Исчезнати лица

Mundell

тој со бројките
Член од
24 септември 2014
Мислења
622
Поени од реакции
1.059
Не разбира народот дека не е лесно да гледаш снимки од 300 камери на раскрсниците и уште многу повеќе камери на фирми и приватни на домови.. Треба луѓе вработени за сето тоа, башка кога се гледаат камерите не се иде на forward па да изгледаш 10 саати во рок од 10 минути... Проста раја ц ц ц
Сериозен си бе брат? Па онда ти си простиот тука. Колку администрација има свесен си?! Башка мислиш дека сè тоа пешки се оди од safe city камерите? Свака част :pos:
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.290
Поени од реакции
6.597
Народот нема воопшто доверба во државните органи па така МВР и да го завршиле нивниот дел беспрекорно, се тоа е џабе во очите на значаен дел од популацијата.
Не знам дали воопшто некој верува во државава на МВР, на суд, обвинителство, и со право. Па и овој случај делува дека се направени многу пропусти, во смисла на побрзо откривање што се десило. Не верувам дека можеле да го спасат девојчето, сепак ја убиле само после 2 саати од грабнувањето, али сигурно можеле многу порано да ги откријат и да не дозволат овој да избега. Прво, во тој период фрчеа хеликоптери по цел ден, а они колата ја наоѓаат запалена во 3:30 некаде, ако добро се сеќавам. Ти гори кола на 4-5 километри од најобезбедуваното место во државава, хеликоптери ти патролираат по цели денови цела таа недела, пред да почне самитот и никој не приметува дека кола гори, ја наоѓа случајно патрола. Ај ова, иако тешко разбирливо, да речеме не приметиле. Ти грабнуваат дете у строг центар, не у некоја забутана уличка, туку на Илинденска, буквално на раскрсница, целосно покриена со камери. И паркингот и влезот и улицата што влекува кон Дебар маало е покриена од камерите. Имаше некој новинар броено колку камери и каде има по трсата која се движеле, плус на мапс може секој да отвори да види како е покриена таа раскрсница и зграда со камери. Основна работа е да провериш дали детето излегло воопшто од зграда и не може да не го видиш цитроенот у кој некои 2-3 товараат нешто у 7:30 сабајле. Основна работа е и да го провериш тоа возило одма и да видиш дека е на лице кое се води за исчезнато. Не дека МВР не го направиле ова, сигурен сум го направиле, ама делува дека доста покасно од што треба. Останатиот дел од постапката, од кога ги дознаваат осомничените, приведување, потерница и слично, мене ми делува дека е направено многу добро. Многу е битно да се дознае дали има вистина у тоа што од ВМРО тврдат дека возилото било фатено на камери во Скопје, 24-25-ти, во Маџари, кај Палас. Во таква ситуација, тоа е огромен пропуст на МВР, возило на исчезнато лице да ти се вози 3-4 дена низ Скопје, покриено со милион камери, ниво на безбедност подигнато на највисоко можно ниво, полиција на секој чекор. Вадењето на Спасовски дека они не знаеле дека возилото го нема, во ситуација кога медиуми објавуваат дека човекот е исчезнат со неговото возило, а мислам и ќерка му имаше објавено дека е исчезнат и он и возилото, е смешно.
Се на се, делува дека на почетокот се направени некои пропусти кои не требало да се направат, што не верувам дека ќе го спаселе животот на детево, али можеби би довеле до побрзо откривање и спречување на бегство на Палчо. Ако се испостави како вистина дека возилото 3 дена возело низ Скопје, ондак може да се каже дека системот и МВР сериозно затаиле и дека ако си ја завршеле работат ко што треба, до второво убиство немало да дојде.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.170
Поени од реакции
107.688
Абе тебе при цела оваа технологија, камери и што ли не, не ти е малце глупо после 3 дена да излегуваат на прес и да кажуваат дека ја барале по манастири и подруми? Еве налбатски малце, дали не треба после 24 часа да знаат дека не е исчезната пред Силбо туку во зградата?
Просто ко 2 и 2, гледаш камери таму и нема таков настан (каде што се исклучил телефонот) што значи не е грабната таму.
Башка сигналот на телефонот е побрз од обично пешачење. Камери еден куп, дали силби, дали враќаш наназад од каде што идело девојчето (телефонот), и стигнуваш до тоа дека уствари уште внатре е киднапирана. Еве во моментов можеби мислеле дека е со дечко, другарки итн... во тој момент од зградата камерите (и околните) да ги провереле ќе ја виделе и украденава кола. Уствари не е лесно ко 2 и 2, уште полесно е. Или па не лажат за сејф сити.
Имаш капацитет ова да го сфатиш колку е лесно? Па ова за неколку сати се решава што ти го пишав погоре, а не 3 дена после тоа да пишуваш дека по манастири барале. Што е за браво во ситуацијава? Дека после 6-7 дена (откако им избега), распишале потерница?
Сериозен си брат? Од штаб овие што се пуштени овде срам им е тоа да го пишат ти што го пишуваш.
Абе Аце, јас не знам како да ти објаснам дека не е ова вака како што пишуваш. Еве ај објасни како го замислуваш ти ова, јавува некој дека е исчезнато девојче и полицијава одма крева паника, зема да прегледува камери и наоѓа тоа што бара? Прво и основно не е така, второ, ај камерите од сејф сити ок, ама за камерите од околните дуќани, кафичи и останато треба налог за предавање на снимките, па време додека налогот се набави, па време додека се прегледаат снимките... Како го опиша сево ова хахаха, како да е најлесна работа на светот. Ти кажав 400000 пати, грешка има МВР кај ненавремената реакција за Панче од Велес, за Вања изреагираа колку што можеа. И уште еднаш ќе ти кажам, премногу читаш/те дезинформации и шпекулации, деновиве излегоа милион теории и глупоштии и затоа се ствара ваква фама. На почетокот прво се збореше дека кај Броз ја грабнале а уствари нејзе сигналот од телефонот таму и се губи, па после дека пред зграда ја грабнале, па во зграда ја грабнале, па во подрумот од зградата ја однеле, а ниедна не е потврдена од МВР и официјални институции.

Јас на МВР и Спасовски првенствено им замерувам што не дадоа одма прес конференција да кажат што и како, барем да го смират народот колку толку, второ што министерот кога го правеше пресот кажуваше изрази од типот на монструми или дегенерици (нешто во тој стил беше изразот), бараше гасење на партијата на Палчо и слично, нешто што е скроз непрофесионално на НЕЗАВРШЕНА ИСТРАГА. Без разлика што знаат дека Палчо е сторителот такви изрази и епитети се неприфатливи за јавен настап, мора да се заврши целиот процес па потоа да се лепат етикети, зборам ова од официјалните лица, трето што пресот го почна со давање иницијали за сторителот Љ.П., а за 1 и пол минута после тоа да го нарече Палчо и да покаже скриншот од него како е фатен во Турција (ова зборам веќе за вториот прес кога го уапсија Палчо).

Сума сумарум ако не ме сфаќаш да ти поедноставам уште еднаш, последен пат, реков браво за МВР што брзо ја решија работата СО ПАЛЧО и издејствуваа негово апсење, што ако земеш во предвид вакви случаи во регионот историски гледано ретко кој убиец бил фатен за толку краток период, не реков дека МВР е најдобра институција, не реков дека Спасовски е добар министер, зборев за работата во врска со апсењето на Палчо. Е сега, нека заврши истрагата, нека се дознае се, па ќе правиме муабет дали е се ок или не, можеби и ќе си го повлечам зборот и ќе речам дека не сум бил во право, who knows. Поентата е да не се правиме Миленковци и Латаси на незавршена истрага и да не набацуваме од памет некои работи. Ја поштуем што ти мислиш дека заебале работа од МВР, не ја исклучувам таа можност, ама поштувај го и ти моето мислење дека НА ВРЕМЕ ГО ФАТИЈА ПАЛЧО. Толку.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.125
Поени од реакции
20.991

Бубевски: Материјалните докази соодветствуваат со исказите на осомничените за убиството на Вања и Панче
12/12/2023 - 14:34

Главниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски, денеска изјави дека се испитуваат материјалните докази во врска со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, и, како што рече „материјалните докази зборуваат со истиот јазик со кој што зборуваа и осомничените“.

– Во однос на фактите што произлегуваат од целокупниот доказен материјал конечно ќе се произнесеме со обвинение. Истрагата во однос на дејствијата е на тоа ниво на кое што ви кажав и минатиот пат. Се испитуваат материјалните докази и тие зборуваат со истиот јазик со којшто зборуваа и осомничените, изјави обвинителот.

Тој информираше дека се анализираат материјалните докази и се прави целосна ретроспектива на сето тоа што се случувало.

– Тоа ќе биде предмет на описот на обвинителен акт, рече Бубевски.

Во однос на постапката за екстрадиција на првоосомничениот Љупчо Палевски, кој беше упасен во Турција, Бубевски рече дека ОЈО Скопје ги има доставено сите потребни работи за екстрадицијата.

По една недела од истрагата за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, во случајот остануваат шестмина осомничени. Првоосомничениот за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ , Љупчо Палевски – Палчо, во моментов е во притвор во Турција и се чека на неговата екстрадиција. За истите дела се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје, а во притвор се и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи помагал во грабнувањето со тоа што, како што соопштија своевремено надлежните, споделувал информации со останатите осомничени за движењето на неговата ќерка, и Стефан Димковски, возачот кој го возел од Србија до Турција првоосомничениот Палчо.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.
 
Последно уредено:
Член од
3 јуни 2023
Мислења
650
Поени од реакции
2.196
А и муабетиве за прислушкувани разговори и тајни за секој еден лик кој на било кој начин е поврзан со политика...
Имал он снимки и ќе им ги каже на турците па затоа нашиве политичари ќе го заштитат.
Какви се тие снимки и разговори ко прво? Друго, каква корист би имала Турција на пример од тие снимки?
Трето, како тоа кловн како Палчо има снимено разговори а последен пат бил горе у политиката пред 30 години?
Што е тоа Верушевски, Црвенковски и слични ликови што постоеле пред 20 години.
5 гарнитури на власт се сменија и Палчо сеуште имал снимки кои не ги користи за ништо, чекаше да убие дете за да им се заканува со истите.

Абе овие цел серијал прислушкувани разговори ги пуштија у етер и пак изгубија на гласање. Е до толку сме утепани како нација што ништо више не не изненадува ниту пак не приболува кур. Ама ете Палчо го имсл клучот за државава и нејзиното постоење со пуно усб снимки...додека у слободно време се дружи со подпросечни ликови како Кешишев и остала багра мртви луѓе.
Види беше напишано дека може да го задржат за да извадат се од него и да го пратат, не му бега екстрадиција само колку ќе сакаат да го задржат. Тоа што ти како и секој северофиромец си го изврте па напиша некој твои замисли од сосема друго напишано е друго. Добар дел од работите можеш да си ги провериш на интернет ама еве за некои. Верушевски беше тој што го организираше собирањето на бомбите и изнесувањето и ги даде на Заев. Така барем е официјалната верзија на власта и тој е херој официјално. Ако 2015та е пред 20 години за тебе тогаш ок. Какви снимки имал Палчо незнам, знам дека скоро искочи целото досие и таму има кривична пријава за неовластено прислушкување зашто на некој митинг во Прилеп си пуштал.

Политика не пратиш така да нема потреба да ти се објаснува веќе ама за тоа што корист би имала Турција еве речи што корист би имала Грција па не ги екстрадира Горан Грујовски и Никола Бошковски? Ако незнаеш кој се ликовите и што имаат нема потреба да пишуваме реферати. Турција е сериозна држава зашто мислиш дека не сакаат да дојдат до дел од информации што Грција ги има?

Најверојатно си свесен дека ни 0.1% од бомбите не ги слушнавме. 3-4 години како се пишува дека Палчо уценувал бизнисмени со снимките. Клучот од државата сигурно го нема, тие што го оставија да егзистира најверојатно му дале доволно ко да опстојува и прави штета.

Претпоставката беше дека сепак може да извади некоја недела+ или месец плус ама тешко дека ќе избега екстрадиција со оглед дека Турција и ние имаме денес добри врски.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.014
Поени од реакции
55.320
Спасовски на 3тиот ден од исчезнувањето кажа дека пребарувале МАНАСТИРИ И ЦРКВИ ( што значи истрагата ја насочиле кон можно самоволно БЕГСТВО на девојчето од домот) и го барале коритото НА ВАРДАР и ЛОКАЛНИ ПОДРУМИ ( што значи исто истрагата ја вршеле предпоставка за можно САМОУБИСТВО). Значи првите 72 часа МВР ги потрошиле да ја бараат како ИЗБГЕАНА или како САМОУБИСТВО. Трагедија!
Ова ми е последен пат што те цитирам, пошто очигледно си пратен од партија и собираш поенчиња тука, само да ти кажам дека (пошто си тазе член) на форумов се ствара одбивност кон тие што форсираат партиски муабети, и општо кон самата партија што е форсирана.

Друга работа, КОЈ СИ БЕ ТИ, јас, и сите ние рандомци за нас МВР да ни дава детален извештај од истрага која е во тек?
Си слушнал некогаш во животот за лажни информации се со цел да не се компромитира истрагата и тие по кои се трага да не дознаат дека е тргнато по нив?
Требаше ли одма да кажат дека ги бараат овие со цитроениот и кангото, па доека соберат докази (прашање е и дали ќе успеат), овие кои сега се осомничени да избегаат или фино лепо да ги заташкаат доказите кои ги оставиле?

На памет тропаш глупости и ти и Ацо ЦИА, можело да се реши у првиот саат, кур мој. Ти мислиш така е тоа, еј дајте камерите ајде да видиме снимки ко тоа да е јутуб видео од 4 минути.
Влезено им е у трага уште у понеделникот на пладне коа го нашле опожареното возило а тоа што ти и цел штаб си фантазирате дека можеле да ја спасат уште сабајлето, сте у тешка плакатолепачка заблуда.

Срамота и греота е на смрт на 14 годишно дете да собирате ситни поенчиња.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
17 декември 2019
Мислења
1.708
Поени од реакции
2.998
Сериозен си бе брат? Па онда ти си простиот тука. Колку администрација има свесен си?! Башка мислиш дека сè тоа пешки се оди од safe city камерите? Свака част :pos:
Koja administracija be druze? Ti svesen si deka toj sektor tamu Safe City dali 30 dusi broi..
 
Член од
11 декември 2023
Мислења
31
Поени од реакции
37
Абе секако, гта е ова. Саат време после киднапирањето девојчето е убиено. Ни ЦИА не би ја спасила.
Да колата на Панче Жежовски летала изминатите 5 дена, чист пропуст на МВР, за тоа збориме дека можеби ќе се спасеше Вања, а не во еден саат да ја најдат, имале 5 дена една кола да најдат и ништо, они си се возеле 2 дена пред киднапирањето ги има и на камери 2 дена поред како поминуваат низ Маџари.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Какви се тие снимки и разговори ко прво? Друго, каква корист би имала Турција на пример од тие снимки?
Se nadevam deka ne si seriozen kako ti e cudno nekoja stranska drzava da ima interes da poseduva kompromitiracki dokazi za politicar, premier, minister ili funkcioner sto ja vodi drzavata?
Covece, pa toa e son na sekoj razuznuvac...
 
Член од
24 март 2023
Мислења
78
Поени од реакции
163
Системот „Безбеден Град“ го лоцирало возилото на убиениот Панче со кое била киднапирана Вања на 24 и 25 ноември во Маџари и на 27 ноември на најобезбедуваната локација кај хотелот Александар Палас.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.014
Поени од реакции
55.320
Да колата на Панче Жежовски летала изминатите 5 дена, чист пропуст на МВР, за тоа збориме дека можеби ќе се спасеше Вања, а не во еден саат да ја најдат, имале 5 дена една кола да најдат и ништо, они си се возеле 2 дена пред киднапирањето ги има и на камери 2 дена поред како поминуваат низ Маџари.
Полека бе друже, пред 5 минути си регистриран и одма доаѓаш на темава да паметуваш.
Прво, не лажи дека станува збор за 5 дена.
Второ, се освен видео доказ дека колата 2 дена по ред е возена у Маџари, ќе го сметам за чист плакатолепачки ретардиран наратив.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.814
Поени од реакции
15.738
Политика не пратиш така да нема потреба да ти се објаснува веќе ама за тоа што корист би имала Турција еве речи што корист би имала Грција па не ги екстрадира Горан Грујовски и Никола Бошковски? Ако незнаеш кој се ликовите и што имаат нема потреба да пишуваме реферати. Турција е сериозна држава зашто мислиш дека не сакаат да дојдат до дел од информации што Грција ги има?

Најверојатно си свесен дека ни 0.1% од бомбите не ги слушнавме. 3-4 години како се пишува дека Палчо уценувал бизнисмени со снимките. Клучот од државата сигурно го нема, тие што го оставија да егзистира најверојатно му дале доволно ко да опстојува и прави штета.

Претпоставката беше дека сепак може да извади некоја недела+ или месец плус ама тешко дека ќе избега екстрадиција со оглед дека Турција и ние имаме денес добри врски.
излезе и на судењето пред некој месец мислам, дека СТРАНСКА држава ( Грција) преку Мобилниот Оператор вршела на Големо ПРИСЛУШКУВАЊА во оваа Вукојебина..
нашата реакција беше ДА СЕ ЗАСТАРИ Случајот за Прислушкување....
Патем, кога ќе им ПРДНЕ грчки Хакери хакираат дузини субјекти во Протекторатот, но ние ЗВАНИЧНО молчиме, НО ни срам ни перде нема да се напаѓаа без Докази Русија, Кина и трети држави што не се од Западот..
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.808
Поени од реакции
33.646
Не само што е глупо него е и ептен срамно и понижувачки.

Вие што го браните МВР и Спасовски, што првите 72часа барале подруми, реки и манастири, и како било тешко да се прегледаат сите камера. Ќе го прифатев ова да немаа ТОЧНА ЛОКАЦИЈА и ТОЧЕН ВРЕМЕНСКИ ПЕРИОД и ИНТЕРВАРЛ кога девојчето е изчезнато.

Значи излегло од зграда во 7.25, и и се губи траг. Имаат локација и имаат време од кај да почнат да листаат камери. Локација и Време, најбитните фактори за истрага ги имаат!

Да не знаеле каде девојчето било, и каде било упатено и во колку саат исчезнало ќе го прифатам тврдењето дека треба многу време за да се прегледаат камери но тука случајот не е таков. Тука ја грабнуваат пред сама зграда во 7.30ч со две коли, едната СЕ БАРА поради што е пријавена за изчезната. Мислам, без коментар.
Никој не го брани Обиџуко, само за разлика од тебе малку потрезвено и непартиски-обоено размислуваме. Ама еве: од каде ти знаеш дека они не почнале веднаш да листаат камери и од каде знаеш дека не знаеле каде се упатило и со кого уште првиот ден? Немој само да ми кажеш дека е поради тоа што на првиот прес после 3 дена рекле дека пребарувале подруми и Вардар. Замисли што ќе се случеше уште веднаш да кажеа се од истрагата: сега веројатно и другиве четворица ќе беа избегани во странство, ќе чекавме екстрадиции, немаше да има признанија кои се поклопуваат со сите материјални докази, како што денес изјави скопското обвинителство... И уште ќе бевме на почеток на истрагата. Ете, дури и муабетот дека се чекало да помине Самитот на ОБСЕ за да се отворат картите е далеку поверојатен од тоа што цело време се обидуваш да ги убедиш сите тука.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.014
Поени од реакции
55.320
Se nadevam deka ne si seriozen kako ti e cudno nekoja stranska drzava da ima interes da poseduva kompromitiracki dokazi za politicar, premier, minister ili funkcioner sto ja vodi drzavata?
Covece, pa toa e son na sekoj razuznuvac...
А вие сериозно мислите дека Палчо е толку моќен лик и има толку озбилни снимки за една Турција да се заинтересира за него?
Ако Палчо има толку јаки џокери у ракав, до сеа ќе беше на позиција у влада а не да праи подкасти и да иде да копа злато со глупаците.
Демек овие што се на власт и тие што беа пред нив, знаат за палчовите докази и го оставаат слободно да се движи и живее. До сеа 10 пати ќе беше скинат да е стварно така.

Верушевски му дал докази на Заев за да дојде на власт, ама му дал малце и на Палчо за овој да се дружи со Кешишевци, да отвара ретардирани партии, да води подкасти, да бара злато, да рекетира бизнисмени и слично. :D
Верувам.

До пред да го фатат у Турција збореа дека у Минск е, па ќе иде у Москва пошто бил слуга на Путин па еве сеа у Турција пошто знаел што ќе се деси зошто Буревесник така пишал на фб, споредувајќи го со Фетула Ѓулан, политички затвореник.
 
Член од
21 мај 2021
Мислења
710
Поени од реакции
1.522
Системот „Безбеден Град“ го лоцирало возилото на убиениот Панче со кое била киднапирана Вања на 24 и 25 ноември во Маџари и на 27 ноември на најобезбедуваната локација кај хотелот Александар Палас.
Од каде испадна сега овоа? Кој го тврди овоа што си го напишал и како ќе се докаже дека возилото стварно било лоцирано во тие денови?
Автоматски споено мислење:

А вие сериозно мислите дека Палчо е толку моќен лик и има толку озбилни снимки за една Турција да се заинтересира за него?
Ако Палчо има толку јаки џокери у ракав, до сеа ќе беше на позиција у влада а не да праи подкасти и да иде да копа злато со глупаците.
Демек овие што се на власт и тие што беа пред нив, знаат за палчовите докази и го оставаат слободно да се движи и живее. До сеа 10 пати ќе беше скинат да е стварно така.

Верушевски му дал докази на Заев за да дојде на власт, ама му дал малце и на Палчо за овој да се дружи со Кешишевци, да отвара ретардирани партии, да води подкасти, да бара злато, да рекетира бизнисмени и слично. :D
Верувам.

До пред да го фатат у Турција збореа дека у Минск е, па ќе иде у Москва пошто бил слуга на Путин па еве сеа у Турција пошто знаел што ќе се деси зошто Буревесник така пишал на фб, споредувајќи го со Фетула Ѓулан, политички затвореник.
Уште замисли, турската полиција го апси Палчо како некое бездомно куче додека се движел пеш по автопатот(претпоставувам дека они првично не ни знаеле дека е он, едноставно застанале на рутинска проверка затоа што им паднало сомнително) и сега народ глуп сеуште верува дека он е некој многу моќен, па МВР, СДСМ, Верушевски и тајните служби на Македонија сакаат да го заштитат за убиство на дете.
Ете до толку глуп и патетичен народ има во земјава.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom