториска флора и фауна, денеска засолниште на ретки и ендемски видови организми, Моноспитовското Блато крај Струмица претставува предизвик за разни профили на научниците кои тука прават истражувања со децении. Во последните години со финансирање од европските фоднови, просторот во овој музеј на природни реткости е освежен со платформи и мрежа од дрвени патеки по кои може да се чекори над блатото, како и дрвени куќички за набљудување на птиците. На тој начин туристите и посетителите можат да уживаат во прекраснот природен амбиент на еден од ретките уникатни еко системи на Балканот, чувствувајќи го мирисот на алгите, трските, папратта, звукот на барските птици…


3. Султан Муратова Џамија, Скопје

Овој комплекс се наоѓа наспроти Бит Пазар, на тн. Виргинов Рид кој доминира над стариот дел на Скопје, познат како Старата скопска чаршија. Врз претпоставените темели на стар византиски манастир од 11 век се издига Султан Муратова Џамија (1436/37г.), една од најстарите џамии во Македонија и единствена царска задужбина на Балканот од Отоманскиот период. Во рамките на уредениот комплекот се наоѓаат уште и Саат Кулата (16в.), како и турбињата, т.е. мавзолеите на Бикиј Хан (1555/57г.) и Али Паша од Дагестан (1774г.). Како многу други објекти во стариот дел на Скопје, и оваа џамија настрадала во земјотресите од 1555 и 1963 година, а го преживеала и палењето на градот од страна на австрискиот генерал Пиколомини во 1689 година. По комплетната реконструкција и конзервација, денеска Султан Муратовата џамија е жив верски објект, во кој се уште има служба. Бидејќи џамијата е ставена под заштита на државата како ‘споменик на културата’, дозволен е влез за туристи и посетители, вклучително и за жени.

4. Традиционална архитектура, Кратово

Кратово е град-музеј под отворено небо со типичната архитектура зачувана со стотици години во деталите од фасадите на куќите, поради која доаѓаат туристите од целиот свет. Помеѓу оваа стара автентична архитектура денеска распределена во неколку маала, може да се видат и зачуваните 5 мостови и 6 кули од средновековниот и отоманскиот период, околу кои е испреплетен најразличен фолклор. Погледот од Симиќевата или Саат кулата кои се реставрирани и достапни на посетителите, визулено го доловува амфитеатралниот изглед на Кратово со куќите вгнездени во еден помал изгаснат кратер, од каде и потекнува името на градот. Покрај Центарот за Карпеста уметност и Музејот на град Кратово, попатно можат да се посетат Цоцев камен, археолошки локалитет од предисторијата и претпоставено светилиште во месноста Шопско Рударе, како и споменикот на природата во с. Куклице, со земјени пирамиди стари повеќе од 10 милиони години, кои наликуваат на човечки фигури.

5. Пештерни цркви, Национален Парк Галичица

Пештерните цркви се необичен и несекојдневен спој од природно и културно наследство, а како редок феномен со својата уметничка и историска вредност успеваат да го привлечат вниманието и на светската јавност. Најбројни се околу крајбрежјето на Охридското и Преспанското Езеро, но ги има и во другите делови од Република Македонија. Најчесто датираат од Византискиот период (13/14 век па натаму) и содржат фрескоживопис кој е од времето на нивното создавање. За посета се препорачува пештерска црква – Св. Богородица во с. Пештани, со фрески карактеристични за Охридската сликарска школа од шеесетите години на 14 век. Во с. Пештани покрај плажите, исто така може да се ужива во многуте туристички угостителски објекти.

5 дестинации за добар викенд. И најдобро од се сите овие дестинации можат да се комбинират со други интересни место кои се во непосредна близина.
Пример Моноспитското блато е во подножието на Беласица така да е одлично за комбинирање со водопадите.
Манастирот Рајчица може да се комбинира со Бигорскиот манастир и околните мијачки села.
Абе за шетање има колку сакате само треба од дома да се излезе.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Дечки, утре сакам да одам до Солун, да се прошетам и да седнам на ручек. Да ми препорачате некој добар и пред се чист ресторан покрај море, не мора да е баш во Солун, може и во некое друго градче во близина?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Дечки, утре сакам да одам до Солун, да се прошетам и да седнам на ручек. Да ми препорачате некој добар и пред се чист ресторан покрај море, не мора да е баш во Солун, може и во некое друго градче во близина?
Ти веќе си замината, но може ќе прочиташ од таму. Иди по кејот речиси пред Белата Кула има ресторант на два спрата, со црвена боја е, нема да го промашиш, речиси на крајот е. Превкусно готват тави и топено сирење.
Ако сакаш риба од Аристотелис ќе се спуштиш до кеј и наместо да фатиш лево накај Бела Кула иди десно до самиот крај. Како мало пристаниште е со патека. Влези внатре има три убави ресторани на самото море за морска храна.
Ако не си за поглед на море најубавите кафани во Солун се во стариот дел, типично грчки.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Ти веќе си замината, но може ќе прочиташ од таму. Иди по кејот речиси пред Белата Кула има ресторант на два спрата, со црвена боја е, нема да го промашиш, речиси на крајот е. Превкусно готват тави и топено сирење.
Ако сакаш риба од Аристотелис ќе се спуштиш до кеј и наместо да фатиш лево накај Бела Кула иди десно до самиот крај. Како мало пристаниште е со патека. Влези внатре има три убави ресторани на самото море за морска храна.
Ако не си за поглед на море најубавите кафани во Солун се во стариот дел, типично грчки.
Бев и се вратив, ама нареден пат кога ќе одам ќе проверам некое од местава што ги препорача.
Вчера не ми се влегуваше во Солун па од Космос право продолжив за Неа Мудања и најдов една ептен убава таверна баш на брегот, имаа најбољи октопод ever (ова чисто ко препорака за некој што е љубител на тоа).
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Мене најубаво јадење во Солун ми прават во таа јавната пролетерска менза што е до морето каде што е обиколницата со самопослужување која стално заборавам како се вика.
Само треба да имаш малку живци од причина што има гужва нон стоп.
Сум јадел и во ресторани и таверни, ама како тамо што готват немам начекано никаде во Солун.
Дали оти количински многу прават, или пак оти гледам купишта луѓе како мелат и купуваат храна па има тоа некој психолошки ефект, ама кога ќе појдам немам осет.
Пиперки полнети, мусака, јавнија и на крај уште две суфлаки завиткувам за дома.
И цената му е добра за стандардот.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.154
Поени од реакции
18.178
5. Пештерни цркви, Национален Парк Галичица

Пештерните цркви се необичен и несекојдневен спој од природно и културно наследство, а како редок феномен со својата уметничка и историска вредност успеваат да го привлечат вниманието и на светската јавност. Најбројни се околу крајбрежјето на Охридското и Преспанското Езеро, но ги има и во другите делови од Република Македонија. Најчесто датираат од Византискиот период (13/14 век па натаму) и содржат фрескоживопис кој е од времето на нивното создавање. За посета се препорачува пештерска црква – Св. Богородица во с. Пештани, со фрески карактеристични за Охридската сликарска школа од шеесетите години на 14 век. Во с. Пештани покрај плажите, исто така може да се ужива во многуте туристички угостителски објекти.
Не, не :cenzura:

Владата реши да го наплаќа и воздухот: Кој сака на планина, ќе плаќа 20 денари
понеделник, 10 јуни, 2013 18:12
Сподели
Кој сака да оди во Маврово, Пелистер или Галичица ќе плаќа по 20 денари од човек и 50 денари од автомобил, реши Владата. Наместо да ги стимулира граѓаните да одат на планина и да дишат чист воздух, Владата реши да ги казнува, а патем преку новата давачка да собере уште пари од граѓаните. И сето тоа во исто време кога се носи одлука со која на металуршките комбинати им се дозволува дополнителен период за труење на граѓаните без да ги почитуваат стандардите на ЕУ.
За влез, престој, собирање шумски, растителни и лековити плодови и билки, кампирање, паркирање моторни возила, во трите национални паркови во Македонија, „Маврово“, „Пелистер“ и „Галичица“, посетителите наскоро ќе мора соодветно и да платат. Ослободени од плаќањето се само локалните жители во атарите на парковите.
Цената на билетот за влез ќе изнесува 20 денари, за паркирање на моторно возило 50 денари, комбе и минибус 80, автобус 150 денари, за поставување шатор 150, камп-приколка 200 денари, а за собирање шумски плодови 500 денари.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
хахахаххахаххаххахаххахха!
Браво! И планините ги ставија под буџет, од дома си ги донесоа! Крадиии додека има!
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.154
Поени од реакции
18.178
хахахаххахаххаххахаххахха!
Браво! И планините ги ставија под буџет, од дома си ги донесоа! Крадиии додека има!

Само не знам дали секојдневно во лето им е во план наплата ако одиме на плажа до Славија, Пештани, Градиште, Св. Наум, сепак и тие се влезени како населени места во НП Галичица.И после уште еден паркинг во Св. Наум во змијарникот :sick: Ама не можат тие толку да не стегнат колку ние можиме да истрпиме.Следноооо!
 

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Нешо предлог за планина негде у МК ?
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.661
Поени од реакции
5.980
Да ја освежиме темава...

Планирам викенд во Банско. Ај помош за пат. На мапа ми вади две релациии , преку КрПаланка и преку Делчево. Километражата е тука некаде, но преку Паланка ми дава временски пократко.
Кој пат е подобро да се вози ?

И има некој искуство со овој хотел ?
 
C

Creating.

Гостин
Дечки, незнам во која тема да напишам и да прашам па се решив овде.
Сакам да заминувам за Сараево на неколку дена, на шетање, фудбалски натпревар да гледам и слично. Но, незнам околу превозот. Барав на интернет автобуска линија Скопје-Сараево и неможев никаде да најдам. Имате ли некоја повеќе информација околу ова патување? Што и како цена... дали се оди преку Србија или директно преку Косово и Црна гора ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom