Абе тебе при цела оваа технологија, камери и што ли не, не ти е малце глупо после 3 дена да излегуваат на прес и да кажуваат дека ја барале по манастири и подруми? Еве налбатски малце, дали не треба после 24 часа да знаат дека не е исчезната пред Силбо туку во зградата?
Просто ко 2 и 2, гледаш камери таму и нема таков настан (каде што се исклучил телефонот) што значи не е грабната таму.
Башка сигналот на телефонот е побрз од обично пешачење. Камери еден куп, дали силби, дали враќаш наназад од каде што идело девојчето (телефонот), и стигнуваш до тоа дека уствари уште внатре е киднапирана. Еве во моментов можеби мислеле дека е со дечко, другарки итн... во тој момент од зградата камерите (и околните) да ги провереле ќе ја виделе и украденава кола. Уствари не е лесно ко 2 и 2, уште полесно е. Или па не лажат за сејф сити.
Имаш капацитет ова да го сфатиш колку е лесно? Па ова за неколку сати се решава што ти го пишав погоре, а не 3 дена после тоа да пишуваш дека по манастири барале. Што е за браво во ситуацијава? Дека после 6-7 дена (откако им избега), распишале потерница?
Сериозен си брат? Од штаб овие што се пуштени овде срам им е тоа да го пишат ти што го пишуваш.
Абе Аце, јас не знам како да ти објаснам дека не е ова вака како што пишуваш. Еве ај објасни како го замислуваш ти ова, јавува некој дека е исчезнато девојче и полицијава одма крева паника, зема да прегледува камери и наоѓа тоа што бара? Прво и основно не е така, второ, ај камерите од сејф сити ок, ама за камерите од околните дуќани, кафичи и останато треба налог за предавање на снимките, па време додека налогот се набави, па време додека се прегледаат снимките... Како го опиша сево ова хахаха, како да е најлесна работа на светот. Ти кажав 400000 пати, грешка има МВР кај ненавремената реакција за Панче од Велес, за Вања изреагираа колку што можеа. И уште еднаш ќе ти кажам, премногу читаш/те дезинформации и шпекулации, деновиве излегоа милион теории и глупоштии и затоа се ствара ваква фама. На почетокот прво се збореше дека кај Броз ја грабнале а уствари нејзе сигналот од телефонот таму и се губи, па после дека пред зграда ја грабнале, па во зграда ја грабнале, па во подрумот од зградата ја однеле, а ниедна не е потврдена од МВР и официјални институции.
Јас на МВР и Спасовски првенствено им замерувам што не дадоа одма прес конференција да кажат што и како, барем да го смират народот колку толку, второ што министерот кога го правеше пресот кажуваше изрази од типот на монструми или дегенерици (нешто во тој стил беше изразот), бараше гасење на партијата на Палчо и слично, нешто што е скроз непрофесионално на НЕЗАВРШЕНА ИСТРАГА. Без разлика што знаат дека Палчо е сторителот такви изрази и епитети се неприфатливи за јавен настап, мора да се заврши целиот процес па потоа да се лепат етикети, зборам ова од официјалните лица, трето што пресот го почна со давање иницијали за сторителот Љ.П., а за 1 и пол минута после тоа да го нарече Палчо и да покаже скриншот од него како е фатен во Турција (ова зборам веќе за вториот прес кога го уапсија Палчо).
Сума сумарум ако не ме сфаќаш да ти поедноставам уште еднаш, последен пат, реков браво за МВР што брзо ја решија работата СО ПАЛЧО и издејствуваа негово апсење, што ако земеш во предвид вакви случаи во регионот историски гледано ретко кој убиец бил фатен за толку краток период, не реков дека МВР е најдобра институција, не реков дека Спасовски е добар министер, зборев за работата во врска со апсењето на Палчо. Е сега, нека заврши истрагата, нека се дознае се, па ќе правиме муабет дали е се ок или не, можеби и ќе си го повлечам зборот и ќе речам дека не сум бил во право, who knows. Поентата е да не се правиме Миленковци и Латаси на незавршена истрага и да не набацуваме од памет некои работи. Ја поштуем што ти мислиш дека заебале работа од МВР, не ја исклучувам таа можност, ама поштувај го и ти моето мислење дека НА ВРЕМЕ ГО ФАТИЈА ПАЛЧО. Толку.